Author: Media Point
Екипата од Македонска Каменица го потврди првото место со убедлива победа (89:63) против Бадел 1862, и трипл-дабл на Кметовска… Со две расположени, за игра, кошаркарки, тешко дека екипата на Бадел 1862 може, барем во овој момент, да биде конкурентна со екипата која ја брани титулата, но и другите трофеи освоени во текот на оваа сезона. Тоа се покажа и во дуелот од седмото коло од „Оролоџото“ односно последното во регуларниот дел од сезоната. Кошаркарките на Баскет Кам 2011 стигнаа до убедлива гостинска победа (89:63), за потврда на првата стартна позиција пред почетокот на плеј-оф натпреварите. Ја најавија уште во првиот…
Празникот Свето Благовештение, меѓу народот познат како Благовец или Благоец, и се смета за тежок празник. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден, поради што се вели: „Благовец, прв Велигден“. Денеска именден празнуваат: Благоја, Блаже, Благојка, Благица, Блага, Благун… Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, но некои го сметаат и за празник Господов. Празникот Благовештение на Богородица е воедно и Господов и Богородичен празник. Господов е бидејќи се однесува на Христа Господа, затоа што беше зачнат во утробата на Богородица, а Богородичен бидејќи се однесува на онаа личност којашто придонесе за зачнувањето и вочовечувањето на Синот Божји.…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.Ј.(72) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешки дела против општата сигурност. На 21.02.2024 во населба Оризари во Кочани, пријавениот го пуштил неговото куче во круг на фабрика, по што тоа нападнало едно лице и му нанело повреди, соопшти полицијата.
Фото: Архива – Возач на автобус, македонски државјанин роден 1965, загинал денеска во сообраќајна несреќа во Италија, а 12 патници, исто така македонски државјани, се полесно повредени, соопшти Министерството за надворешни работи. МНР било информирано од нашата Амбасада во Рим дека на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија се случила сообраќајна несреќа во која учествувал автобус на туристичка агенција од Северна Македонија, при што, како што се наведува „на самото место починал возачот на автобусот – Р. И. (1965) додека полесно повредени се 12 патници, исто така наши државјани“. -Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана…
Целосно е изгаснат шумскиот пожар во село Костин Дол Денеска во село Костин Дол, Македонска Каменица во пладневните часови од 12:30 до 14:30 часот, тројца пожарникари од ТППЕ Македонска Каменица со 1 противпожарно возило и двајца шумски работници, беа вклучени во гаснење на шумски пожар кај месноста Вировите. Пожарот е целосно изгаснат. За вкупно зафатената површина од огнената стихија следуваат дополнители информации.
Купувам двособен стан во Македонска Каменица. Доколку некој има потреба од продажба на двособен стан или познава некој што сака тоа да го направи, молам да ме побара на 071 817 252.
По распишаниот конкурс за хумористична поетска творба по повод 1. Април – Денот на шегата, ЗРА “Пијанечки Глас” ги објави резултатите во категориите за ученици од основни училишта и категорија за возрасни. Во Категорија – ученици од основни училишта: II награда – На прошетка , Бисера Владимировска, ООУ„Кирил и Методиј“ Македонска Каменица III награда – Први април – ден на шеги, Лина Стојковска, ООУ„Кирил и Методиј“ Македонска Каменица III награда – Априли-ли, Стефанија Стефанова, ООУ „Кочо Рацин“ с.Блатец Во категорија за возрасни автори, жири комисијата во состав Миле Ѓорѓијоски, Васил Маневски и Дијана Петрова, не доделија награди за пристигнатите творби.…
Популарниот магазин за гастрономија, Taste Atlas, објави листа на најлошо рангирани македонски јадења, врз основа на оценките на корисниците на оваа страница. Најлоша оценка има кукурек, односно оценето е како најлошо јадење. Најдобра оценка од 10-те најлоши јадења доби симит погачата. Ова е целата листа: 1. Кукурек 2. Чомлек 3. Компир манџа 4. Качамак 5. Ширден 6. Слатко од диви смокви 7. Милиброд 8. Ѓомлезе 9. Полнети пиперки 10. Симит погача Деталното објаснување за секое јадење може да го погледнете ТУКА.
Признавањето на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на останатите сестрински Православни Цркви Извор: Литургија.Мк Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија е прифатена како канонска црква во православниот свет. Нема ниту една помесна православна црква која се противи на канонскиот статус на нашата црква. И оние помесни цркви кои сè уште немаат донесено официјална одлука за статусот на МПЦ-ОА, сослужуваат со неа. Автокефалниот статус, доделен од Српската Православна Црква, го прифаќаат следните цркви: Српска Православна Црква Руска Православна Црква Романска Православна Црква Бугарска Православна Црква Православната Црква на Чешките земји и Словачка (Украинската Православна Црква) Канонски статус, врз…
Кратко известување до пчеларите од Македонска Каменица и регионот од подрачната единица на МЗШВ Делчево, дека од 01. Април започна пописот на презимени пчелни семејства .Пописот се врши во ветеринарните станици.
