Author: Media Point
Фото: Сиропустна недела – прочка Празникот Прочка, или Велики поклади е ден во православното христијанство кога верниците меѓусебно си простуваат пред почетокот на велигденскиот пост. Датумот на Прочка се менува зависно од датумот на Велигден, но секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Прочка е манифест на искрената и пожртвувана љубов кон блиските, кој треба да го следи примерот за благосостојба, примирје и прошка помеѓу луѓето. Целта и смислата на празникот е да го истакне проштевањето како дело на љубовта, а љубовта е основа на христијанското живеење. Проштевањето е резулататот на љубовта кон најблиските. Тоа е израз на љубовта,…
Донација од верниците во Македонска Каменица за потребите на храмот “Успение на Пресвета Богородица”
На иницијатива на свештенството и црковниот одбор на Светиот храм “Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица, за кратко време, е реализирана идејата за набавка на средства и материјал за потребите на храмот. – Голема благодарност до верниот народ на Македонска Каменица, кој само за неколку денови, донираа доволно средства за набавка на нови прекривки за светиот престол, жртвеникот и нова завеса на дверите на храмот ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменицa, – истакнуваат од Делчевско – каменичката епархија Активностите на Делчевско – каменичката епархија во Македонска Каменица се случуваат во континуитет. Реставрирана е фреската со Пресвета Богородица од…
Очекуваниот животен век на жителите на ЕУ е 80,6 години, соопшти Еуростат. Проценката е направена врз база на податоци во 2022 година, според кои животниот век на граѓаните на ЕУ е продолжен за пет месеци во однос на 2021, но е е за девет месеци покус од предпандемискиот период во 2019 година. По избувнувањето на пандемијата COVID-19, овој индикатор се намалил на 80,4 во 2020 година и на 80,1 година во 2021 година. Во 2022 година, очекуваниот животен век во ЕУ се зголемил, но се уште не ја достигна вредноста од 2019. Регион во ЕУ со најдолг животен век е…
На 14.03.2024 во 13.00 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека на локален пат во село Моштица, Македонска Каменица патничко возило „опел корса“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од С.И.(79) од Македонска Каменица излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициското одделение Македонска Каменица.
Во сабота на 16. Март 2024 година, во училишниот двор на ОУ “Гоце Делчев” во Виница, со почеток во 11:30 часот, ќе се одржи кампања за одговорно и безбедно детство во град Виница. “Дизајнирај го својот БЕЗБЕДЕН СВЕТ. Дојди и КРЕИРАЈ го твојот сообраќаен знак!” е пораката која група на засеганати граѓанки од Виница ги повикуваат граѓаните и учениците да дојдат, заеднички да се организираат и да ги застапуваат правата на децата за безбедно движење кон и од училиште. Цел на овој настан е да се апелира за зголемување на безбедноста на учениците надвор од училишните згради. Активноста…
Во сабота, од 17.часот, во Македонска Каменица следува репризата на полуфиналниот Куп-дуел помеѓу нашата екипа ЖКК Баскет Кам и паланечката ЖКК Крива Паланка. Второто полуфинале се репризира во Скопје, помеѓу екипите на Вардар, кој ќе биде на „поправен испит“ со МЗТ Скопје Овој викенд на програмата од Првата лига-жени се натпреварите од 4. коло од т.н. Оролоџо“. Сите четири натпревари од групата „А“ ќе се играат во саботните термини. „Отворањето“ е во Македонска Каменица, каде од 17.часот, ќе игра нашата екипа Баскет Кам 2011 и на Крива Паланка. Овој дуел е практично репризирање на оној полуфиналниот кој пред две недели…
СОУ “Миле Јаневски Џингар” го одбележа Меѓународниот ден на математиката (International Day of Mathematics), познат уште и како „ПИ-ден“ Македонска Каменица, 15. Март 2024 година – Со одлука на УНЕСКО од 2020 год денот на “Пи” е прогласен за Меѓународен ден на математиката и се слави во целиот свет. – По повод Меѓународниот ден на математиката, во нашето училиште беше изработена презентација од страна на Михаела Стојковска и Евгенија Лазаревска, ученички од II a клас и презентирана од страна на ученичките Анастасија Гоцевска, Магдалена Ѓорѓиевска, Елена Ристова и Ирена Атанасова од III a клас. Оваа активност беше реализирана под менторство…
Повик до членовите ловци од ЛД “М.Каменица – Саса” за учество на редовна хајка на дивеч во недела Во недела, на 17. Март 2024 година, ЛД ,,М.КАМЕНИЦА-САСА” од Македонска Каменица организира редовна хајка на дивеч без заштита која, со претходен договор и барање на ловците ќе се одржи кај Паламарско маало, во село Тодоровци. – Зборно место ќе биде пред селската продавница “Кај Ѓако” во 06:30 часот. Ловењето на полезен дивеч, како и ловење на друга локација на ловиштето е строго забрането. Дозволата за лов е задолжителна, истата на сите ловци учесници ќе им биде издадена на самото зборно место,…
„Филитеа“ отвори нов премиум ресторан во Штип На задовоство на сите од регионот, „Филитеа“ го отвори својот трет ресторан, втор во Штип, на местото на поранешниот „Лонгуров“. Сопственикот Орце Николов очекува успех, но пред се, има за цел во својот ресторан да бидат задоволни сите посетители. – Очекувањата се како прво гостите да дојдат и да пробаат од тоа што се нуди. Сакаме да понудиме пријатен амбиент, пријатна атмосфера, да покажеме едно врвно ниво на угостителство. Мислам дека во Источниот регион ваков ресторан од ваков вид не постои. Очекувањата за самите гости, сами ќе кажат кога ќе не посетат, секако…
Тројца виничани завршија во притвор, со дрва и цевки брутално претепале две жени Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против три лица од виничкото село Трсино, за кои постои сомнение дека во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз две жени и притоа им нанеле телесни повреди. „Додека оштетените биле во дворот од нивната куќа, тројцата мажи ја прескокнале оградата од дворот и се упатиле кон нив, држејќи во рацете тврди предмети – дрва и цевки. Жените се скриле во помошен објект, но осомничените ги извлекле и започнале да ги удираат, нанесувајќи им телесни повреди, а предизвикале чувство…
