Author: Media Point

МВР: Налепниците NМК мора да се земат во станица за технички преглед – само така ќе бидат евидентирани Деновиве граѓаните кои треба добијат нови налепници на регистарските таблички на возилата се во недоумица дали тоа мора да го направат во станиците за технички преглед или може да купат налепници по цена од 100 денари и да ги залепат самите. Од МВР за Либертас објаснија дека сепак табличките мора да се земат во станиците затехнички преглед, да ги залепи вработен во станицата бидејчи само така може да влезат во соодветна евиденција на МВР. -Налепниците со ознака НМК граѓаните треба да ги…

ПОВЕЌЕ ...

Претседателот на Собранието Јован Митрески попладнево ги распиша претседателските и парламентарните избори 2024. Првиот круг од претседателските избори се закажани на 24 април, додека вториот круг ќе се одржи заедно со парламентарните избори на 8 мај. – Денеска, во согласност со мојата уставна надлежност и уставно предвидените рокови, ги потпишав решенијата за распишување на изборите за претседател на Република Северна Македонија и за пратеници во Собранието. Како што е познато, првиот круг од седмите претседателски избори во земјава ќе се одржи на 24 април 2024 година, додека вториот изборен круг за претседател ќе биде во ист ден со гласањето за…

ПОВЕЌЕ ...

Граѓаните продолжуваат да остават свои работи и да губат денови по шалтерите на МВР, за да ги менуваат личните документи со новото име на државата. Некои, како што известува телевизијата АлсатМ велат, велат дека дошле од дијаспората да средат документи, земале неплатено отсуство и потрошиле стотици евра. Замената на возачките дозволи и сообраќајните до крајот на оваа година ќе бидат бесплатни за сите граѓани. Исто така за патните листи по амбасадите нема да се наплаќаат . НМК налепницата на регистарските таблички е задолжителна, а меѓународниот МКД код на сообраќајните дозволи е важечки и не се менува. Собранието го измени законот…

ПОВЕЌЕ ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ј.М.(66) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 04.02.2024 во с.Бигла, пријавениот физички го нападнал Н.А. и му одзел мобилен телефон.

ПОВЕЌЕ ...

Претекнување на возило е причината за несреќата што се случи денеска на патот Кочани – Штип, а во која загинаа две лица, а седум се повредени, информира Основното јавно обвинителство. Јавен обвинител изврши увид на лице место на несреќата и издадени се повеќе наредби за утврдување на причините за несреќата. На увидот присуствуваше и вешто лице од областа на сообраќајот, а според првичните сознанија до несреќата дошло при претекнување, стои во соопштението на ОЈО. Издадена е наредба за прибирање траги од лице место, за обдукција на телата на починатите, наредба за испитување на примероци од крв и урина од учесниците…

ПОВЕЌЕ ...

Две жртви и повредени лица има во тешката сообраќајна несреќа која се случи денеска во 12.42 часот на експресниот пат Штип-Кочани во близина на селото Чешиново. Ова за МИА го потврди портапролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.

ПОВЕЌЕ ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.К.(38) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „полово вознемирување“ и „злоупотреба на лични податоци“. Пријавениот, во периодот од 25.12.2023 до 16.01.2024 на социјални мрежи објавил и со други лица споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка, од кои дел биле со експлицитна содржина, а кои ги направил додека живееле заедно, соопшти полицијата.

ПОВЕЌЕ ...

Деца.мк во соработка со „Светот на Биби“ ги објави трите најдобри детски репортажи што собраа најмногу лајкови на страницата деца.мк. На нивниот повик за изразување на детската креативност преку пишување кратка репортажа, како што истакнуваат од деца.мк одговориле голем број основци, кои се потрудиле да ја опишаат омилената дестинација во Македонија. Неколку од нив привлекоа најмногу читатели, а тоа се следните три: Кратка репортажа: Зимски распуст во Македонска Каменица на нашата млада и креативна сограѓанка, Лина Стојковска Детска репортажа: Зимски распуст на Голак на Ена Цинцовска Кратка репортажа: Зимски распуст во Скопје на Најла Шемовиќ Честитки до првонаградената Лина Стојковска од Македонска…

ПОВЕЌЕ ...

Во сабота, на 10-ти февруари, кога светата православна црква го празнува споменот на преподобниот Ефрем Сирин, на покана на игуменот на манастирот во Конџељ, Нишка епархија, а по повод неговиот именден, Неговото Преосвештенство епископот Делчевско-каменички г. Марко, во храмот “Успение на Пресвета Богородица” беше отслужена Света Божествена Литургија во присуство на игумени од околните манастири и бројно свештенство. Следниот ден 36-та Недела по Педесетница, епископот Делчевско-каменички г. Марко, на покана на игуменот на манастирот во Суково, отец Серафим, богослужеше и проповедаше за време на Светата Божествена Литургија. Како што истакнуваат од делчевско – каменичката епархија, на Богослужбата присутен беше многуброен…

ПОВЕЌЕ ...

Ново зголемување на платите во Рудник САСА – четврто во изминатите две години  Македонска Каменица, 10 февруари 2024 – Менаџерскиот тим на Рудник САСА донесе одлука за ново зголемување на платите на сите вработени, кое почнува да важи од јануарските плати. Во изминатите две години ова е четврто зголемување на платите во САСА. Со претходните три покачувања, направени во 2022 и 2023 година, платите во САСА беа зголемени за над 25%. Со оваа одлука, САСА успеа да го надмине влијанието на растот на цените и животните трошоци врз благосостојбата на своите вработени, коишто беа особено изразени во текот на 2022…

ПОВЕЌЕ ...