Граѓаните продолжуваат да остават свои работи и да губат денови по шалтерите на МВР, за да ги менуваат личните документи со новото име на државата.
Некои, како што известува телевизијата АлсатМ велат, велат дека дошле од дијаспората да средат документи, земале неплатено отсуство и потрошиле стотици евра.
Замената на возачките дозволи и сообраќајните до крајот на оваа година ќе бидат бесплатни за сите граѓани.
Исто така за патните листи по амбасадите нема да се наплаќаат . НМК налепницата на регистарските таблички е задолжителна, а меѓународниот МКД код на сообраќајните дозволи е важечки и не се менува. Собранието го измени законот со кој возачките дозволи со старото државно име ќе важат до нова година, но само за внатрешна употреба. Со стара дозвола и лична карта, сообраќајот е дозволен само во земјите од регионот, како што се Косово, Албанија и Србија, а земјите од ЕУ не прифаќаат без „Северна“.
Аднан Ќаили

