Author: Media Point
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени, информираат од Управата за хидрометеорлошки работи. Од понеделник ќе имаме сончево со натпросечно топло со мала умерене локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер. Минималната температура ќе биде од – 5 додека максималната ќе биде до 20 степени. Утрово најниската температура е измерена во Берово -8 па следуваат Попова Шапка, -6 Скопје-Петровец, Битола, Крушево, Маврови Анови, -5 Струмица, Демир Капија, Крива Паланка, Штип,…
Македонска Каменица, 02. Февруари 2024 година – Во борбата за опастанок во Втората фудбалска лига, екипата на ФК Каменица Саса од Македонска Каменица, полека и сигурно, го гради тимот за претстојниот пролетен дел од натпреварувачката 2023/24 сезона. Каменичкиот второлигаш денеска, во клубските простории ги претстави новите засилувања Дарко Алексовски и Мартин Димоски, или попознати по прекарите Пеле и Робен. – Дојдовме со цел да помогнеме во борбата за опстанок на ФК Каменица Саса. Се надеваме дека со нашето повеќегодишно фудбалско искуство, ќе успееме да ги исполниме клубските очекувања за продолжување на второлигашкиот фудбал во вашиот град. Како поранешни фудбалери…
Како тринаесетта кратка репортажа на Конкурсот објавен од Деца.Мк се објавени текстот и фотографиите на 10-годишната Лина Стојковска од Македонска Каменица. Лина Стојковска таму пишува за нејзиниот роден град, нашата Македонска Каменица. Откријте ги нејзините доживувања преку текстот насловен како “Моето мало, а убаво родно гратче”: Лина Стојковска е ученик во V б одделение при ООУ ,,Св. Кирил и Методиј“ Македонска Каменица. Како член на Новинарскиот клуб „Клуб Инф Медиум“ кој работи и функционира во рамки на училиштето, Лина учествуваше на Конкурсот за избор на најдобра кратка детска репортажа во организација на Деца.мк и „Светот на Биби“. Најлајкуваните ќе добијат…
Налепниците со ознака НМК за регистарските таблици ќе чинат најмногу 50 денари Извор на веста: Fokus 01.02.2024 Согласно Преспанскиот договор, по 12 февруари возилата со регистарски таблици МК ќе треба да имаат налепници со ознака НМК. Се работи за симболичен трошок, односно како што соопшти МВР, налепниците ќе чинат од 30 до 50 денари. Цената на налепниците е објавена на 3 јануари во Службен весник, а ќе се продаваат најверојатно во станиците за технички преглед на возила. Испораката на налепниците тече согласно договорот со економскиот оператор кој е избран на тендер, додаваат од МВР.
Секој четврток и недела продолжуваат забавите во „Филитеа“ Бидете дел од најдобрата забава во пица ресторан “Филитеа” – Кочани! Вечерва, четврток Љупче Митев во пица – ресторан Филитеа. Одлична храна и добра музика – Пицерија Филитеа Кочани. 01. Февруари (четврток) 20:30ч. Највкусните пици и пастрамајлии во градот за вистински љубители на храна, единствено во„Филитеа“. Богато мени и голем избор на бургери, скара, поховано, стек во сос, ладни сендвичи и десерти.
На 31.01.2024 во Кочани,полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода И.И.(28) од Кочани затоа што околу 23.00 часот во угостителски објект во Кочани физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против И.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На покана на надлежниот епископ на Делчевско-каменичката епархија на ден 12/30 февруари по повод празникот посветен на ,,Светите Три Ерарси”, ќе се отсужи Света Божествена Литургија во храмот ,,Успение на Пресвета Богородица” во Делчево. По тој повод го известуваме верниот народ и го повикуваме на поголема присутност во храмот со цел да се зголеми велелепието на овој празник. На Богослужбата ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на епископот Стобиски г. Јаков и епископот Делчевско-каменички г. Марко.
Актуелниот шампион се врати на првото место на табелата со убедливиот триумф над најголемиот конкурент (77:58) Екипата на Баскет кам 2011 се врати на првото место на табелата откако го доби дерби дуелот на 12. коло против Вардар. И тоа со убедливи (77:58), за ефект од десет победи и два порази, но и подобра кош-разлика во однос на најголемиот конкурент за првата стартна позиција во доигрувањето за титулата. По релативно изедначеното прво полувреме во кое сепак екипата од Македонска Каменица имше предност од (33:22), дилемите околу конечниот победник на дербито ги снема во третиот период. Оној во кој актуелниот шампион…
Добредојде за Радица Велкова – новото фудбалско име и новиот мотор во средниот ред на каменичкиот женски фудбалски клуб Каменица САСА. – Станува збор за стандардна репрезентативка на Македонија и за досегашната најдобра фудбалерка во редовите на ЖФК Тиверија од Струмица. Официјално, сега е во нашите редови и Велкова е нашето екстра засилување во зимскиот преоден рок, – истакнуваат од ЖФК Каменица САСА за искусната и квалитетната Радица Велкова од која очекуваат сигурност во играта и нападот на теренот. Со среќа Радица, заедно до нова шампионска титула на ЖФК Каменица САСА!
Општина Македонска Каменица ги тековните градежни активности за изградба на локалниот пат до маало Катанци во село Дулица, со кои ја потврдува определбата за создавање на пристојни и современи услови за живот на сите жители во заедницата. – Реконструкцијата на локалниот пат во село Дулица – маала Катанци во вкупна должина од 950 метри, претставува решавање на повеќедецениски проблем на жителите на село Дулица, на кои сериозно им беше отежнат пристапот до своите домови особено во услови на обилни врнежи од дожд и снег, – вели градоначалникот на општината, Димчо Атанасовски кој додава дека овој проект покрај градежните активности за…
