Author: Media Point
Бидете дел од најдобрата забава во градот!!!! Стара Нова година во пица ресторан „Филитеа“, заедно со Акорд бенд. Резервирајте го вашето место на време, резервациите се во тек. 120 денари од стол, а со тоа следува лепче со паричка, а за среќниот добитник следува награда. Одлична храна и добра музика – Пица-ресторан „Филитеа“ Кочани, 13.01.2024(сабота) 20:30 ч. Направете ја вашата резервација на 070/922-100. Највкусните пици и пастрамајлии во градот за вистински љубители на храна, единствено во „Филитеа“. Богато мени и голем избор на бургери, скара, поховано, стек во сос, ладни сендвичи и десерти. Ве очекуваме и ви гарантираме одлична забава.
Четири лица потешко повредени во сообраќајка на Пониква Четири лица се здобиле со потешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што околу 1 часот по полноќ се случила на патниот правец од Кочани кон Пониква, во близина на месноста Аеродром. Патничко моторно возило со штипски регистарски ознаки излетало од коловозот во бездна длабока десетина метри. Во возилото се превезувале две момчиња и две девојки од Штип на кои веднаш им била укажана медицинска помош, а поради сериозноста на повредите се пренесени во Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од Полициската станица од Кочани.
Ако некогаш се прашувавте колку во светот е застапено вашето презиме, одговорот е тука. Сајтот “Forebears“ кој има база од околу 11 милиони презимиња може да ви го открие овој податок. Освен што ќе ви открие колку луѓе со вашето презиме живеат во одредена земја од светот, овој сајт дава и информации за тоа кои се најпопуларните презимиња во некоја држава. Доколку сакате да дознаете каде го има вашето презиме кликнете тука и внесете го презимето во полето за пребарување. Во Македонија, најпопуларното презиме е Стојановски, а целата листа со најчести презимиња во Македонија може да ја погледнете тука.
Градоначалникот Атанасовски го донираше новото и современо технички модерно опремено возило за потребите на Итната медицинска помош набавено од Општина Македонска Каменица Градоначалникот Атансовски денеска го донираше новото, современо и технички модерно опремено возило за потребите на Итната медицинска помош во Македонска Каменица – како најнова инвестиција на локалната самоуправа за подобрување на ресурсите и капацитетите на Здравствената станица во нашиот град. – Верувам дека новото возило значително ќе ги подобри можностите за реагирање и ќе осигура побрз пристап до квалитетна медицинска помош за граѓаните на Македонска Каменица. Со напредната технологија и комплетната медицинска опрема, новото возило од типот Фиат…
Православните христијани го слават Божиќ – празникот на Христовото раѓање Православните верници кои го почитуваат јулијанскиот календар денеска го слават Божиќ, Христовото раѓање, како празник чие основно значење е семејното собирање, дружењето и потсетувањето на основните човечки вредности. Првиот ден од Божиќ е ден на радост на раѓање, обновување на животот, додека вториот ден се поминува во свечено, тивко домашно расположение, а во црквите се служи благодарствена литургија на Богородица. Вообичаено е луѓето да се поздравуваат со „Христос се роди“ и „Навистина се роди“, а празникот Христовото раѓање изобилува со многу други обичаи од кои најпознат е полагањето на бадниковото…
За православните христијани денеска е Бадник, денот кога се собира семејството на трпеза, на која освен храна има и бадниково гранче, кое претставува симбол на светлината и топлината на домот и на сите членови на семејтсвото. Бадниковата вечера треба да нè потсети на тоа колку е важно семејството и слогата во него. Утре е Божиќ, еден од трите најголеми празници, кога, според христијанското верување, е роден Синот божји, Исус Христос. Според стариот јулијански календар се раководат Ерусалимската патријаршија, Македонската православна црква, српската, руската, грузиската црква и Света гора. Божиќ е семеен празник и се одбележува во домовите и црквите. На…
Градоначалникот на Општина Македонска Каменица го објави почетокот на изградбата на улица Јаков и улица Новопроектирана. Станува збор за улици во централното градско подрачје, со вкупна должина од приближно 300 метри. Новата 2024 година, како што истакнува градоначалникот Атанасовски во објавата, ќе биде година на сериозни градежни активности особено во делот на инфраструктурата.
Црвени налепници за автомобилите со најлоша емисија, забрана за возење кога воздухот е загаден За брзо решавање на проблемот со загадувањето не се потребни милиони и не се потребни години, туку е потребна храброст и решителност на тие што ги водиме божем за државни функцонери. Загадувањето со честички ПМ ниту е проблем што не се надминува, ниту е проблем што не е надминат. Градови во Европа со многу повеќе жители, возила, индустрија, сообраќај, објекти во изградба, од Скопје, Тетово, Битола, Кичево, а по ново и Штип, го надминале проблемот, со тоа што одлучно зафатиле таму каде што е вистинскиот извор…
ФК Академија САСА Македонска Каменица го најави учеството на Зимскиот фудбалски камп – Дојран 2024. Можат да се пријавуваат момчиња и девојчиња до 13 годишна возраст. Пријавувањето трае до 10. Јануари. – Зимскиот фудбалски камп Дојран 2024 ќе се одвива во периодот од 25 до 28 јануари. Вклучува тренинзи во четири денови на стадионот Дојранско езеро, со три ноќевања во хотел “Истатов”, – истакнуваат од ФК “Академија САСА”. Многу дружење, учење и нови знаења за лично и тимско подобрување во фудбалската игра. Зимскиот фудбалски камп се реализира во соработка помеѓу ЖФК Каменица САСА и ФК Академија САСА! Повеќе информации за…
Жителите на Македонска Каменица ќе добијат нов дигитален рендген апарат – донација од Рудник САСА Во рамки на својата континуирана поддршка на локалната заедница, Рудник САСА и групацијата Централ Азија Металс донесоа одлука за реализација на донација која треба да придонесе за подобрување на здравствените услуги за жителите во општина Македонска Каменица. Со најновата донација вредна над 80 илјади евра, што се реализира преку Фондацијата на Рудник САСА, ќе се набави најсовремена опрема за дигитална радиографија – рендген апарат и ќе се постави во Здравствената станица во Македонска Каменица. Со Договорот за донација што го потпишаа директорот…
