Author: Media Point

Oд два до четири денари поскапуваат цигарите и разни други тутунски производи поради измените на законот за акцизите донесен во октомври годинава. Законот предвидува усогласување на акцизната стапка кај цигарите со минималната акцизна стапка во ЕУ, како и изедначување на учеството на вкупната акциза на цигарите во просечна малопродажна цена со онаа пропишана во директивата на ЕУ. Дополнително, во Предлог законот се предвидува доуредување на членовите од Законот за акцизите во делот на алкохолот. Оваа измена произлегува од директива од 29 јули 2020 година за усогласување на структурите на акцизите за алкохол и алкохолни пијалаци. Имено, од 1-ви јануари 2024-та…

ПОВЕЌЕ ...

Спортското планинарско алпинистичко друштво Царев Врв – Руен најавува изненадувања за Божиќниот викенд за голем број дечиња од Македонска Каменица – Во тек се подготовки на Новогодишни пакетчиња кои ќе бидат поделени за време на Божиќниот викенд на голем број дечиња на територијата на Македонска Каменица, – објавуваат од СПАД Царев Врв – Руен Додаваат дека ова треба да биде мотив плус за помладите да ги сакаат природните убавини, да ја чуваат животната средина и поттик за градење љубов кон планините и планинарењето. СПАД “Царев Врв – Руен” е спортско друштво од Македонска Каменица, кое во изминатиот период…

ПОВЕЌЕ ...

Деа Стојковска е првото родено бебе во Новата 2024 година во Македонска Каменица Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски денеска упати честитка до родителите Глорија и Дени од семејството Стојковски за нивната прва рожба. Во честитката стои: Почитувани сограѓани, Со неизмерна радост, изразувам најискрени честитки до семејството Стојковски за нивната новородена Деа – првороденото дете во нашата Општина во Новата 2024 година. На родителите, мајката Глорија Сугарева Стојковска и таткото Deni Stojkovski , им честитам на најблескавиот благодет во нивното семејство. Нека малата Деа им биде непресушен извор на радост и среќа, да ги исполнува со бескрајни…

ПОВЕЌЕ ...

На 01.01.2024 полициски службеници од Македонска Каменица го лишиле од слобода Д.С.(57) од Македонска Каменица, затоа што, според пријавеното, со ловечка пушка му нанел прострелни рани на Д.Ј.(39) од Македонска Каменица, додека бил на лов со повеќе лица во с.Пресека, кочанско. По документирање на случајот против Д.С. ќе биде поднесена кривична пријава. Извор: Дневен билтен на МВР

ПОВЕЌЕ ...

Цената на струјата за домаќинствата од денеска се намалува за 5,16 отсто за прв блок, за втор блок и за евтината тарифа останува иста, за трет блок поскапува за 2,88, а за четврт блок за 1,86 отсто при што цената за секој блок е збир од цена за активна електрична енергија плус мрежарина. Тоа, според претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимоски, го овозможи воведувањето на надоместокот за пристап до мрежа од 200 денари месечно што од почетокот на годинава ќе го плаќаат сите корисници. Во спротивно…

ПОВЕЌЕ ...

7 евра за влез во ЕУ ќе се плаќа од 2025 Правилата за влез во земјите од Шенген зоната утврдени со Европскиот систем за информации и овластувања за патување (ЕТИАС), што требаше да стапат во сила на почетокот на 2024 година, според најновите најави од ЕУ ќе почнат да се променуваат кон средината на 2025 година, најверојатно од мај. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, согласно правилата на ЕТИАС околу 1,4 милијарди државјани на над 60 земји на кои не им е потребна виза за влез во ЕУ за престој во период до 90 дена, вклучително и…

ПОВЕЌЕ ...

Физичка пресметка меѓу две лица, едното на 70-годишна возраст се случила вчера вечер во Македонска каменица. -На 29.12.2023 во 20.53 часот било пријавено дека во клуб на пензионери во Македонска Каменица по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Р.(70) и Д.А., двајцата од Македонска Каменица, соопшти Министерството за внатрешни работи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР. Извор: Дневен билтен на МВР

ПОВЕЌЕ ...

Галуп Интернешенел: Само петина од Македонците очекуваат 2024 да биде подобра од 2023, светот стравува од војни и економски тешкотии Извор: biznisvesti Само 20 проценти од граѓаните во земјава очекуваат 2024 година да биде подобра од 2023 (светскиот просек е 39%), 34 отсто сметаат дека ќе биде полоша (светскиот просек е 26%), а 40 проценти дека ќе биде иста како годинава (светскиот просек е 28%), покажува традиционалното глобално истражување на Галуп интернешенел „Крај на годината“, кое во РС Македонија го спровела БРИМА во периодот од 1 до 22 декември со анкетирање лице-в-лице на 1203 испитаници. Во регионот, Косово (68%) и…

ПОВЕЌЕ ...

ЕЛЕНА ТАСЕВСКА ОД БАСКЕТ КАМ – НАЈДОБРА МАКЕДОНСКА КОШАРКАРКА ЗА 2023 ГОДИНА Експлодираше, онака играчки, кога беше најпотребно, во натпреварите кои носат шампионска титула. Одигра скоро беспрекорно во оние плеј-оф серии преку кои Баскет Кам, екипата за која игра, го врати шампионскиот сјај.

ПОВЕЌЕ ...

ЗЛАТКО ГОЦЕВСКИ – НАЈДОБАР ТРЕНЕР ВО ЖЕНСКА СЕНИОРСКА ЕКИПА ЗА 2023 ГОДИНА Во својата единствена сезона како тренер на Баскет Кам, поранешниот младински и сениорски репрезентативец на Македонија, ја однесе екипата до титулата во домашното првенство.

ПОВЕЌЕ ...