Author: Media Point
Повторно се појавија лажните СМС пораки за кои наводно пристигнуваат од Македонска пошта. И пред неколку месеци имаше една ваква слична појава каде најпрво беше реагирано на социјалните мрежи за подоцна телефонските оператори да ги блокираат овие броеви. Малку е нејасно како телефонските оператори дозволуваат оваа појава да се повторува, а граѓаните да бидат постојано мета на вакви измами. За оние кои што не знаат на вашиот мобилен телефон ви пристигнува порака со линк од наводниот сајт на Македонска пошта која е речиси идентичен со оргиналниот што значи дека некој многу се потрудил да ја направи оваа измама поуверлива. Линкот…
Празнична агенда во пица – ресторан „Филитеа“ Бидете дел од најдобрата забава во градот!!! Одлична храна и добра музика – Пица-ресторан „Филитеа“ Кочани од денес па се до 05.01.2024год. со празнична агенда само за Вас. Направете ја вашата резервација на 070/922-100. Резервациите за 01.01.2024 и 13.01.2024 се во тек закажете го вашето место навреме. Највкусните пици и пастрамајлии во градот за вистински љубители на храна, единствено во „Филитеа“. Богато мени и голем избор на бургери, скара, поховано, стек во сос, ладни сендвичи и десерти. Ве очекуваме и ви гарантираме одлична забава. *Маркетинг (МедиаПоинт/Каменица.Мк)
Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за капацитетите на итната медицинска помош во земјава. Според истражувањето, во земјава недостигаат вкупно 52 екипи за итна медицинска помош за да може да се задоволи барем законски пропишаниот минимум на тимови што треба да ги има еден медицински центар во зависност од бројот на жители што ги опфаќа. „Најмногу тимови, 18 недостигаат во Скопје, додека Битола има 4 повеќе од минимум потребните. Дури половина од 33-те здравствени центри имаат помалку тимови од потребните. Во моментов во земјава вкупно има 258 тимови за итна медицинска помош и овој број наместо да се зголемува,…
Времето денес ќе биде сончево со мала облачност, претежно тивко и релативно топло. Претпладне по котлините ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени на целата територија на Македонија. Во Македонска Каменица сончево со можност за мала облачност и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне 14 степени.
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.3 е регистиран рано изутрината во 03 часот и 26 минути. Епицентарот бил на 20 километри северо-западно од Скопје, во Косово, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Земјотресот е почувствуван од населението во околината на градот Скопје, со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.
На 22.12.2023 во 20.30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во Општа болница во Кочани, во безсознание бил донесен 16 – годишен малолетник Х.Д., каде и покрај укажаната лекарска помош и реанимација тој починал, а смрт констатирал лекар. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Советот за развој на Источно плански регион, покрај другите важни одлуки за Источниот регион од дежавата, донесе важна одлука и за нашата општина. Станува збор за одлука, со која практично ќе започнат активностите за реконструкција на кровот и фасадата на детската градинка “Бамби” во Македонска Каменица, – соопшти денеска градоначалникот на општина Македонска Каменица, по завршувањето на 14. Седница на Советот за развој на ИПР одржана во Виница. Исто така, на седницата се презентираа концепт решенијата, како фаза четири од начинот на организирање и спроведување на регионални консултации – форуми за утврдување на Предлог- листа на проекти за развој на…
Општина Македонска Каменица обезбедува директна поддршка за работата на месните заедници во руралните средини преку изградбата на објекти за потребите на заедниците. За таа цел, како што истакна градоначалникот Димчо Атанасовски, се градат повеќе нови објекти, кои ќе бидат во функција на месните заедници во неколку селски и приградски средини во Македонска Каменица. Објектот во село Дулица е целосно изграден, продолжуваме со изградба на останатите објекти. – Со изградбата на овој проект, ние како локална самоуправа придонесуваме за подобрување на условите за живеење во село Дулица. Општина Македонска Каменица ќе продолжи со изградба на вакви проекти и во иднина, -…
Започна едукативниот дел од Проектот „ОТВОРИ ОЧИ И СО ПАМЕТ! ВО СООБРАЌАЈОТ НЕ СИ САМ“ Со презентација за учениците од основното и од средното училиште во Македонска Каменица, на возраст од 14 до 18 години, започна реализацијата на едукативната компонента од локалниот проект за подигнување на јавната свест и зголемување на безбедноста во сообраќајот, што е резултат на соработката меѓу Рудник САСА, Општина Македонска Каменица и Министерството за внатрешни работи. Целта на ваквите едукативни презентации кои ги спроведуваат вработени во Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи – Штип, е запознавање на младите жители од локалната…
ООУ ” Св. Кирил и Методиј “ од Македонска Каменица објави дека пристигнаа новите стандардизирани клупи и столчиња за потребите на учениците. – Пристигнаа новите клупи и столчиња во живописни бои, кои пред се ги набавивме за дополнителна мотивираност на учениците, зголемена проактивност при воспитно-образовниот процес и подобрена удобност при престојот во училиштето, – истакнуваат од училиштето – Почетокот на образовниот процес има огромно значење за секој ученик, особено развивањето на емпатијата и љубовта кон просторот каде го воспирема знаењето. Затоа ваквите активности и во иднина мора да бидат наш приоритет во работењето. Ние како институција ќе продолжиме посветено да…
