Author: Media Point

ЕД „Здравец 2002“ започна реализација на проектот „Центар за донација“ во Македонска Каменица Македонска Каменица, 15. Декември 2022 година – Еколошкото друштво „Здравец 2002“ го најави почетокот на реализацијата на проектот „Центар за донација“ кој содржи повеќе активности како Донација на стара облека (Од граѓаните за граѓаните на општина Македонска Каменица); Донација за техника за домаќинствата од социјално ранливата категорија (компјутери, бела техника и намештај); Социјални пакети за лица од социјално ранливата категорија (Од претпријатијата за граѓаните). Со отпочнувањето на активностите од проектот ќе обезбедиме и поголема социјализација и стекнување на работни навики кај лица со посебни потреби,…

ПОВЕЌЕ ...

Избрани 24 творби од ликовниот конкурс за детски цртежи за 2023 година Поради големиот број ликовни творби кои оваа година се пријавија на конкурсот за детски цртежи поврзани со работењето на рудникот и неговото значење за семејството и заедницата, Рудник САСА одлучи двојно да го зголеми бројот на цртежи кои ќе бидат искористени како новогодишни илустрации. Од вкупно 138 ликовни творби кои беа пријавени на годинешниот ликовен конкурс, наместо 12, колку што беше претходно планирано, направен е избор од 24 цртежи кои ќе бидат искористени како илустрации за календарите на САСА за 2024 година. Како и минатата…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 14. Декември 2023 година – Во Македонска Каменица синоќа заврши првото издание на фестивалот посветен на првиот македонски печеатар „Јаков од Камена Река“. Во рамки на фестивалот чиј организатор е здружението „Надеж – Норе“ од Македонска Каменица се одржа натпревар во краснопис наменет за ученици од основните училишта, а беше организирана и изложба на познатиот македонски карикатурист Јордан Ѓорчев, како и изложба на „Часосоловот“ на Јаков од Камена Река. Претставникот од здружението „Надеж – Норе“, Влатко Ситновски истакна дека Јаков од Камена Река е величина сама за себе, како прв печатар на кирилица во светски рамки, кој е…

ПОВЕЌЕ ...

Рудник САСА продолжува со поддршката за одржливост на рибниот фонд на езерото Калиманци Македонска Каменица, 13. Декември 2023 година – Благодарение на тековната финансиска поддршка што ја обезбедува Рудник САСА, Здружението на риболовци – Спортски клуб „Шаран“ набави дополнителна количина риба за порибување на езерото Калиманци. Во оваа прилика извршено е порибување на езерото со околу 2000 килограми крап. Активноста е дел од повеќегодишната соработка помеѓу САСА и здружението „Шаран“, преку која рудникот обезбедува финансиска поддршка наменета за набавка на рибен подмладок и порибување на езерото Калиманци. Дополнителни финансиски средства се донираат и за набавка на потребната опрема…

ПОВЕЌЕ ...

Од 1 јануари, во сметките за струја ќе се воведе нова давачка за пристап до мрежа. Како што кажа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски, со оваа давачка ќе плаќаат повеќе оние кои имаат викендици или повеќе станови кои не ги користат. Во месечната фактура, освен цената на електрична енергија и цената за мрежарината во која што влегува пренос и дистрибуција, ставката за дистрибуција ќе се раздвои и со потставка пристап до мрежа. „Станува збор за порано употребуваниот фер принцип за сијалично место – пристап до мрежа. Практично, тоа значи дека најголем број потрошувачи ќе добијат пониски…

ПОВЕЌЕ ...

Истражувањето спроведено во шест земји на ЕУ покажува дека членството на Северна Македонија во ЕУ го поддржуваат 26 отсто, додека 27 отсто се против. Поддршката за пристапување е најмала за Косово и изнесува 20 отсто, додека 37 отсто се изјасниле дека земјата треба да стане дел од Унијата, за Албанија односот е 24 отсто „за“, 35 отсто „против“, Србија (25 отсто „за“, 35 отсто „против“) и Грузија (25 отсто „за“, 31 отсто „против“) Европејците се генерално отворени кон идејата за приклучување на Украина во Европската Унија (ЕУ), и покрај трошоците и ризиците, но во најдобар случај нивното расположение е „млако“…

ПОВЕЌЕ ...

Вечерва „Даниел и Дарко“ во пица – ресторан „Филитеа“ – Кочани Бидете дел од најдобрата забава во градот!!!! Вечерва Даниел и Дарко во пица – ресторан „Филитеа“. Одлична храна и добра музика – Пица-ресторан „Филитеа“ Кочани, 10.12.2023 (недела) 20:30 ч. Направете ја вашата резервација на 070/922-100. Највкусните пици и пастрамајлии во градот за вистински љубители на храна, единствено во „Филитеа“. Богато мени и голем избор на бургери, скара, поховано, стек во сос, ладни сендвичи и десерти. Ве очекуваме и ви гарантираме одлична забава.

ПОВЕЌЕ ...

СВР Штип во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево, а координација со Основното јавно обвинителство Штип комплетно го расчистија и документираа случајот пријавен од директорката на основно училиште Карбинци за наводен обид за грабнување на ученичка, при што е утврдено дека нема елементи на кривично дело соопшти Министерството за внатрешни работи. – Веднаш по добивањето на пријавата полициски службеници излегоа на терен, преземени се низа оперативно-тактички мерки и дејствија во координација со Јавен обвинител од штипското обвинителство,…

ПОВЕЌЕ ...

За подвигот на нашата Матеја Владимирова – на свои 15 години успеа да постигне над 20 кошови на сениорски прволигашки натпревар Покрај одличните игри и постигнатите резултати во младинските лиги, нашата млада сограѓанка Матеја Владимирова успешно се етаблира во сениорското друштво на шампионскиот тим на ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица. 15 годишната Матеја Владимирова, во последното коло против ЖКК Струга, одигра фантастичен и успеа да постигне дури 21 поен, што можеби е најдобар личен скор за така млада и перспективна кошаркарка во рамки на македонското женско прволигашко клубско натпреварување. Со победата над Струга со 99:51, ЖКК Баскет…

ПОВЕЌЕ ...

Претреси во Кочани: Пронајдена дрога, приведени тројца дилери На 06.12.2023 полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани ги лишиле од слобода И.В.(26), А.Р.(24) и Б.А.(22), тројцата од Кочани. При извршен претрес од полициски службеници во домовите и помошните простории на И.В. А.Р. и Б.А., по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од канабис и таблетки, соопшти МВР. По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВЕЌЕ ...