Author: Media Point

Денес Македонската православна црква го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец, најпознатиот меѓу повеќето ученици на Светите браќа Кирил и Методиј. Именден празнуваат: Климент, Климе, Климентина… Македонската православна црква со посебно внимание но и со гордост го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец. Првиот македонски архиепископ во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, (црковно, просветно, книжевно итн.) тој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.…

ПОВЕЌЕ ...

Извештајот на Народниот правобранител од 2022 година, покажува дека втора година по ред опаѓа бројот на административците во земјава и тој е намален за речиси 3800 лица. од друга страна според овој извештај во 2022 имало помалку вработени Македонци. „Во 2022 година постои намалување на бројот на вработени лица и на збирно ниво, тој е намален за 3722 лица во споредба со минатата година. Во однос на минатата година, оваа година на збирно ниво забележано е намалување на бројот на вработени кај мнозинската заедница и тоа за 0.9 отсто. Кај албанската заедница, забележано е зголемен број на вработени…

ПОВЕЌЕ ...

Заврши реконструкцијата на инсталациите за водовод, канализација и противпожарна хидрантска мрежа во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Македонска Каменица Македонска Каменица, 07. Декември 2023 година – Заврши целосната реконструкција на инсталациите за водовод, канализација и противпожарна хидрантска мрежа во каменичката деветолетка. – Комплетно е променета цела водоводна и канализациона мрежа, како и надоградена противпожарна хидрантска мрежа во основното училиште, – истакна директорот на каменичката деветолетка, Виктор Георгиевски дополнувајќи дека во училиштето се поставени нови плочки, лавабоа, чешми во сите училници, писоари на сензор во тоалетите, нови вц шолји и казанчиња во сите тоалети, како и нови тушеви и болјери во…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 06. Декември 2023 година – Од Здружението „Надеж – Норе“ ни пристигна известување, во кое со големо жалење објавуваат дека Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ – Македонска Каменица, настан кој што требаше да се одржи, утревечер на 07. Декември, е одложен поради убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Со длабоко сочувство и поддршка кон семејството на Вања, во овие тешки и тажни моменти за нацијата полни со срцепарателен бол, со извинување бараме разбирање од заедницата за одлуката на одложување на настанот. Се надеваме дека истиот ќе можеме да го одржиме во следен термин, во четврток на…

ПОВЕЌЕ ...

На 04.12.2023  во 11.10 часот во ОВР Кочани Л.П.(58) од Кочани пријавила дека на 27.11.2023 околу 10.00 часот на ул.,,Славчо Стојменов“ во Кочани била касната  од куче скитник. На 04.12.2023 во 11.30 часот во ОВР Кочани Б.Ѓ. пријавила дека на 29.11.2023  околу 09.05 часот на ул.,,Скопска“ во Кочани била касната  од куче скитник.

ПОВЕЌЕ ...

Како што јавува штипската телевизија Стар ТВ утрово се случил обид за киднапирање на две деца пред Основното училиште “Страшо Пинџур” во Карбинци. Киднаперите кои дошле со автомобил, марка “Голф” на скопски регистарски таблички, биле спречени во обидот насилно да ги внесат децата во автомобилот од страна на останатите ученици и вработените во училиштето. Во моментот инспектори од СВР Штип се наоѓаат на местото на настанот. Видео:1701773969470_fb_video_1701773984227_1701773984228 Извор (линк до веста): СтарТВ

ПОВЕЌЕ ...

Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ Македонска Каменица започна со претставување на добитниците на признанија во областа на печатарската дејност, промоцијата на македонската култура, литература и книжевност. Признание за придонес во литературата за деца ќе добие писателот за деца и млади, Киро Донев. Роден е 1942 година во село Моноспитово, Струмичко. Член на Друштвото на писатели на Македонија од далечната 1970 година. Неговиот богат авторски опус опфаќа четириесетина книги за деца и млади: збирки раскази, поезија, романи, сликовници, како и повеќе ТВ и радио драми за деца и млади. Целиот свој работен век го минува во Редакцијата на „Детска радост“…

ПОВЕЌЕ ...

Обвинителството ќе бара притвор за татко и на Вања бидејќи смета дека им кажал на напаѓачите кога неговата ќерка ќе биде сама на патот кон училиште. Неговите информации ги искористиле останатите четворица осомничени кои во понеделникот, рано наутро ја грабнале Вања уште пред да излезе од влезот на зградата Мотивот наводно била информација дека мајка и на Вања продала стан и дека детето може да биде искористено за од неа да се изнудат пари.  Вања е однесена во атарот на селото Бразда, каде и била убиена околу 2 часа по киднапирањето. Зошто го убиле детето ако планирале да го користат…

ПОВЕЌЕ ...

Огромен интерес за натпреварот во Краснопис помеѓу учениците од II до IX одделение во ООУ “Св. Кирил и Методиј”, одржан во рамки на Меѓународниот фестивал “Јаков од Камена Река” – првиот македонски печатар. Свечената фестивалска вечер ќе се одржи во четвррок на 07. Декември 2023 година, со почеток од 18:00 часот, во Домот на култура во Македонска Каменица. – Имавме две категории на натпреварувачи, една за ученици од одделенска настава и другата за учњниците од предметната настава. Тука, учениците ја демонстрираа вештината во пишување, препишувајќи ја песната ,,Денови,, од Кочо Рацин, – стои во објавата од училиштето, од…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица е домаќин на првиот Меѓународен фестивал организиран во чест на Јаков од Камена Река – првиот македонски печатар Македонска Каменица е домаќин на првиот Меѓународен фестивал „Јаков од Камена Река“ каде ќе бидат доделени наградите на годинешните добитници за придонес во печатарската дејност, печатењето, графичкиот дизајн, издавањето на книги, промоција на Македонската култура и Македонска Каменица на домашно и меѓународно ниво. Фестивалската вечер ќе се одржи во четврток на 07. Декември, со почеток од 18:00 часот, во Домот на култура во Македонска Каменица. По тој повод, огранизаторот на  фестивалот Здружението „Надеж – Норе“ упатува покана до граѓаните на…

ПОВЕЌЕ ...