Author: Media Point
Како што информира пишаниот медиум Слободен Печат (slobodenpecat.mk), таткото на убиената Вања Ѓорчевска е на распит во полициска станица во врска со убиството на неговата ќерка чие тело беше пронајдено вечерва во Скопје, дознава „Слободен печат“. По Вања се трагаше од понеделникот, кога мајката на пријави дека исчезнала во Дебар Маало одејќи кон училиштето, а полицијата и ЈО вечерва открија дека Вања е убиена околу 10 часот, неполни три часа по исчезнувањето. За убиството на Вања за тројца е побаран притвор, а еден е во бегство. Во недостиг од повеќе детали и официјална прес-конференција на МВР и на Јавното обвинителство,…
МВР и Јавното обвинителство вечерва соопштија дека по преземени активности во околината на Скопје е пронајдено телото на 14- годишната Вања Ѓорчевска. Според сознанијата од истрагата и соопштението на МВР телото на Вања е пронајдено во близина на скопското село Орман . Вања била убиена уште истиот ден кога била киднапирана , во понеделникот на 27. ноември. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица. Сите петмина се од македонска етничка припадност, соопшти Обвинителството. Од с. Орман…
Вечерва „Акорд бенд“ во пица – ресторан „Филитеа“ Бидете дел од најдобрата забава во градот!!!! Вечерва Акорд Бенд во пица – ресторан „Филитеа“. Одлична храна и добра музика – Пица-ресторан „Филитеа“ Кочани, 03.12.2023 (недела) 20:30 ч. Направете ја вашата резервација на 070/922-100. Највкусните пици и пастрамајлии во градот за вистински љубители на храна, единствено во „Филитеа“. Богато мени и голем избор на бургери, скара, поховано, стек во сос, ладни сендвичи и десерти. Ве очекуваме и ви гарантираме одлична забава. (МедиаПоинт Маркетинг)
13 годишното исчезнато девојче од Кочани e пронајдено, објави утрово Телевизија Стар повикувајќи се на информации од СВР Штип. – На (02.12.2023) во 21.30 часот во Полициската станица Кочани З.Н.(32) од Кочани пријавила дека нејзината малолетна ќерка Б.Н.(13) која на 01.12.2023 беше пријавена дека се оддалечила од домот е пронајдена во Кочани од oд страна на нејзиниот татко, известуваат од СВР Штип, пренесува TV Star.
Македонскиот тим фризери освои златен пехар на Интернационалниот Golden hair Festival што од 28 до 30 ноември се одржа во Анталија на кој имаше учесници од 30 држави. Шестмината „величенствени“ што ја претставуваа Македонија: Февзи Али, Ирена Стојковска, Саид Есад, Весна Предарска, Снажана Столевска и Катерина Несторовиќ, се презадоволни од настапот. – Немам зборови што направивме за нашата Македонија. Со мај број луѓе дојдовме, но во сите категории се натпреварувавме. Им благодараме на нашите спонзори кои со нивните препарати безрезервно ни помогнаа да имаме потрошувачки материјали. Покажавме дека Македонија е мала држава, но може да даде се од себе да…
На 01.12.2023 во 09.15 часот во Полициската станица Кочани, З.Н.(32) од Кочани пријавила дека на 27.11.2023 од домот се оддалечила нејзината ќерка Б.Н.(13). Според пријавеното, набргу потоа, таа испратила порака на родителите да не ја бараат и дека ќе оди во странство. Малолетничката неколку пати досега се оддалечувала и враќала во семејниот дом. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Приведени се пет лица поврзани со исчезнувањето на 14-годишната Вања Синоќа доцна во ноќта се работеше исто така интензивно, имаме приведено 5 лица и обезбедено едно возило со коишто се продолжува понатаму работењето. Тоа е нешто плус што го преземавме во однос на сето она како доказ или трага, со цел да дојдеме до целосно расчистување на овој случај, изјави Спасовски Пет лица се приведени доцна синоќа поврзани со случајот на исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, истрагата има напредок, но во интерес на истрагата не може повеќе да се дадат информации, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, додавајќи…
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возач на ауди, констатирани во болницата во Кочани“, информира полицијата. Дваесет и седум годишниот С.Л. од село Костин Дол, општина Македонска Каменица е тешко повреден во несреќа која се случила на авто плац во Кочани. -На 30.11.2023 во 23.02 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на авто плац на ул.„Гоце Делчев“ во Кочани, патничко моторно возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано С.Л.(27) од с.Костин Дол, општина Македонска Каменица, удрило во паркирани возила, сопственост на Д.Ј. (41) од Штип, информира МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се…
Започна затвореното градско шаховско првенство на Македонска Каменица во машка и женска конкуренција, за сениори и младинци Македонска Каменица, 01. Декември 2023 година – Шаховскиот клуб „Каменица Саса“ го објави почетокот на затвореното шаховско првенство на Македонска Каменица. – Меѓусебното натпреварување по принципот “секој со секој” ќе го даде првакот на Македонска Каменица за 2023 година, – истакнуваат од клубот, посакувајќи им спортска среќа на сите шахисти учесници. Пријавувањето за затвореното градско првенство беше до 25. Ноември. Натпреварите продолжуваат во понеделник на 04. Декември, кога со почеток од 17.00 часот, ќе се одигра следното коло од првенството.
