Љубовта и поддршката кон нашата ФК САСА се шири и кај општествено одговорните компании од регионот Македонска Каменица, 06. Ноември 2023 година – Преку соработка со реномираната компанија за превоз на патници „Метак Транс“ од Виница www.metaktrans.mk, успеавме да овозможиме донација на фудбалска опрема за нашиот Фудбалски клуб Каменица Саса, – велат членови од навивачката група „Стара Гарда Багери“ од Македонска Каменица Членовите на „Стара Гарда Багери“ истакнуваат дека ќе продолжат со ваквите активности за придонес кон клубот и додаваат дека се надеваат оваа донацијата од „Метак Транс“ како општествено одговорна компанија од Виница, ќе помогне да…
Author: Media Point
ФК Каменица Саса од Македонска Каменица, заедно со останатите 15 клубови од Втората фудбалска лига на Македонија добија вкупно 640 фудбалски топки. Фудбалските топки се произведени по највисоките стандарди на ФИФА и сите се со дизајн на ФФМ. – „Со новата акција наменета за клубовите од МФЛ и нашите национални тимови, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ја потврдува важноста за поддршка на сите клубови во сите конкуренции од натпреварувањата организирани од ФФМ. Ќе се обидеме и во иднина да им ја дадеме целосната поддршка и помош на клубовите кои придонесуваат за развој на фудбалот во Македонија, „Ќе се обидеме…
Минимално намалување на цените на горивата по полноќ Од вечерва по полноќ за половина денар се намалува цената на бензинот, додека цената на дизел горивото и на нафтата за домаќинствата се намалува за 1 денар. Максималните цени на горивата по полноќ ќе изнесуваат:Моторен бензин Еуросупер БС – 95 81,00 (денари/литар)Моторен бензин Еуросупер БС – 98 83,00 (денари/литар) Дизел гориво Еуросупер БС (Д-Е V) 80,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 80,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС …
Ремито на ЖФК Каменица САСА во Струга го доближи ЖФК Љуботен на само бод разлика од лидерската позиција Во сабота, на 04. Ноември, се одигра редовното 10. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија. Лидерот на табелата, екипата на ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица имаше исклучително тешко гостување во Струга. И покрај многуте постигнати голови, по 5 на двете страни, екипите на АСС Јунајтед и ЖФК Каменица САСА ги поделија бодовите. Овој би рекле несреќен резултат за девојките од Македонска Каменица, го искористи ривалот и претендент за лидерската позиција, екипата на ЖФК Љуботен од Тетово. Победувајќи ја струмичка…
Семејството Спасевски од делчевско село Илиово е едно од ретките млади семејства кои се занимаваат со сточарство и се задоволни од тоа што го работат. Живеејќи во прилично чиста средина чуваат крави, кози и живина, произведуваат млеко и задоволни се од навремената исплата на субвенциите. Во период кога има услови активно собираат и печурки, со што дополнително го зголемуваат семејниот буџет, кој иако се невработени со сопругата, според кажувањата на младиот Томчо Спасевски, им е доволен за убав живот на село. Сепак, оваа идилична слика за младиот брачен пар ја нарушува еден проблем кој се провлекува во последните неколку години,…
Македонска Каменица, 04. Ноември 2023 година – Денеска, на Градскиот стадион во Македонска Каменица екипите на ФК Каменица Саса и ФК Охрид одиграа натпревар од редовното 11. Коло на Втората фудбалска лига на Македонија со нерешен резултат од 1:1. – Пожртвувана и борбена игра на сите поединци на теренот. Тешкиот и влажен терен за игра, спречи конкретна реализација на неколку наши изгледни шанси во вториот дел од натпреварот, за претворање на иницијативата во ново водство и победа, – истакнаа по натпреварот од ФК Каменица Саса Стрелец на голот за водство на ФК Каменица Саса беше Сашо Дуков во 15 минута…
Супер-дербито мораше да го одлучуваат судиите, решија дека кошот на Баскет Кам на истек на време не важи, остана победа за Вардар (64:62) Со преглед на ТВ снимка од страна на официјалните лица, и минимални (64:62) за Вардар против Баскет Кам 2011, заврши големото дерби на првиот круг од натпреварите во Првата лига-жени ВАРДАР – БАСКЕТ КАМ 2011 64:62 По изедначената прва четвртина која заврши со минимална предност за Вардар (18:17), домашната екипа заигра уште подобро во втората, и успеа да обезбеди солидно водство на полувремето (37:29). Но не се задоволија со тоа избраничките на тренерот Александар Ашаданов. Напротив, по…
На 02.11.2023 во 14.00 часот во Полициската станица Берово, жена од Берово пријавила дека од училиштето во кое учел нејзиниот малолетен син била информирана дека на социјална мрежа биле пуштени експлицитни фотографии од нејзиниот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Според измените на Законот за акцизите, кои пратениците ги усвоија на 3 октомври, цигарите, пурите, несогорливите тутунски производи и течноста за електронски цигари, треба да поскапат од следната година и тоа за 5 денари по кутија. Дел од најпродаваните цигари добија нова цена која е поскапа за дури 10 денари. Трговците се изненадени од потегот на дистрибутерите, кои без најава пред еден ден им доставиле нови ценовници. Пред еден месец медиумите се истрчаа со најавата дека ќе има ново поскапување на тутунските производи, што потоа експресно беше демантирано, бидејќи акцизата ќе се зголеми дури на први јануари. Добиј ги најважните…
Православните христијани утре ја одбележуваат Митровденската задушница во чест на душите на мртвите. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души. Според верувањата, во саботата пред верскиот празник Митровден, верниците се сеќааваат на упокоените. Задушница е ден кога според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење) итн. Прочитај повеќе: ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ од…
