Author: Media Point
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против З.Ѓ.(47) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Пријавениот, на 07.10.2023 на социјална мрежа објавил коментар со кој ширел омраза.
ВИДЕО ОД ГОЛОТ ЗА ВОДСТВО НА МАКЕДОНИЈА ТУКА Фудбалската федерација на Македонија се огласи по вчерашниот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Англија (1:1) и им се заблагодари на навивачите и поддржувачите на македонската репрезентација. -Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини пред натпреварот најави дека сите ќе имаат можност да видат каква е репрезентацијата на Македонија и какви се нашите навивачи. Беше во право, тоа беше вечер со која сите можеме да се гордееме! Горди сме што за мечот Македонија – Англија беше продадена и последната достапна влезница, што покажува дека Федерацијата правилно ја утврди цената на билетите. Исклучително сме среќни…
Македонска Каменица, 21. Ноември 2023 година – Општина Македонска Каменица објави дека е завршена изградбата на пешачки тротоар долж улицата “28-ми Август”. – Со изградбата на овој тротоар со должина од приближно 300 метри, се решава повеќедецениски проблем со безбедноста на пешаците во сообраќајот и непрописното паркирање кон кејот на Каменичка Река, – изјави градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски. Во согласност со сообраќајниот проект за безбедност во сообраќајот го реализираме во соработка со Рудник САСА и Министерството за внатрешни работи, започнавме изградба на пешачки тротоар и на улица “Осоговска”, во непосредна близина на детската градинка “БАМБИ”. Со ова…
Денеска е голем и тежок христијански празник Свети Архангел Михаил кој секоја година се слави на 21 ноември, а по народното верување, тоа е затоа што кога светците си ги делеле улогите, Архангел Михаил добил есенско и зимско време на зима и зимски тешкотии. На овој ден именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка… На овој ден според народните преданија треба да им се помогне на сиромашните и немоќните, да им се даде храна и пиење, а и да им се упати топол збор. За сета ваша добрина светецот ќе ве награди со ислушување на…
На 19.11.2023 во Полициската станица Кочани било пријавено дека околу 15.30 часот во дворот од семејната куќа на Д.Р.(38) од Кочани влегле четири лица, од кои две се однесувале агресивно и фрлале тврди предмети кон него и членовите на неговото семејство. По пристигањето на местото на настанот, полициските службеници пукале во воздух, по што лицата се дале во бегство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Жителите на село Моштица мака мачат со добитокот пуштен на слободна испаша во атарот на селото Жители од село Моштица повторно пријавуваат појава на крупен добиток пуштен на слободна испаша во атарот на селото. Оваа појава според кажувањето на мештаните се случува подолг временски период, особено во последниот месец, кога настанатата штета врз засадените култури и овошните насади е од поголеми размери. „Повеќе грла на крупен добиток, секојдневно се напасува без надгледување од стопан. Страдаат градинарските култури, како и овошните насади. Не е ретка појавата кога сме приморани самите да го отстрануваме добитокот од нашите дворови“, -…
Екипата од Македонска Каменица стигна до важна победа на свој терен против екипата на Куманово-Гризли (85:70). Домашниот тим имаше две одлични четвртини, првата и третата. Во првите десет минути обезбеди двоцифрено водство (23:13), кое го задржа до одморот (47:37), за по третиот период се да биде јасно околу конечниот победник. Поентерски, кај Баскет Кам 2011, во преден план излезе една комплетна петорка во која Димова беше стрелец на 24.поени, Поп Димитровска и Максимовска дадоа по 15, Адамовска 14, а Тасевска уште 12.поени. Во гостинската екипа 23 поени беа дело на Американката Џонсон, додека Алексиќ додаде уште 13.
Шаховскиот клуб Каменица Саса, објави повик за пријавување на шахисти кои ќе учествуваат на затвореното првенство на Македонска Каменица во машка и женска конкуренција, за сениори и младинци. – Пријавувањето за затвореното градско првенство ќе трае до 25. Ноември, истото може да се изврши во просториите на клубот и кај претседателот Лазо Стаменковски, – истакнаа од Шаховскиот клуб Натпреварите започнуваат од 01. Декември 2023 година, со почеток од 17.00 часот.
На 18.11.2023 во 23.25 часот во Полициската станица Берово Б.П.(57) од с.Будинарци, беровско пријавил дека околу 11.00 часот неговиот син Г.П.(29), кој бил со нарушено здравје се оддалечил од нивниот дом. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
„ОТВОРИ ОЧИ И СО ПАМЕТ! ВО СООБРАЌАЈОТ НЕ СИ САМ“ – Проект на Рудник САСА, Општина Македонска Каменица и МВР за поголема безбедност во сообраќајот По повод 19. Ноември, прогласен од Обединетите Нации за Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи, рудникот за олово и цинк САСА, во партнерство со Општина Македонска Каменица и Министерството за внатрешни работи, започнува со реализација на Проект за подигнување на јавната свест и зголемување на безбедноста во сообраќајот. Основен мотив за започнување на ваков проект беше зголемениот број сообраќајни несреќи кои се случија во изминатите неколку години во кои беа повредени…
