Author: Media Point
Македонскиот актер Мето Јовановски почина денеска на 77годишна возраст, објави актерот Драган Спасов Дац на својот Фејсбук профил. Јовановски е роден во 1946 година, а својата прва улога ја има во филмот „Македонскиот дел од пеколот“ по што остварува важни улоги во бројни играни филмови и ТВ серии во Македонија но и во регионот (Трст виа Скопје; Опстанок; Тетовирање, Пред дождот; Трето полувреме…) Добитник е на бројни награди на фестивали, но и на државни награди.
Нападната екипа на ЕВН при извршување на работни задачи во Кочани На 15.11.2023 во 15.00 часот во Полициската станица Кочани, Г.Д.(56) од Виница пријавил дека во населбата „Трајаново трло“ во Кочани, при извршување работни задачи во ЕВН, три лица физички нападнале негов колега, со метален предмет му се заканиле нему и ги спречиле во извршување на задачите. За случајот бил запознаен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани. Се работи на расчистување на случајот.
Градоначалникот Атанасовски го потпиша најавениот Меморандум за соработка со здружението на македонските бранители “Братство 2001” – Денеска, во рамки на втората работна средба со сограѓаните – бранители на Република Македонија од здружението “Братство 2001”, потпишавме Меморандум за соработка. Со ова, сакаме да ги зајакнеме релациите помеѓу бранителите и Општина Македонска Каменица, како и можност каде ќе понудиме конкретни решенија и акции за подигање на нивниот статус како национални херои, – истакнува Атанасовски Во продолжението од текстот на соопштението, Атанасовски ја потенцира лична заложба за поддршка кон оваа група граѓани и додава дека се надева на плодна соработка, со…
При подготовки за погреб внук забележал повреди кај неговата тетка На 14. Ноември 2023 година, во 11.23 часот, С.Џ.(36) од Кочани, во СВР Штип пријавил дека при подготовка за погреб на неговата тетка Н.Џ.(50) од Кочани биле забележани повреди по телото. Од СВР Штип информираат дека се реземени мерки и активности од полициски службеници, запознаен е јавен обвинител и по негова насока телото на починатата било дадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.
Македонската државна химна ќе се интонира еднаш неделно на почетокот на работната недела во основните и средните училишта, како и пред секоја седница на Советот на Општина Кочани. Паралелно со тоа, во училиштата во кои има техничка можност, на јарбол ќе се подига и државното знаме. Едногласна одлука за ова беше донесена на денешната седница на општинскиот Совет, по одделни предлози на двајца советници, со образложение дека со овој чин се оддава почит кон државните обележја и кон татковината. -Сметам дека со интонирањето на химната, секој понеделник пред почетокот на наставата во училиштата, ќе им овозможиме на најмладите да стекнат…
Епископот г. Марко одржа прво Свештеничко собрание на Делчевско – каменичката епархија Како што стои во краткото соопштение од Делчевско – каменичката епархија, вчера на празникот Св. бесребреници Козма и Дамјан, епископот г. Марко заедно со свештенството на Делчевско-каменичка епархија, за прв пат одржа свештеничко собрание. – На состанокот се прочитаа, некои важни одлуки со кои се поставија раководните тела. Потоа се разговараше, за понатамошните активности на епархијата, како и за тековните проблеми со кои се соочуваат свештениците, – се вели во соопштението
ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ТППЕ МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ВЕЖБА ЗА СПАСУВАЊЕ ВО СОУ “МИЛЕ ЈАНЕВСКИ ЏИНГАР” – На ден 16.11.2023 година , во четврток, ТППЕ Македонска Каменица со почеток од 11:00 часот, ќе изведе тактичко-показна вежба ЕВАКУАЦИЈА И СПАСУВАЊЕ НА ЛИЦА ОД ПОЖАР ЗАТЕКНАТИ ВО ЗАТВОРЕНА ПРОСТОРИЈА И ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАР СО НАДВОРЕШЕН НАПАД во СОУ “Миле Јаневски Џингар” во Македонска Каменица, – стои во текстот на известувањето од ТППЕ Македонска Каменица Од таму, предупредуваат и информираат дека ќе биде вклучена и користена звучна и ротационата сигнализација на Противпожарните возила, кои ќе бидат составен дел од вежбата.
Минималната плата од март 2024 година ќе биде 22.500 денари, објави министерот за економија Крешник Бектеши. Во моментов, минималната плата изнесува 20.175 денари. „Од март 2024 година, најниската плата во земјава минимум 22.500 денари! Двојно поголема од минималната плата во 2017 година“, објави министерот Бектеши. Минималната плата се усогласува секој март и предвид се земаат пресметките на Државниот завод за статистика за трошоците за живот и порастот на просечната плата.
Општина Македонска Каменица го објави почетокот од изградбата на дел од улица “28-ми Август” – Започнвме со изградба на дел од улица 28-ми Август и пристапна улица до новоизградениот мултифункционален Спортски комплекс. Улицата е со вкупна должина од околу 400 метри. Ги поврзува Паркот “Младост” и Кејот на Каменичка Река со Спортскиот комплекс, каде во иднина целосно ќе биде доуреден урбаниот простор во овој дел од градот, – истакнува грсдоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски
Од утре задолжително поседување на зимска опрема Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“ (Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и 191/18), и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19, 302/20 и 122/21), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31…
