Author: Media Point
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.Д.(62) од Делчево, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба“. Пријавениот, во својство на основач и управител на правно лице, во периодот од мај 2021 до мај 2023, во повеќе наврати ја злоупотребил својата службена положба и овластување, на тој начин што по претходно спроведени јавни набавки и склучени два договора со општина Делчево за шинтерски услуги, за фаќање и хуман третман на кучиња скитници на подрачјето на Општина Делчево за период од една година, изготвил 11 фактури со невистинита содржина во кои впишал невистинити…
Македонска Каменица, 08. Ноември 2023 година – Во Македонска Каменица за прв пат ќе се одржи Меѓународен фестивал од областа на културата посветен на првиот македонски печатар, Јаков од Камена Река насловен ,,Јаков од Камена Река – Печатарска дејност низ примзата на книжевноста и ликовната уметноста” Фестивалот е во организација на Здружението на граѓани “Надеж – Норе” од Македонска Каменица, со поддршка од Општина Македонска Каменица и КИЦ ,,Романса” кои на заедничка прес конференција која денес се одржа во Домот на културата во Македонска Каменица најавија дел од активностите, кои ќе се организираат во рамки на фестивалот. -Во рамките на…
ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ ГО ЧЕСТВУВААТ ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК СВЕТИ ВЕЛИКОМАЧЕНИК ДИМИТРИЈ СОЛУНСКИ Свети великомаченик Димитриј Солунски е роден во градот Солун од благородни и благочестиви родители. Измолен од Бога од бездетни родители, Димитриј бил син единец, заради што бил воспитан и однегуван со големо внимание. Татко му бил војвода солунски, па кога умрел татко му го поставиле Димитриј за војвода, наместо неговиот татко. Пријателот на царот Максимијан, царот Диоклецијан, во 303 година наредил уривање на сите цркви и спалување на светите книги, одземање на граѓанските права, честа и заштитата на христијаните, а ослободените робови, доколку продолжеле со исповедање на…
Детската градинка “Бамби” и библиотеката “Крсте Петков Мисирков” го одбележаа Месецот на книгата – Започнавме со спроведување на активности за одбележување на Месецот на книгата. Денеска, заедно со дечињата, работевме сликање на корица од омилената сказна, – стои во објавата на социјалните мрежи од ЈОУДГ “Бамби” Македонска Каменица Исто така, вработените во библиотеката “Крсте Петков Мисирков” во Македонска Каменица, која работи во склоп на ЈЛБ “Илинден” – Делчево, донираа книги за збогатување на библиотечниот фонд во нашата градинка. Упатуваме благодарност до библиотеката ,, Крсте Петков Мисирков” во Македонска Каменица за соработката и обезбедената донација на книги, – додаваат…
Љубовта и поддршката кон нашата ФК САСА се шири и кај општествено одговорните компании од регионот Македонска Каменица, 06. Ноември 2023 година – Преку соработка со реномираната компанија за превоз на патници „Метак Транс“ од Виница www.metaktrans.mk, успеавме да овозможиме донација на фудбалска опрема за нашиот Фудбалски клуб Каменица Саса, – велат членови од навивачката група „Стара Гарда Багери“ од Македонска Каменица Членовите на „Стара Гарда Багери“ истакнуваат дека ќе продолжат со ваквите активности за придонес кон клубот и додаваат дека се надеваат оваа донацијата од „Метак Транс“ како општествено одговорна компанија од Виница, ќе помогне да…
ФК Каменица Саса од Македонска Каменица, заедно со останатите 15 клубови од Втората фудбалска лига на Македонија добија вкупно 640 фудбалски топки. Фудбалските топки се произведени по највисоките стандарди на ФИФА и сите се со дизајн на ФФМ. – „Со новата акција наменета за клубовите од МФЛ и нашите национални тимови, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ја потврдува важноста за поддршка на сите клубови во сите конкуренции од натпреварувањата организирани од ФФМ. Ќе се обидеме и во иднина да им ја дадеме целосната поддршка и помош на клубовите кои придонесуваат за развој на фудбалот во Македонија, „Ќе се обидеме…
Минимално намалување на цените на горивата по полноќ Од вечерва по полноќ за половина денар се намалува цената на бензинот, додека цената на дизел горивото и на нафтата за домаќинствата се намалува за 1 денар. Максималните цени на горивата по полноќ ќе изнесуваат:Моторен бензин Еуросупер БС – 95 81,00 (денари/литар)Моторен бензин Еуросупер БС – 98 83,00 (денари/литар) Дизел гориво Еуросупер БС (Д-Е V) 80,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 80,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС …
Ремито на ЖФК Каменица САСА во Струга го доближи ЖФК Љуботен на само бод разлика од лидерската позиција Во сабота, на 04. Ноември, се одигра редовното 10. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија. Лидерот на табелата, екипата на ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица имаше исклучително тешко гостување во Струга. И покрај многуте постигнати голови, по 5 на двете страни, екипите на АСС Јунајтед и ЖФК Каменица САСА ги поделија бодовите. Овој би рекле несреќен резултат за девојките од Македонска Каменица, го искористи ривалот и претендент за лидерската позиција, екипата на ЖФК Љуботен од Тетово. Победувајќи ја струмичка…
Семејството Спасевски од делчевско село Илиово е едно од ретките млади семејства кои се занимаваат со сточарство и се задоволни од тоа што го работат. Живеејќи во прилично чиста средина чуваат крави, кози и живина, произведуваат млеко и задоволни се од навремената исплата на субвенциите. Во период кога има услови активно собираат и печурки, со што дополнително го зголемуваат семејниот буџет, кој иако се невработени со сопругата, според кажувањата на младиот Томчо Спасевски, им е доволен за убав живот на село. Сепак, оваа идилична слика за младиот брачен пар ја нарушува еден проблем кој се провлекува во последните неколку години,…
Македонска Каменица, 04. Ноември 2023 година – Денеска, на Градскиот стадион во Македонска Каменица екипите на ФК Каменица Саса и ФК Охрид одиграа натпревар од редовното 11. Коло на Втората фудбалска лига на Македонија со нерешен резултат од 1:1. – Пожртвувана и борбена игра на сите поединци на теренот. Тешкиот и влажен терен за игра, спречи конкретна реализација на неколку наши изгледни шанси во вториот дел од натпреварот, за претворање на иницијативата во ново водство и победа, – истакнаа по натпреварот од ФК Каменица Саса Стрелец на голот за водство на ФК Каменица Саса беше Сашо Дуков во 15 минута…
