Author: Media Point

По повод големиот христијански празник Свети Илија – Илинден, во Долна Саса ќе се одржи народен собир. Претседателот на црковниот одбор во село Саса 1, Драган Маринковски истакна дека во рамки на частувањето на празникот, со почеток од 16:00 часот, ќе биде поделен осветен ручек за здравје. Од Црковниот одбор во село Саса 1, со упатената покана до сите сограѓани да бидат дел од народниот собир, изразуваат особена радост што ќе бидат почестени од присуството на што поголем број сожители од Македонска Каменица и регионот. Само така можеме да ја зачуваме традицијата пренесувана од колено на колено низ годините наназад,…

ПОВЕЌЕ ...

Се издава двособен стан во Македонска Каменица. Станот е на улица „Рударска” 2/2. Постои можност за издавање на станот со или без мебел, во зависност од потребите на заинтересираните. Повеќе информации околу огласот, можете да побарате на следниов контакт телефон + 389 78 213 660

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 22. Јули 2023 година – Во рамки на подготовките пред почетокот на натпреварите во Втората фудбалска лига на Македонија, екипата на ФК Каменица Саса ќе одигра контролен натпревар против ФК Осогово од Кочани. Натпреварот ќе се одигра утре, недела 23. Јули, со почеток од 17:30 часот, на Градскиот стадион во Македонска Каменица. Натпреварувачката сезона започнува на 12. Август, па најверојатно овој краток период од новите тренерски имиња во двата клуба максимално ќе биде искористен за кондициско-тактички вежби и неколку контролни натпревари. Во текот на минатата недела, екипата на ФК Каменица Саса одигра пријателски натпревар против Пелистер…

ПОВЕЌЕ ...

Во текот на денешниот и утрешниот ден се очекува ново разорно невреме како суперклеточната бура која ќе го парализира Балканот. Имено, невремето кое однесе неколку животи во неколку балкански земји, проследено со силен ветер налик на ураган кој носеше се пред себе, кршеше прозорци и покриви, фрлаше контејнери, корнеше дрвја и соборуваше кранови, повторно на ист начин ќе се прошири низ полуостровот. Се очекува денес црни облаци од Словенија ќе стигнат до Хрватска, а на крајот да ја парализираат и Србија. За наша среќа, ваквата бура се очекува да ја одмине државава. Според синоптичкото одделение при УХМР, подрачјето на Македонија ќе остане…

ПОВЕЌЕ ...

Фондацијата „ИЦЕ БЕГОВ“ на 28. Јули 2023 година, во Македонска Каменица ќе го организира вториот хуманитарен настан „Небо сино“. Настанот ќе се одржи со почеток од 19:00 часот, во Домот на култура во Македонска Каменица Дел од богатата и разновидна програна на годинешниов хуманитарен настан ‘’Небо сино’’ ќе бидат дечињата од ЈОУДГ Бамби, играорната група при КУД ,,КУД Вера Јоциќ’’, бендот на нашиот сограѓанин Никола Велиновски „Replay Band“,Ангела Димитриевска, а свој настап ќе имаат и штитениците од Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица, Стефан Постолов и Јордан Андов. Специјален гостин на хуманитарниот настан ќе биде афирмираната…

ПОВЕЌЕ ...

Конечно ќе се стави крај на „должничкото ропство“ на граѓаните кон фирмите кои даваат брзи кредити, а потоа „дебело“ си го наплаќаа долот. Собранието денеска ги усвои измените на Законот за облигациски односи и на Законот за извршување, со кои драстично се  намалуваат вкупните трошоци за брзи кредити, кои не можат да бидат поголеми од 60% од кредитот. Со законските измени се очекува да се намали можноста од алтернативни заработувања со камати, како и стимулирање на доверителите за поефиканса и побрза реакција. Народниот правобранител, Насер Зибери уште минатата година иницираше да се ограничи каматата на долговите кон извршителите.…

ПОВЕЌЕ ...

Дури четворица поранешни фудбалери на ФК Каменица Саса настапуваат во швајцарски ФК Триенген Македонија Иако вчера објавивме имиња само на двајца наши сограѓани кои настапуваат во тимот на швајцарски ФК Триенген Македонија, таму се наоѓаат и Бојан Атанасовски и Цветко Јанев од Македонска Каменица. Сите четворица се доста успешни поранешни фудбалери на ФК Каменица Саса од Македонска Каменица. Произлегуваат од младинските школи на Саса, а дел од нив беа и членови на сениорскиот тим. Денес, живеат и работат во Швајцарија, каде и настапуваат за ФК Триенген Македонија. Цветко Јанев, препознатлив по неговата сигурна и стабилна игра, е на…

ПОВЕЌЕ ...

Рикалдоне, Италија 16. Јули 2022 година – Делегација од општина Македонска Каменица, предводена од градоначалникот Димчо Атнасовски е во тридневна посета на општина Рикалдоне, Италија. Таму, покрај остварените средби со претставници од локалната управа и градоначалничката на општина Рикалдоне, Лаура Грациела Бруна беа реализирани бројни средби и богата културно уметничка програма со нашинците од овој дел на Пиемонт. Целта на оваа посета и турнеја, како што информираат од Општина Македонска Каменица и КУД “Вера Јоциќ”, првенствено е одржувањето на блиски врски и подобри релации со нашинците во странство. Со оваа посета, како што истакна градоначалникот Атанасовски. сакаме преку продлабочувањето на…

ПОВЕЌЕ ...

ЈП Камена Река го најави почетокот на летната сезона на Градскиот базен во Македонска Каменица Македонска Каменица, 15. Јули 2023 година – Почнувајќи од утре, како што истакнува Влатко Димитровски, директор на Јавното претпријатие кое го стопанисува Градскиот базен, граѓаните на Македонска Каменица и регионот ќе имаат можност да го посетуваат Градскиот базен во Македонска Каменица како место за пливање, рекреација и разладување во текот на летната сезона. Градскиот базен ќе работи секој ден, во периодот од 10:00 до 18:00 часот. “Во тек се последните подготовки за отворање и успешна работа на Градскиот базен. Во рамки на можностите кои ги…

ПОВЕЌЕ ...

Се продава нива (ливада) во Павлиш Дол со вкупна површина од 1736 м2. До нивата, од регионалниот пат Македонска Каменица – Саса води земјен пат со приближна должина од 70 метри. Парцелата има чист имотен лист со обезбеден приклучок на вода и струја. Категоризација на квалитет на земјиште 3 (трета) класа. Цена по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 077 823 101

ПОВЕЌЕ ...