Author: Media Point

Во чест на ослободувањето на Скопје, СПАД ЦАРЕВ ВРВ – РУЕН го искачи врвот Љуботен – Вчера, 12. Ноември 2023 година, по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, членови на СПАД “Царев Врв” од Македонска Каменица го искачија врвот Љуботен на Шар Планина. Искачувањето беше реализирано на покана на планинарското друштвo ,,I love hiking – group Macedonia’’. Покрај СПАД “Царев Врв – Руен” учествуваа членови од бројни алпинистички и планинарски друштва од Македонија и странство.

ПОВЕЌЕ ...

Време е за подготовка на зимница. Карфиолот е зеленчук на кој треба да му се посвети внимание. Припаѓа на фамилијата зелкасти растенија и се вбројува во едно од најлековитите. Многу истражувања покажуваат дека е многу добар во борбата против проблемите со дојките, дебелото црево, белите дробови, јајниците и бешиката. Моќното дејство на карфиолот му го обезбедуваат антиоксидантите кои ги има во голем број во својот состав. Покрај тоа што е антиоксиданс карфиолот е многу богат и со витамин Ц. Зошто треба да се консумира: -Карфиолот е зеленчук кој не содржи масти и натриум. -Ги содржи витамините Б1, Б2, Б3, Б5,…

ПОВЕЌЕ ...

Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа зошто е најдобриот тенисер во светот, откако по многу борба, со 2:1 во сетови го победи Холгер Руне во првото коло на завршниот АТП мастерс турнир во Торино. Повеќе од три часа траеше исцрпувачкиот меч, а на крајот 36-годишниот Ѓоковиќ имаше повеќе сила и енергија од 16 години помладиот противник.  „Уште од првите неколку гема видов дека ова ќе биде многу тежок меч и дека ќе мора многу да се намачам за да победам. Победа е победа, а овојпат на теренто бев многу и емотивен, затоа што знаев дека ако победам ќе го обезбедам првото место…

ПОВЕЌЕ ...

Изминативе денови на Фејсбук се појави позната објава во која поверуваа голем број корисници на оваа социјална мрежа. Имено, на Фејсбук кружи соопштение во кое корисниците се поканети да споделат одреден текст на својот Timeline за да ги заштитат своите лични податоци. Истата лажна објава ги предупредува корисниците дека Фејсбук наскоро ќе почне да се наплаќа. „За секој случај. Напомена: Бевме советувани од адвокат да го објавиме ова. Повредата на приватноста може да биде казнива со закон“, пишува на почетокот на оваа лажна објава. На корисниците им се советува да не наседнуваат на оваа лажна објава, бидејќи со тоа што…

ПОВЕЌЕ ...

Променливо облачно, попладне со врнежи од дожд Времето денеска ќе биде променливо облачно, со врнежи од дожд попладне во западните делови, а кон крајот на денот и во текот на ноќта на повеќе места. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени. Во Скопје променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 11. Ноември 2023 година – Без голови заврши најголемиот дерби натпревар во Првата женска фудбалска лига на Македонија. Бодовите ги поделија лидерот на табелата ЖФК Каменица САСА и тетовски Љуботен. Линк до ФОТОГАЛЕРИЈА од натпреварот ОВДЕ Исклучително тешкиот и влажен терен за игра на Градскиот стадион во Македонска Каменица беше главен сојузник на гостите, кои успеа да упатат само еден удар кон голот на ЖФК Каменица САСА во текот на целиот натпревар. Иако домашната екипа имаше блага иницијатива и контрола над играта во текот на целиот натпревар, не успаа да реализираат повеќе изгледни шанси за гол. Најсериозна шанса…

ПОВЕЌЕ ...

Дечињата од „Бамби“ ја посетија локалната канцеларија на Рудникот САСА во нашиот град Македонска Каменица, 10. Ноември 2023 година – Повозрасните групи дечиња при детската градинка „Бамби“ ја посетија локалната канцеларија на Рудник САСА во Македонска Каменица. Преку оваа активност, дечињата имаа убава можност непосредно да се запознаат со работата на најголемиот македонски рудник. За начинот на кој се врши подземно ископување на оловната и цинкова руда. – Дечињата имаа прилика, на интересен и сликовит начин, да научат како се ископуваат и добиваат оловото и цинкот – метали без кои не може да се замисли современиот начин на живот,…

ПОВЕЌЕ ...

ЈП Камена Река изврши редовна дератизација на канализационата мрежа во Македонска Каменица Користејќи ги поволните временски услови, ЈП Камена Река започна редовна дератизација на канализацоната мрежа Македонска Каменица. – Третманот се врши со постваување на мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа, а ќе бидат опфатени и отвори што служат за собирање на атмосферска вода, информираат од ЈП Камена Река. Ова е редовна годишна активност на ЈП Камена Река, како претпријатие задолжено за сервисирање и одржување на функционалноста на канализационата мрежа во Македонска Каменица. Активноста се спроведува во соработка со Општина Македонска Каменица.

ПОВЕЌЕ ...

Утринава во 08.30 часот полициски службеници во место викано „Линако“, атар на Берово, го лишиле од слобода О.К.(33) од Берово. „Според пријавеното, околу 02.00 часот во семејната куќа на Д.Т.(67) и Д.Т.(41) во Берово, татко и син, поради нерасчистени должничко – доверителски односи, О.К.(33) и Б.К.(30) со употреба на сила влегле и физички го нападнале синот, при што употребиле остар предмет, а таткото го однеле со возило“, велат од МВР. Полициски службеници по преземени мерки и активности го пронашле Д.Т.(67). Извршен е увид, запознат е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок. Izvor> skopje1.mk

ПОВЕЌЕ ...

Кочанчанец го држи рекордот во Македонија по количина на алкохол во крвта која е откриена од страна на сообраќајната полиција. Тој го возел своето возило со цели 5,31 промили, иако нашиот закон дозволува 0,5. Кочанчанецот и покрај тоа што имал десет пати повеќе алкохол во крвта го возел својот автомобил. За разлика од кај нас, во ЕУ количината која е дозволена е различна. Во некои држави не се толерира алкохол, а во други максималната дозволена количина е до 0,5 промили. Од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“ ја потврдија информацијата дека најпијаниот возач бил од Кочани. Од таму велат дека согласно…

ПОВЕЌЕ ...