Author: Media Point
На 17.11.2023 во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Д.В.(49) од Кочани, поради сомнение дека извршил кривично дело „фалсификување огнено оружје“ по член 396-а од Кривичниот законик. Полициски службеници кај него пронашле и одзеле два пиштола калибар 7,62 мм без фабрички број, односно им биле избришани ознаките. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во рамки на 12. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, екипите на ЖФК Речица и ЖФК Каменица САСА одиграа со резултат 0:6 за гостите од Македонска Каменица. – Имаме победа и нови три бодови во Речица. Прикажавме одлична игра во денешниот натпревар. Задоволни сме од натапот на сите поединци на теренот, особено кога ќе ги земеме во предвид тешкиот терен за и неповолните временски услови, – истакнаа од ЖФК Каменица САСА по натпреварот. Стрелци на натпреварот за каменичката екипа беа Ева Андонова со 4 голови и Ана Димитровска со 2 погодока. ЖФК Каменица САСА во претходните…
Во одредбите на правилникот со кој се уредува оваа област е предвидено дека во возилата може да се вградуваат одобрени сигурносни стакла, кои е дозволено дополнително да се затемнат до тој степен што пропустливоста на светлина на стаклото заедно со залепената фолија на него ќе биде најмалку 75 проценти за ветробранското стакло и 70 проценти за предните бочни стакла (кај возачот и совозачот – пред B-носачите) КОГА КОЗМЕТИКАТА НА АВТОМОБИЛИТЕ ГО ПРЕКРШУВА ЗАКОНОТ Сведоци сме дека модерните и естетски дотераните автомобили стануваат сѐ поголем тренд, кои имаат специфични бои, алуминиумски бандажи, силен звук на моторот и затемнети стакла. Таа автомобилска…
Македонска Каменица, 17. Ноември 2023 година – Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски во рамки на теренските работни активности изврши увид во градежните работи за прочистување и пробивање на пристапен пат од Рудникот САСА до Ајдучка чешма преку маала Тораница. – Во зависност од временските услови, очекуваме овој пат да биде завршен во најкраток временски период. Со тоа, решаваме повеќедецениски проблем на локалното население и овозможуваме олеснет пристап до природните убавини на село Саса и Осоговските планини воопшто, – изјави градоначалникот Атанасовски Патниот правец каде се вршат градежни работи е со приближна должина од 8 км. Изведувач…
ОГЛАС за продажба на земјиште погодно за изградба на 3 (три) објекти за домување Се продава земјиште погодно за изградба на објекти за домување (три плацеви). Секоја од парцелите има приближно 500 м², со посебен пристапен пат и останата потребна инфраструктура за непречено градење и живеење. Земјиштето се наоѓа во Валевичарско маало во Македонска Каменица, над Падарница. Цена по договор. Тел за контакт: +39 338 898 2363 (Viber, Whatsapp) (Маркетинг/МедиаПоинт)
На својот 91 роденден, синоќа во Библиотеката „Ванчо Прке“ во Виница, Ангел Богатиновски ја промовираше својата втора книга што ја насловив „Цртички од животот“. Станува збор за човек со многу енергија во себе кој и пркоси на својата возраст. Тој е роден во Оризари но речиси сиот свој живот го минува во Виница како учител, пасиониран собирач на локални архаизми, истражувач и сега како поет и раскажувач. „Ова е најубавиот, највредниот роденденски подарок што некогаш сум го добил. ’Цртички од животот’ се навистина цртички од мојот живот, секвенци од долгометражен филм“, рече на промоцијата авторот Ангел Богатиновски. Според директорката…
Се огласија од Институтот за јавно здравје по повод написите за популарниот пијалак „Прајм“ и упатија препорака за негова консумација од страна на деца и адолесценти. – PRIME HYDRATION DRINK е безалкохолен пијалок со додадени витамини, минерали и аминокиселини, кој може да се најде на пазарот во Македонија. Во декларацијата на производот е наведено да се консумира 500ml дневно. Содржината на витамините и минералите одговара на препорачаниот дневен внес на витамини и минерали за возрасен човек. Но, овој производ е многу популарен и широко употребуван од страна на децата, велат од ИЈЗ. – Ако децата, на возраст од 1 до…
Финансиската полиција истражува злоупотреби на спортските ваучери https://youtu.be/1gKSCNEik88?si=82z8WP6Y8LSVSZf1 Ваучер-системот подразбира, сумата која му е одредена на клубот или федерацијата да може да ја реализира преку компанија која остварила добивка, а за возврат фирмите кои го помогнале спортот на овој начин да добијат даночно олеснување. Во 2018 година воведувањето на ваучери за финансирање на спортот беше најавено како систем за заштита од финансиски малверзации при спонзорирањето, тоа набрзо по воведувањето покажа дека има серија фалинки. Главниот проблем во битката со оние кои земале процент за реализација на ваучерот е тоа што засегнатите се жалеле во Агенцијата за млади и спорт, но…
Повеќе од 53.000 граѓани на Македонија во 2022 година се преселиле во Германија, соопшти Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“ Во 2021 година во таа земја заминале „само“ 32.000 граѓани. За 2023 година нема официјални податоци, но ако се задржал трендот, бројката ќе биде огромна. Според последниот попис од 2022 година, во Германија живеат 222.000 македонски граѓани. Најголем дел од нив работат во транспортни компании како возачи, а некои и во фабрики за производство на храна. Жените, освен во фабрики, работат и во ресторани за брза храна, но и како хигиеничарки. Берлин, Штутгарт, Хамбург, Хановер итн. се областите кои…
Се рехабилитира патот до домот на семејството Спасевски во Марковско маало, село Илиово – дечињата ќе можат непречено да патуваат до своето училиште Во делчевското село Илиово се рехабилитира земјениот пат кој води кон Марковско Маало во с.Илиово и домот на семејството Спасевски, чии три дечиња поради лошите услови во изминатиот период не одеа на училиште. Увид на лице место денес направи градоначалникот на Делчево Горан Трајковски, кој рече дека Општината ги презема сите потребни мерки и активности за да овозможи соодветна сообраќајна поврзаност и на најоддалечените и критичните терени во Општината. -Во моментот интензивно се работи на…
