Author: Media Point
Автобус марка „мерцедес“ кој сообраќал на релација Скопје – Велес – Кочани, како што известува порталот Либертас, останал без двете гуми веднаш после патарината кај Велес, па сега десетината патници останале среде автопат за да чекаат нов превоз и со него да стасаат до Кочани. Двете гуми на автобусот на компанијата „Авто Атом“ се дупнале некаде по патарината кај Велес, и гумите се на автопатската делница пред тунелот. За среќа во инцидентот нема повредени патници. Возачот кога забележал дека останал без две гуми запрел и го паркирал автобусот. Во возилото две патнички оделе за Велес, а останатите за Кочани. Двете…
Нови донации од Фондација САСА за локалната заедница Македонска Каменица, 30. Ноември 2023 година – Во рамки на својата континуирана поддршка на локалната заедница, Рудник САСА преку својата Фондација за одржлив развој, реализираше донации во три области кои се идентификувани како особено значајни за животот и просперитетот на целата заедница. Првата донација придонесува за животната средина и се состои од различни видови листопадни и зимзелени дрва кои ќе бидат засадени на осум локации ширум Македонска Каменица. Изборот на точните локации, подготовката на теренот и засадувањето на дрвата ќе го извршат екипите од јавното комунално…
Македонска Каменица, 30. Ноември 2023 година – Во рамки на проектот „Младите можат“, Здружението „Надеж“ започна со активности за формирање на Локален младински совет во Општините Македонска Каменица и Виница. На вчерашната почетна работилница, реализирана во Домот на култура во Македонска Каменица, координаторот на проектот Тошо Цонев, ги запозна младите со утврдените проритети на проектот, кој опфаќа креирање на локални младински политики и вклучување на младите во процесите на креирање на јавните политики. Беа истакнати најзначајните цели на проектот, во насока кон идентификување и решавање на локални младински проблеми со користење на пристапот заснован на права и можности.…
Македонски тим фризери предводени од хуманитарецот Февзи Али на Golden hair Festival во Анталија, Турција извор на веста: Вечер На покана од организаторот од Република Турција, шестмина фризери од Македонија учествуваат на Интернационалниот куп Golden hair Festival во Анталија на кој има учесници од 30 држави. На натпреварот кој од 28 до 30 ноември се одржува во овој турски град на брегот на Средоземно море, Македонија ја претставуваат Февзи Али, Ирена Стојковска, Саид Есад, Весна Предарска, Снажана Столевска и Катерина Несторовиќ. – Чест ни е што ја претставуваме нашата држава Македонија и да се натпреваруваме за награди. За жал, многу…
МВР интензивно трага по 14- годишното девојче од Скопје, да не се шират дезинформации Министерството за внатешни работи ја известува јавноста дека се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на В.Ѓ. (14). Министерството за внатешни работи ја известува јавноста дека се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на В.Ѓ. (14) откако денеска (27.11.2023) во 08.35 часот З.Ѓ. од Скопје пријави дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната. За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со…
Македонска Каменица, 27. Ноември 2023 година – Градоначалникот Димчо Атанасовски, во рамки на своите работни обврски, денеска изврши увид врз тековните градежни активности, кои се вршат на повеќе локации на територијата на Општина Македонска Каменица. Како што истакнува Атанасовски, станува збор за активности кои значат решавање на повеќе секојдневни реални проблеми на граѓаните. Тука, како најважни ги издвојува, доизградбата канализациона мрежа во должина од 300 метри во село Моштица – маала Влаинци; Изградба на нова фекална канализација во должина од 100 метри во Тепеѓовско маало и изградба на крак од канализационата мрежа во должина од 75 метри во Ковачевско…
Три лица физички нападнале вработен во обезбедувањето во фабрика за марихуана за медицински цели во атарот на гостиварското село Чегране по што со закана со пиштол го затвориле во една просторија и од фабриката одзеле 41 вреќа со марихуана со вкупна тежина од 552,85 килограми марихуана. Како што информира денеска МВР, кражбата била пријавена вчера во 23 часот во Одделението за внатрешни работи во Гостивар. -Според пријавеното, откако си заминале, тој излегол и забележал дека капијата од фабриката била отворена и дека две врати од внатрешниот дел биле искршени. Во консултација и координација со јавен обвинител, увид извршила екипа…
Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува флаширана вода на полиците во македонските маркети. Станува збор за негазирана природна минерална вода „МИРОС“ во пакувања од 1,5 литар, 0,5 и 0,33 литри Рок на употреба: до 30.08.2024 година Како што велат од АХВ, причина за отповикувањето е дека станува збор за небезбеден производ поради микробилошка неисправност и ризик по здравјето на луѓето. – Водата не одговара на условите од Правилникот за посебните барања за безбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода („Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/18) – се вели во соопштението…
Според одлуката на РКЕ, бензините и дизелот поевтинуваат за половина денар Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по пониски цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според одлуката на РКЕ, бензините и дизелот поевтинуваат за половина денар. Па така, од ноќеска на полноќ еуросупер БС-95 ќе биде со цена од 79,5 денари за литар, бензинот еуросупер БС-98 ќе се продава за 81,5 денари, а еуродизелот ќе чини 76,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ, поевтинува и мазутот и новата цена за килограм ќе биде 42,517 денари, а не се менува цената на Екстра лесното масло за домаќинство…
Микробрановата печка е корисен уред за брзо подгревање храна, а може да се користи и за подготовка на нови оброци. Но, не сите намирници е пожелно да се ставаат во микробрановата, бидејќи така испуштаат токсини, се топат, па дури може и да експлодираат по вадењето и при употребата. Следат некои производи и јадења за коишто не се препорачува овој кујнски апарат. Лути пиперки Без оглед дали се црвени или зелени, лутите пиперки содржат капсаицин – супстанција што при загревање испарува во затворениот мал простор. Отворањето на вратата од микробрановата печка потоа го изложува корисникот на тие испарувања што може бидат…
