Author: Media Point

Изминатиот викенд во скопската гимназија „Орце Николов“ се одржа Националното дебатно првенство 2023. Тим на средношколци од СОУ „Миле Јаневски Џингар“ од Македонска Каменица под ментроство на Здружението „Надеж – Норе“, за првпат земаа учество на годинешното Националното дебатно првенство. На Националното првенство учествуваа вкупно 230 млади од целата држава, каде со аргументи и ставови ја бранеа главната теза на турнирот, „Овој Дом би им забранил на сите земји кои кршат човекови права да учествуваат на сите големи меѓународни забавни настани“. – Од здружението „Наеж – Норе“ устакнаа, дека ова е нивно прво учество на Националното дебатно првенство и дека…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица – На 21. Декември 2023 година во организација на КИЦ ,,РОМАНСА” Македонска Каменица ќе се одржи промоција на третата книга поезија на роднокрајниот автор Златко Стоименов ,,Животинско царство”. Промоцијата и публикувањето на “Животинско царство” од Стоименов е реализирано од КИЦ “Романса” Македонска Каменица. Со оваа книга поезија за деца, нашиот сограѓанин Златко Стоименов, веќе е етаблиран како вистински познавач на детските мечти и желби, станува другар на оние за кои е наменета оваа книга – децата на кој им открива едно ново царство, односно ,,Животинско царство” со ликови кои имаат свој свет кој широкоградо го делат со…

ПОВЕЌЕ ...

Речиси половина од странските компании кои работат кај нас не би ја одбрале земјава ако треба сега да инвестираат. Причини има повеќе – лошата инфарстуктура, недоволно едуцираниот кадар, владеење на правото, корупцијата, правната несигурност, бирократијата, високите трошоци за струја, како и инфраструктурните проблеми. Ова го покажува анкетата на Советот на странски инвеститори кои работат кај нас и вработуваат 38 илјади лица. Одговорни за проблемите се централната, но и локалната власт, кои не ги решаваат проблемите кои се повторуваат со години. – Иако секоја фирма оваа година го зголемила платиле од 10 до 20%, поради инфлацијата, конкуренцијата , но и да…

ПОВЕЌЕ ...

Во известувањето од ЈП Камена Река кое ни пристигна пред неколку минути, стои дека во прекин е снабдувањето со вода на домаќинствата од Долна Река во Македонска Каменица. – Прекинот во снабдувањето со вода, доаѓа по поголемо оштетување на дел од водоводната линија при извршување на градежни активности на инфраструктурен објект во овој дел од градот, – велат од Јавното претпријатие. Нивните екипи се на терен, со веќе започнати активности за санација на дефектот. – Поради обемот на дефектот, постои можност за повеќечасовен прекин и нормализирање на снабдувањето со вода во текот на утрешниот ден, – дополнуваат од Камена Река…

ПОВЕЌЕ ...

Утре, во вторник на 19 декември, православните верници во Македонија ја чествуваат најчестата и најголема слава во македонските домови, Свети Никола. Станува збор за посна слава, па на трпезата доминираат посна сарма, посно гравче, риба. Во народното паметење овој лик  останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода. Именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле… Во животот на нашиот човек посебно значајно место има свети Никола Мирликиски…

ПОВЕЌЕ ...

Македонија годишно губи по 12.000 жители. Парите повеќе не се причина, младите заминуваат од други причини Демографската иднина, според Апостол Симовски од Државниот завод за статистика, не зависи од желбата да се има демографски раст, односно да се има деца, и зависи пред се, од сите останати фактори во општеството. – Слушнавте, денес луѓето не емигрираат затоа што не може да заработат во државата, денес луѓето сакаат да имаат вистински можности во државата, да имаат квалитетно образование, здравство и можност да работат и заработат, да се промовираат себе си и можност за остварување на останатите потреби, културни и културолошки.…

ПОВЕЌЕ ...

Италија ја заменува Бугарија како најевтина скијачка дестинација во Европа, покажуваат податоците од новата студија подготвена од британските туристички агенции, јави ДПА. Италијанскиот град Бардонекија ги надмина бугарските одморалишта Боровец и Банско, заземајќи го првото место во годишната анализа за односот помеѓу цената и квалитетот на скијачките одмори, изготвена од британски тур-оператори. Цените во Бардонекија се зголемија за само 1,4% во споредба со минатата година, објави БНТ. Второто место го зазема Боровец (со пораст од 8,2%), а Банско на шестото место со пораст од 18,1%, што се должи на зголемените трошоци на школата за скијање. Студијата ги спореди цените на…

ПОВЕЌЕ ...

Министерот за здравство, Фатмир Меџити и заменик министерката за здравство, Маја Манолева, денеска присуствуваа на презентацијата на хеликоптерот со новата опрема за итна медицинска помош. Во изјава за медиумите, Меџити нагласи дека се прави еден значаен исчекор за нашите граѓани, за заштита на пациентите и за осовременување и усовршување на здравствениот систем. „Со оваа соработка помеѓу двете Министерства за здравство и внатрешни работи, овозможуваме заедничко дејствување на припадниците на хеликоптерската единица при МВР и здравствените установи, односно употреба на хеликоптер за транспорт на пациенти. Хеликоптерот има медицинска опрема за воздушен транспорт, а ГОБ 8 Септември ќе овозможува искусен стручен тим…

ПОВЕЌЕ ...

Пица Ресторан „Филитеа“ Кочани – совршена хармонија на неодоливи пица вкусови Дозволете ни да Ве воведеме во светот на совршената хармонија на неодоливите пица вкусови! Пица Ресторан „Филитеа“ – Кочани Највкусните пици создадени со љубов! Искусно приготвени јадења со свежи состојки, полни со одбрани традиционални вкусови Пица ресторан „Филитеа“ Кочани Работно време: Секој ден од 08 – 24 часот Трговски центар Кочани – I кат Контакт телефон: 070 922 100 Дали сте подготвени за совршениот вкус на пица? Секое парче храна во „Филитеа“ ќе ве одведе на неверојатно патување со вкусовите на крцкавите и…

ПОВЕЌЕ ...

КИЦ „РОМАНСА“ ГО НОСИ НАЈБАРАНОТО И НАЈСМЕШНОТО СТЕНД АП ШОУ СО ОДЛИЧНИОТ ЖАРКО ЈОВАНОВИЌ ВО ДОМОТ НА КУЛТУРА Еден од најдобрите и најполуларни комичари во Македонија, Жарко Јовановиќ со стенд ап шоуто „ Сам против сите“ доаѓа во Македонска Каменица. На покана од Културно информативниот центар „Романса“ ќе настапи во Домот на култура, на 22. Декември 2023 година, со почеток од 19:00 часот Влезниците по цена од 150 денари, веќе се пуштени во продажба. Истите можете да ги набавите во Домот на култура, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

ПОВЕЌЕ ...