Author: Media Point

ЖКК БАСКЕТ КАМ Е НАЈДОБРА ЖЕНСКА ЕКИПА ВО МАКЕДОНСКАТА ЖЕНСКА КОШАРКА ЗА 2023 ГОДИНА Неколку години Баскет Кам од Македонска Каменица е во врвот на македонската женска кошарка и практично екипата доминира во сите натпреварувања, како во сениорското така и во младинските првенства. Оваа година, екипата го задржува приматот во првенството како есенски шампион, а оствари значаен триумф во плејофот против екипата на Бадел.

ПОВЕЌЕ ...

БАСКЕТ КАМ – НАЈДОБРА ЖЕНСКА ЕКИПА ВО МЛАДИНСКИ ЛИГИ ЗА 2023 ГОДИНА По стапките на првиот тим, младинската селекција на Баскет Кам на доминантен начин ја освои шампионската титула во својата категорија. Баскет Кам до оваа значајна титула беше воден од одличните Марија Николов, Ана Милованова, нашите сограѓанки Зорица Караѓозова и петнаесет годишната Матеја Владимирова, Мила Ѓукиќ, како и сите останати кошаркарки во тимот предвоени од одличниот стратег Јордан Цветановски.

ПОВЕЌЕ ...

ЈОРДАН ЦВЕТАНОВСКИ – НАЈДОБАР ТРЕНЕР НА ЖЕНСКА ЕКИПА ВО МЛАДИНСКИ ЛИГИ ЗА 2023 ГОДИНА Баскет Кам под негово водство триумфираше во јуниорската лига, а тој на најдобар, на свој начин го извади максимумот од своите кошаркарки. И повеќе од доволно за признанието – најдобар тренер на женска младинска екипа.

ПОВЕЌЕ ...

Рудник САСА обезбеди празнични парични награди за сите вработени, пакетчиња за сите деца и пакети за лицата во социјален ризик во локалната заедница И оваа година, рудникот САСА ја продолжи традицијата на новогодишно дарување, со што вработените и сите членови на локалната заедница имаат можност да ги прослават претстојните празници во добро расположение. Преку својата Фондација за поддршка на одржливиот развој, Рудник САСА повторно обезбеди новогодишни пакетчиња за сите деца во градинката и основното училиште во Македонска Каменица. Доделена е и соодветна донација на Дневниот центар за лица со попреченост. Како и минатите години, во пресрет на овие празници, Фондацијата…

ПОВЕЌЕ ...

Клиничката болница Штип преку соопштение даде објаснување на случајот со починатата родилка од Делчево, ви ги пренесуваме во целост: ,,Најпрвин, сакаме да изразиме најискрено и најдлабоко сочувство до семејството на починатата пациентка. Што се однесува до текот на лекувањето, пациентката примена на Одделот за гинекологија и акушерство на 26.12.2023 год. околу 10,20 мин., за породување. Десетина минути подоцна, пациентката колабира, со ниска тензија, немерлив пулс и знаци за шок. Веднаш е внесена во операциона сала, направено е итно породување со царски рез на бебето, кое е веднаш транспортирано на Детска клиника,а поради голема количина на крв во абдоменот, четворица хирурзи…

ПОВЕЌЕ ...

Тимот на добро познатиот пица ресторан “Филитеа”, Ве известува дека денеска во Штип ја отвори единствената во регионот, традиционална фурна на дрва за печење на пици и пастрамјалии “Филитеа 2”. Фурната “Филитеа 2” – Штип се наоѓа под текстилното училиште, на главната улица “Генерал Михаило Апостолски” бр. 1 во Штип. Сопствениците на “Филитеа 2” се веќе докажани долгогодишни мајстори на кулинарството. Станува збор за високо обучени пица мајстори со добиени бројни награди во Европа. Најзначајна им е наградата за најдобро подготвена пица на натпреварот во Цирих, Швајцарија во конкурениција на 174 пица мајстори. Тимот на фурна “Филитеа 2” – Штип,…

ПОВЕЌЕ ...

Триесет и осумгодишниот тетовец, вчера, во 14.10 часот, во СВР Тетово пријавил дека минатата година стапил во контакт со женско лице од Кочани, кое му ветило дека за одреден паричен надоместок ќе му обезбеди бугарски документи, извести СВР Тетово. „До пријавувањето лицето не му ги обезбедило документите, ниту му ги вратило добиените 29.300 денари. Истото лице, поради сомнение за иста измама, вчера било пријавено и од 36-годишен жител на тетовско Глоѓи, кој за таа цел ѝ платил 25.800 денари“, соопшти СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случаите.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 26.122023 година – Културно информативниот центар „Романса“ денеска ја објави културно уметничката програма подготвена во соработка со Општина Македонска Каменица за организиран дочек на Новата 2024 година на градскиот плоштад во Македонска Каменица. – За дочекот на Новата 2024 година, граѓаните на Македонска Каменица ќе имаат можност да се забавуваат со настапот на музичката група Император бенд, предводена од нашиот сограѓани Гоце Ѓорѓиевски – Царот, – истакнуваат од КИЦ „Романса“ Повеќе околу деталира за дочекот на Новата 2024 година, истакнаа дека истиот ќе започне на 31. Декември во 22 часот, а ќе продолжи до 01.00 часот по полноќ.…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 26. Декември 2023 година – Започна асфалтирањето на пристапните улици во Индустриската зона во Македонска Каменица. Проект чија реализација од Општината го означуваат како еден од најзначајните за развојот и напредокот на локалната економија во Македонска Каменица. – Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, денска во согласност со своите работни задачи изврши увид во текот на асфалтирањето на пристапните улици во Индустриската Зона, каде изјави дека „Со оваа инфраструктурна инвестиција, имаме за цел подобрување на пристапот до нашите индустриски објекти, со што непосредно ќе создадеме услови за развој и напредок на нашата локална економија. Со користење на модерна технологија…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 26. Декември 2023 година – ЈП Камена Река ги известува граѓаните на Македонска Каменица дека поради настанат дефект на главна водоводна линија снабдувањето со вода ќе биде во прекин до 13 часот. Екипите на ЈП Камена Река се веќе на терен и работат на отстранување на дефектот.

ПОВЕЌЕ ...