Author: Media Point

ЖФК Каменица САСА со победата од 2:0 против екипата на ЖФК Скопје се пласираше во финалето од престижниот национален турнир, кој денеска и утре, се игра во Куманово. За ЖФК Каменица САСА стрелаа Елена Петровска и Ана Димитровска. Натпреварот, од ЖФК Каменица САСА беше означен како натпревар со одлична, со многу интересни ситуации и фудбалски надигрувања. Во другиот полуфинален натпревар поуспешна беше екипата на ЖФК Речица, која славеше над ЖФК Истатов со 2:1 На девојките од нашата екипа ЖФК Каменица САСА им посакуваме успех во утрешното финале против ЖФК Речица.

ПОВЕЌЕ ...

Фк Каменица Саса во рамки на 1. Коло од ВМФЛ одигра драматичен натпревар на гостински терен против ФК Кожуф со нерешен резултат од 2:2. По добрата игра во првото полувреме, САСА одлично го отвори вториот дел од натпреварот. Покажувајќи целосна доминација на теренот, со двата гола на Тони Мичковски, нашата екипа успеа брзо да оствари предност од 0:2. Во последните дваесетина минути од натпреварот, домашната екипа успеа да се врати во игра и да го израмни резултатот. И покрај притисокот и промената на ритамот на играта, САСА се бореше до последниот свиреж на судијата задржувајќи го нерешениот резултат. ФК Кожуф…

ПОВЕЌЕ ...

ФК Каменица Саса објави Соопштение за јавност кое Ви го пренесуваме во целост: Почитувани навивачи и поддржувачи, Ве известуваме дека ФК Каменица Саса воведува дневни и годишни билети за следење на сите натпревари на нашиот тим за претстојната 2024/25 сезона. Оваа иницијатива не само што ќе Ви овозможи да бидете дел од секој момент на нашата фудбалска приказна, туку и директно ќе придонесете за подобрување на условите за нашите фудбалери и развојот на клубот. Средствата собрани од продажбата на дневните и годишните билети ќе бидат насочени кон унапредување на инфраструктурата, опремата и поддршка на програмите за развој на клубот. Секој…

ПОВЕЌЕ ...

Свеченото примопредавање на должноста началник на генералштабот ќе се одржи на Денот на Армијата, 18 Август. (Фото: Армија на Република Северна Македонија) Претседателката Гордaна Сиљановска-Давкова го унапреди бригадниот генерал Сашко Лафчиски во генерал-мајор и го постави за началник на генералштабот на армијата, соопштија од нејзиниот кабинет. Оттаму додаваат дека поради истек на мандат е разрешен досегашниот началник на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој е поставен за советник на началникот на генералштабот за борбена готовност и операции. Од претседателскиот кабинет велат дека свеченото примопредавање на должноста началник на генералштабот ќе се одржи на Денот на Армијата, 18 Август.

ПОВЕЌЕ ...

УХМР соопшти дека во околината на Пехчево времето е нестабилно со пороен дожд и грмежи. Невремето се преместува кон Берово. Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на локално невреме. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ПОВЕЌЕ ...

На автопатот кај Прешево, сообраќајната полиција од Врање сопрела македонски државјанин на возраст од 57 години кој управувал возило со 2,7 промили алкохол во крвта, соопшти српската полиција. Возачот е приведен, а против него е поднесена прекршочна пријава за насилно возење. Тој бил запрен при редовна сообраќајна контрола.

ПОВЕЌЕ ...

Михаела Павловска и македонскиот олимписки тим се враќаат со грст медали од Светската олимпијада по геонауки во Пекинг Нов успех постигна македонскиот олимписки тим на 17-та Светска олимпијада по геонауки IESO2024 што се одржа во Кина. -Освоени се две бронзени медали во категоријата на индивидуален тест на знаења и тоа помеѓу 140 ученици од 35 држави од сите континенти. Големи честитки за медалистите Ивана Атанасовска од Прилеп и Милена Ангелова од Делчево. Исто така задоволство за освоените сребрен медал (Михаела Павловска од Македонска Каменица) и бронзен медал (Атанас Ташковски од Крушево) во категоријата за интернационална тимска презентација, информира…

ПОВЕЌЕ ...

Еко-акција „Рециклирај и добивај“ на Рудник САСА Во пресрет на Денот на рударите, на 26 август 2024 (понеделник), со почеток од 9:00 часот, ќе се одржи еко-акција „Рециклирај и добивај“ во организација на Рудник САСА. Настанот ќе се одржи пред Канцеларијата на Рудник САСА во Македонска Каменица (лоцирана спроти детска градинка „Бамби“), каде  ќе биде поставен штанд на кој сите заинтересирани ќе можат да донесат празни пластични шишиња и/или лименки и за возврат да добијат пригодни награди и тоа: • 5 празни шишиња/ лименки = сладолед; • 10 празни шишиња/ лименки  = тетратка или дрвени боички; • 20 празни шишиња/…

ПОВЕЌЕ ...

Пожарникарите од Македонска Каменица и соседно Кочани сѐ уште интервенираат на големиот пожар меѓу селата Пресека и Цера, кој е локализиран, но сѐ уште е активен. Територијалните противпожарни единици на Кочани и Македонска Каменица, Национални шуми, припадници на доброволното противпожарно друштво „Кочани“ и членови на ловното друштво “Каменица Саса” од Македонска Каменица, веќе четврти ден се борат со огнот на Осоговските Планини. Во гасењето на пожарот се вклучија осумдесетина жители од Пресека и Цера, како и доброволци од Македонска Каменица. Денеска, на увид на состојбата беа и градоначалниците Димчо Атанасовски и Љупчо Папазов. Според пожарникарите од ТППЕ…

ПОВЕЌЕ ...

Репрезентативка на соседна Бугарија која веќе настапуваше во тимот на ЖФК Каменица САСА и беше дел од екипата која го освои купот на Македонија. Во дресот на ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица, таа настапуваше и во Лига шампиони против Јувентус и Бешикташ! – Со ангажманот на искусната и брзонога Шопска, добиваме одличен играч од кој очекуваме многу голови и асистенции од крилните позиции. Антонина Шопска доаѓа од ЖФК Спортика, Бугарија, – изјави Зоран Златковски од ЖФК Каменица САСА

ПОВЕЌЕ ...