Врз основа на Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица и Правилник бр.08-1300/1 од 30.06.2023 година за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортските клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани и Одлука бр.08-1447/1 од 24.07.2023 година за измена и дополнување на Правилникот, Градоначалникот на Општина Македонска Каменица го објавува следниот:
ЈАВЕН ПОВИК
1.Општина Македонска Каменица застапувана од Градоначалникот Димчо Атанасовски, согласно Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица за 2025 година и согласно Правилникот бр.08-1300/1 од 30.06.2023 година за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортските клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани и Одлука бр.08-1447/1 од 24.07.2023 година за измена и дополнување на Правилникот, упатува Јавен повик до сите заинтересирани спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот, за доставување барање за финансиска поддршка од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2025 година.
Јавниот повик се однесува за спортските клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот чие седиште е на територијата на Општина Македонска Каменица.
2.Сите заинтересирани правни субјекти од точка 1 кои сакаат нивните активности да бидат финансиски поддржани од Буџетот на Општина Македонска Каменица, потребно е да достават пријава до Општина Македонска Каменица.
3.Со пријавата Спортските клубови и спортски здруженија, кои ќе се пријават на јавниот повик кон пријавата треба да достават:
- тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од шест месеци (копија или оригинал);
- решение за дејност спорт, издадено од Агенцијата за млади и спорт (копија);
- годишна програма за работа во тековната година;
- извештај за искористени средства од Општина Македонска Каменица за претходната година (доколку користеле средства);
одлука за усвојување на финансиски извештај;
- листа со спортските успеси кои ги постигнале во последните две години, поткрепена со докази;
- листа на регистрирани членови на спортски клубови и здруженија за тековната натпреварувачка година;
- официјален годишен билтен за учество во национален систем на натпревари во последните две натпреварувачки години.
-Правни лица во областа на спортот кои ќе се пријават на јавниот повик за да организираат спортски манифестации на територијата на Општина Македонска Каменица кон пријавата треба да достават:
- тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од шест месеци (копија или оригинал);
- програма и финансиски план за реализација на спортска манифестација;
- извештај за искористени средства од Општина Македонска Каменица за претходната година (доколку користеле средства).
Пријавата и потребната документација се доставува до архивата на Општина Македонска Каменица, по пошта или во електронска форма.
Пријавата и документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака ,,Не отварај* и си назнака ,, за јавен повик за доделување на финансиска помош на спортските клубови, спортските здруженија и правни лица во областа на спортот,,.
Пријавата се доставува во еден примерок кој треба да биде потпишан од одговорното лице на правниот субјект.
Во електронска форма пријавите и документацијата се праќаат на официјалната електронска адреса на Општина Македонска Каменица opstina@makedonskakamenica.gov.mk ; www.makedonskakamenica.gov.mk, со назнака ,,за јавен повик за доделување на финансиска помош на спортските клубови, спортските здруженија и правни лица во областа на спортот,,.
Рокот за пријавување изнесува 7 дена од денот на објавата на повикот.
Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.
Раководител на Одделение за правни
и општи работи и јавни дејности
Анета темчева
Во прилог Јавниот повик за спортските клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот чие седиште е на територијата на Општина Македонска Каменица можете да го погледнете и симнете во PDF верзија: 2025-01-28_001



