Изградба на пешачки патеки во Македонска Каменица за олеснет пристап и подобрена мобилност на граѓаните
Македонска Каменица, 28. Јануари 2025 година – Општина Македонска Каменица активно продолжува со подобрување на локалната инфраструктура, преку изградба на нови пристапни пешачки патеки до колективните станбени живеалишта. Овој проект е дел од Договорот за бетонски работи и партерно уредување на јавни површини, чија реализација опфаќа повеќе локации низ градот.

Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски истакна дека проектот, во оваа фаза, опфаќа изградба на пешачки патеки на улиците Руенска, Рударска и Александар Македонски. Оваа активност има за цел да ја подобри пристапноста, да ја зголеми безбедноста на граѓаните и да придонесе за поквалитетен урбан простор.
„Остануваме посветени на подобрување на инфраструктурата и условите за живот на нашите граѓани. Овие проекти значат подобра пристапност, поголема безбедност и поквалитетен урбан простор за сите жители на нашата општина. Продолжуваме со работа, чекор по чекор, за поубава, пофункционална и модерна Македонска Каменица“, – изјави градоначалникот Атанасовски

Овој проект е само еден од многуте чекори што локалната самоуправа ги презема во насока на развој на урбаната средина. Со постојана работа на терен и имплементација на нови инфраструктурни проекти, Општина Македонска Каменица се стреми кон создавање на подобри услови за сите свои жители.


