ФК Каменица Саса ќе ја пречека екипата на ФК Скопје пред празни трибини на стадионот во Македонска Каменица ФК Каменица Саса во рамки на последното 15. коло од есенскиот дел на првенството, ќе се сретне со екипата на ФК Скопје од Скопје. Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион во Македонска Каменица, во сабота на 07 Декември, со почеток во 13:00 часот, но за жал, овојпат без присуство на публика. Имено, комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука сите натпревари од ова коло во Втората македонска фудбалска лига да се одиграат зад затворени врати. Оваа одлука беше…
Author: Media Point
Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм. Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината. Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога”, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди Синот Божји, истовремено…
Денеска, по повод 3. Декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, градоначалникот Димчо Атанасовски организираше прием во чест на нашите сограѓани кои со својата упорност, истрајност и сила се вистинска инспирација за сите нас. – Во рамки на приемот, со претседателката и членови претставници од Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост (ЦПЛИП) „Порака“ од Македонска Каменица, имавме можност да размениме мислења, идеи и искуства кои ќе придонесат за унапредување на правата и условите за живот на лицата со посебни потреби во нашата општина, – вели градоначалникот Атанасовски Македонска Каменица, како што се вели во понатамошниот текст…
Шаховскиот клуб “Каменица Саса” го објави расписот за одржување на затворено општинско првенство на Македонска Каменица. Првенството ќе се игра во машка, женска и детска категорија. Истото, ќе се игра по Бергеров систем со времетраење на натпревар од 30 минути. Пријавувањето врши секој ден во шаховскиот клуб, како и кај претседателот на клубот, Лазо Стаменковски или Санде Ивановски, секретар на клубот. Последен ден за пријавување е 01.12.2024 година, а натпреварите започнуваат на 02.12.2024 година. За победниците се обезбедени пригодни пехари. Победниците ќе се стекнат со право да го претставуваат клубот на официјални државни натпревари.
Ѓорѓијоски ќе ја претставува Македонија на фестивалот ЖАОКА во Србија Македонска Каменица 30. Ноември 2024 година – Нашиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски ќе биде претставник на Македонија на престижниот фестивал ЖАОКА, кој ќе се одржи во Домот на културата „Братство-единство“ во Качарево. Со свој избор на најдобри афоризми, Ѓорѓијоски ќе го збогати културниот програм и опусот на овој регионален фестивал. Во делегацијата која ќе го придружува Ѓорѓијоски во Панчево се и Христина Деолска, Влатко Ситновски и Софија Ситновска. Тие ќе ја искористат посетата за одржување на средба со Националниот совет на Македонците во Србија и да разговараат за засилување на соработката…
Општина Македонска Каменица заедно со граѓаните го креира буџетот за 2025 година – Почеток на форумски сесии за креирање на граѓански буџет за 2025 година Градоначалникот Димчо Атанасовски упати известување до јавноста, во кое ги повикува сите жители на Македонска Каменица да се вклучат во креирањето на буџетот на општина Македонска Каменица за 2025 година. Известувањето ви го пренесуваме во целост: Почитувани сограѓани, Би сакале да ве информираме, дека Општина Македонска Каменица започнува со одржување на форумски сесии за креирање на граѓанскиот буџет за 2025 година. Овие сесии се организираат со цел заедно, преку отворен дијалог, да ги утврдиме приоритетите…
Се издава стан под кирија на улица Александар Македонски, спроти Кит-Го Маркет во Македонска Каменица Станот е двособен и неодамна реновиран. Се наоѓа на 3 кат. Целосно е опремен со мебел и ги поседува сите погодни услови за живеење. Цена по договор. Повеќе информации на следниве телефонски броеви: 071 633 925; 072 221 355
Купувам куќа во Македонска Каменица. Доколку некој има потреба од продажба на куќа опремена за живеење или познава некој што сака тоа да го направи, молам да ме побара на 072278391.
Нашата Стефанија Маринковска – млада надеж во женската фудбалска репрезентација на Македонија Македонска Каменица, 28. Ноември 2024 година – Стефанија Маринковска е 19 годишна фудбалерка од Македонска Каменица, една од најперспективните таленти во македонскиот женски фудбал. Стефанија е стандарден првотимец во редовите на ЖФК Каменица САСА, повеќекратниот шампион на Македонија, освојувач на повеќе титули во Купот на Македонија и повеќегодишен претставник на Македонија во Лига на шампиони. Со својата игра и посветеност, Маринковска остави значаен печат и на домашната и на меѓународната сцена, доволен да биде во состсвот на македонската селекција и во претстојните натпревари во Лигата на нации против…
Македонска Каменица, 26. Ноември 2024 година – Денеска, во кабинетот на градоначалникот Димчо Атанасовски беше организиран прием за талентираните ученици – добитници на стипендии според постигнатите успеси во учебната 2023/24 година. Во текот на средбата, на младите талентирани ученици, градоначалникот Димчо Атанасовски им упати искрени честитки за нивните одлични успеси. Притоа, изразувајќи лично задоволство од импресивните резулатати на регионално и национално ниво, Атанасовски истакна, дека тој како градоначалник и општина Македонска Каменица, ќе продолжат да бидат постојана поддршка за остварување на нови успеси и за успешна реализација на сите идни проекти на младите. Градоначалникот Димчо Атанасовски, во соопштението за јавност…
