Author: Media Point
“BK CARS” е рент а кар компанија која ви нуди најдобри услови за изнајмување на возила. Со голем избор на модерни и економични автомобили, флексибилни ценовни пакети и врвна услуга, “BK CARS” рент а кар ви гарантира удобно и сигурно патување. Без разлика дали ви треба автомобил за деловни патувања, семејни одмори или секојдневни потреби, “BK CARS” рент а кар е тука за вас. Изберете “BK CARS” рент а кар и доживејте незаборавно возачко искуство. Во секое време, на секое место – ваш пријател за патување. “BK CARS” рент а кар – Македонска Каменица +389 75 855 855
Македонска Каменица, 26. Септември 2024 година – Со инсталирање на фотоволтаични централи за производство на електрична енергија на Домот на култура, Куќата на спортот и Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица, општина Македонска Каменица прави значителен чекор кон изградба на енергетски ефикасна, позелена и еколошки чиста општина. За проектот, градоначалникот Димчо Атанасовски вели дека се реализира во соработка со Центарот за развој на Источен плански регион, од каде за имплементација на истиот се издвоени средства во висина од 2 193 505,оо денари со вклучен ДДВ. – Инсталирањето на фотонапонските централи е во напредна фаза и очекуваме…
Македонска Каменица, 26. Септември 2024 година – Со одлична тимска игра, домашната екипа ФК Каменица Саса го совладаа велешки Борец со резултат од 2:0. Стрелец на головите за Саса беше одличниот Андреј Симевски, кој искористи две прецизно упатени асистенции од брзиот и неприкосновен на теренот, Тони Мичковски. Овој успех носи нови три бодови за нашата ФК Каменица Саса и го одржува позитивниот дух во екипата, – оценуваат од каменичкиот второлигаш дополнувајќи дека „успехот е резултат на напорите и посветеноста на целиот тим, на стручниот штаб и на верните навивачи кои дадоа силна поддршка од трибините“. „Ви благодариме на сите и Ве…
Како што објави ЕМСЦ, епицентарот е во околината на Скопје, на длабочина од 6 километри Нов земјотрес вечерва беше почувствуван во Македонија. Според информациите на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) со седиште во Франција, земјотресот бил со јачина од 2,9 степени според Рихтер. Како што објави ЕМСЦ, епицентарот е во околината на Скопје, на длабочина од 6 километри. Земјотрес со јачина од 3,4 степени по Рихтеровата скала беше почувствуван завчера вечерта во Македонија, а епицентарот беше во Скопје. Сеизмолошката опсерваторија објави мерки што треба да се преземат пред, за време и по земјотрес. Во брошурата, која може да се…
Македонска Каменица, 24. Септември 2024 година – Денеска, во Домот на култура во Македонска Каменица се одржа „Младински форум 24“ во организација на Фондацијата за развој на локалната заедница Штип (ФРЛЗ). На форумот беа презентирани постигнатите резултати од втората година од реализацијата на проектот „Направи разлика“ и беа споделени успешните приказни, искуства и достигнувања на претходни членови од „Младинските банки“. Акцентот беше ставен на нивната работа, обуките кои имаа можност да ги проседат за стекнување на нови вештини, настаните за прибирање на средства и реализираните иницијативи. Говорници на форумот покрај Извршниот директор на Фондацијата за развој на локалната заедница Штип,…
Македонска Каменица, 24. Септември 2024 година – Денеска, во рамки на своите наделжности и работни обврски, градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски изврши увид во градежните активности за асфалтирање на локалниот пат кој води до Чобанско маало во село Костин Дол, со должина од 1500 метри. Како што изјави градоначалникот Атнасовски, „станува збор за проект од витално значење за жителите на оваа наша рурална средина и дека претставува прва поголема инфраструктурна инвестиција и прв асфалтен пат, кој воопшто е изграден во село Костин Дол, од осамостојувањето на Република Македонија до денес“. – Убеден сум, дека со изградбата на подобра…
Македонска Каменица, 23. Септември 2024 година – Културно информативниот центар „Романса” од Македонска Каменица, ги поканува љубителите на литературата и убаво напишаниот збор, на промоција на најновото литературно дело “Блескајте ѕвезди сјајни” од нашиот роднокрајен автор Филип Стоименовски. Промоцијата ќе се одржи во петок, на 27. Септември, во Домот на култура во Македонска Каменица. Нашите следачи имаа можност да слушнат одбрани сегменти од „Блескајте ѕвезди сјајни“ интерпретирани од авторот Филип Стоименовски. Според она што тогаш го дознавме од разговорот со него, станува збор за поезија создадена на теми поврзани со нашиот град Македонска Каменица и секојдневието во него. Линк до…
Македонска Каменица, 23. Септември 2024 година – Денеска, во Македонска Каменица се одржа четвртиот Рекреативен марш во природа во чест на херојот Миле Јаневски Џингар. Учество во маршот зедоа ученици и дел од професорите при Средното општинско училиште од Македонска Каменица кое го носи името на херојот Миле Јаневски Џингар. Маршрутата која учениците ја поминуваат секоја година е долга околу 10 километри. Започнува пред споменикот во училишниот двор на СОУ ,,Миле Јаневски Џингар”, а завршува во неговото родно маало Ума, во село Костин Дол. „Миле Јаневски е роден во село Костин Дол, Македонска Каменица на 24.07.1971 година. Син на скромното…
Македонска Каменица, 23. Септември 2024 година – ЈП Камена Река, како претпријатие задолжено за одржување и нормално финкционирање на канализациониот систем во урбаната и приградските средини на Македонска Каменица, започна со изградба на атмосферска канализација на улицата 4 Јули. – Станува збор за изградба на крак со должина од 96 метри, на улица 4 јули. Со реализацијата на овој проект, обезбедуваме услови за подобрување на инфраструктурата и значително намалување на ризикот од поплавување. Се надеваме, дека во иднина ќе бидат надминати потешкотиите на жителите од овој дел на градот кои се создаваа во периоди со обилни врнежи, – велат од…
Во рамки на 5. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, екипата на ЖФК Каменица САСА со 3:1 ја совлада екипата ЖФК Асс Јунајтед. Стрелци на головите за нашата екипа беа Туане Фрагосо (2) и првиот стрелец на национално ниво во досегашниот дел од првенството Ана Димитровска (1). – Како и секогаш Асс Јунајтед е екипа која е наш незгоден противник, но сепак прикажаното од нашите девојки беше доволно за победа и заслужено ни ги носи трите бода, – велат од клубот по натпреварот, кои натпреварот го окарактеризираа какор брз и интензивен, со многу интересни ситуации и одлична реализација!…
