Author: Media Point
Во рамки на 5. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, екипата на ЖФК Каменица САСА со 3:1 ја совлада екипата ЖФК Асс Јунајтед. Стрелци на головите за нашата екипа беа Туане Фрагосо (2) и првиот стрелец на национално ниво во досегашниот дел од првенството Ана Димитровска (1). – Како и секогаш Асс Јунајтед е екипа која е наш незгоден противник, но сепак прикажаното од нашите девојки беше доволно за победа и заслужено ни ги носи трите бода, – велат од клубот по натпреварот, кои натпреварот го окарактеризираа какор брз и интензивен, со многу интересни ситуации и одлична реализација!…
ФК Каменица Саса одигра нерешено на гостувањето кај фаворитот Македонија ЃП во Скопје На стадионот во Ѓорче Петров, во рамки на 5. Коло од ВМФЛ, денеска со почеток од 15:00 часот, се сретнаа екипите на ФК Македонија ЃП и Фк Каменица Саса. Домаќините, како минатогодишна прволигашака екипа и екипа со аспирации за брзо враќање во истото друштво, влегоа во натпреварот како апсолутни фаворити. Во средината на првиот дел, по грешка направена при неуспешно додавање на играчите од средниот ред на Саса, домаќините успеаја да го отворат резултатот. “Лавовите” успеаја да го чуваат водството до 55 минута, кога гостинската екипа од…
Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 14:43 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта. Првиот есенски ден е 266-иот ден во годината и ќе трае 12 часа и девет минути. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 21 минута, а ќе зајде во 18 часот и 30 минути. До карјот на годинава остануваат уште 100 дена. Есента ќе трае 89 дена, до 21 декември во 10 часот и 20 минути, кога календарски започнува зимата. Синоптичарите на првиот ден од есента најавуваат посвежо утро, а преку ден, сончево и релативно топло…
Сообраќајот на регионалниот пат Штип – Кочани во близина на село Тркање е во прекин поради сообраќајна незгода откако утринава во 07:50 часот загина пешак. Од СВР Штип информираат дека собраќајот се пренасочува по експресниот пат и во тек е увид од страна на истражните органи. Повеќе детали околу несреќата се најавуваат во текот на денешниот ден.
Денеска започнуваат фудбалските возбудувањата во Детската фудбалска лига (Исток) Во прилог го споделуваме распоредот објавен од ФФМ за натпреварите во 1 коло за сабота и недела, 21 и 22. Септември 2024 година. Најмладите фудбалери на ФК Каменица Саса патуваат во Кочани, каде со своите врсници од ФК Осогово ќе се сретнат во Првото коло на ДФЛ Исток. Со среќа на сите екипи. Многу забава, дружење и фудбал! Осогово – Кам.Саса Сабота 11:00часот Генерација 2012/13 Генерација 2014/15 Брегалница – Атлетико2021 Сабота 10:30часот Генерација 2012/13 Генерација 2014/15 Фудбал Старс – Слога1934 Сабота 10:00часот Генерација 2012/13 Генерација 2014/15 Генерација 2016/17 Кочани – Рудар…
Рождество на Пресвета Богородица (познат и како Мала Богородица) е еден од најголемите празници на Православната Црква, празнуван на 21 септември (8 семптември ст.ст.) Пресвета Дева Богородица е родена од стари и бездетни родители, благочестиви Јоаким и Ана како одговор на нивните молитви, за самата да биде родителка на Месијата. Православните христијани не веруваат во Римокатоличкото учење дека Марија е девствено зачната, а со тоа и зачувана прародителскиот грев. Црковното предание не учи дека Марија, како и сите други луѓе, го наследила прародителскиот грев, бивајќи зачната по природен, човечки пат, и токму затоа и било потребно спасението, како и на…
Македонска Каменица, 20. Септември 2024 година – Со средства обезбедени од Светска банка преку Проектот за изградба на локална патна инфраструктура, општина Македонска Каменица ги започна градежните работи за реконструкција на една од најфрекфентните градски улици во Македонска Каменица, улица Осоговска. – Предвидено е реконструкцијата да опфати 747 метри должина од улицата. Во моментов се изведуваат активности за отстранување на горниот слој од асфалтот, по што следуваат останатите фази од проектот и асфалтирање на улицата, – вели градоаначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски во соопштението за јавност објавено на социјалните мрежи Свесни сме, се вели во продолжението на текстот…
Еко-акција „Рециклирај и добивај“ на рудникот САСА Македонска Каменица, 20 септември 2024 – Над 16 000 пластични шишиња и лименки беа собрани во еко-акцијата „Рециклирај и добивај“, која во пресрет на Денот на рударите ја организираше Службата за заштита на животна средина на Рудник САСА. Средствата добиени од рециклирање на собраните пластични шишиња и лименки, дополнети со средства од рудникот САСА и неговите вработени, се донирани на Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица, со што оваа еко-акција доби ѝ добротворен карактер. Локалното население, особено најмладите членови на заедницата, со ентузијазам учествуваа во еко-акцијата „Рециклирај и…
Македонска Каменица, 20. Септември 2024 година – Во организација на Здружението на пензионери од Македонска Каменица, вчера во ресторан „Иднина“ свечено беше одбележан Денот на пензионерите. Присутни на настанот, покрај гостите од здруженијата на пензионери од Пробиштип, Пехчево, Делчево и Штип, беа многубројни членови на здружението и пензионери од Македонска Каменица, кои со многу забава и дружење подготвена од одличните Модерато Бенд во позитивна атмосфера го прославија нивниот празник. По тој повод, претседателката на здружението, Јаворка Соколовска со честитка до пенизонерите за нивниот празник, истакна: Ние, пензионерите, сме важен дел од општеството и сакаме да покажеме дека и по завршувањето…
Македонска Каменица, 20. Септември 2024 година – Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски објави Јавнен повик за финансиска поддршка за ученици во Прво одделение во Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ и за финансиска подршка за ученици во Прва година при СОУ „Миле Јаневски Џингар“ во Македонска Каменица. – Денеска го објавив Јавниот повик за финансиска поддршка на нашите првачиња – учениците кои на 01. Септември 2024 година, за прв пат го пречекорија прагот на училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица. Исто така, денеска е објавен и Јавниот повик за финансиска поддршка за учениците кои своето…
