Author: Media Point

Виница, 24. Јули 2024 година – Вчера во 06.55 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на место викано „Цигански рид“ во Виница, В.М.(60) од с.Градец, виничко, додека управувал трактор „масеј фергусон“ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот В.М., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на Јавен обвинител од ОЈО Кочани телото на починатиот било дадено на обдукција. Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од ОВР Виница. ©Kamenica.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се…

ПОВЕЌЕ ...

Шумскиот пожар над селото Русиново во месноста Безгашчево, засега е ставен под контрола, благодарение на населението и брзата интервенција на ТППЕ Берово, – јавува малешевскиот портал Малеш Нет за пожарот кој денеска избувна во попладневните часови кај село Русиново Пред само неколку години беровскиот, пехчевскиот и делчевскиот регион беа зафатени со силен пожар од широки размери кој во неповрат однесе огромни пространства со шуми и пасишта.

ПОВЕЌЕ ...

Општина Македонска Каменица започна реализација на проект за целосно решавање на проблемите со отпадните води од феклната канализација во Индустриската зона, со доизградба на нова линија во должина од 300 метри. – Започна доизградбата на фекалната канализациона мрежа во Индустриската зона во Македонска Каменица. Станува збор за исклучително важен крак во должина од 300 метри, со чија изградба овозможуваме трајно решавање на проблемите со отпадните феклани води во овој дел на Македонска Каменица, – истакна градоначалникот Димчо Атанасовски Со ова, како што кажа градоначалникот Атанасовски, дополнително се подобруваат условите за работа во Индустриската зона, а од друга страна општината останува…

ПОВЕЌЕ ...

Светот ја достигна највисоката температура досега забележана во неделата, 21 јули, според прелиминарните податоци од „Коперник“, програма на Европската унија за набљудување на Земјата. Просечната температура на површината во неделата достигна 17,09 степени, што е малку повисоко од претходниот рекорд, забележан во јули минатата година – 17,08 степени. Во текот на изминатата недела топлотни бранови ги зафатија САД, Европа и Русија, пренесува „Ројтерс“. „Коперник“ потврди за новинската агенција дека се чини дека е соборен минатогодишниот рекорд. Податоците се собираат од 1940 година. Минатата година Земјата имаше четири рекордни денови по ред, од 3-ти до 6-ти јули. Климатските промени, поттикнати првенствено…

ПОВЕЌЕ ...

Тестирањето на ајкулите во близина на брегот на Бразил открило дека тие се позитивни на кокаин. Научниците стравуваат дека тоа ќе доведе до промена во нивното однесување. Биолозите тестирале 13 ајкули од крајбрежните води во близина на Рио де Жанеиро и откриле дека сите единки имаат високо ниво на кокаин во мускулите и црниот дроб, пишува британски „Телеграф“. Откриените концентрации на кокаин се до 100 пати повисоки од оние претходно откриени кај други морски животни. МИА

ПОВЕЌЕ ...

Едно истражување вели дека годишно се ужива во над 400 милијарди шолји кафе. Звучи апсолутно неверојатно. Ладно или топло кафе? Пиењето кафе нуди различни придобивки. Студијата покажа дека кафето поттикнува чувство на добрина, пријателство и среќа. Се верува дека зрната кафе содржат витамини од групата Б, калиум, рибофлавин и околу илјада различни растителни соединенија. Кафето е исто така извор на антиоксиданси. Но, дали некогаш сте се запрашале која е разликата помеѓу топлото и ладното кафе? Постојат неколку начини за правење ладно кафе. Ладниот пијалок се прави со ладна вода за помала киселост. Ладното кафе има тенденција да биде помалку кисело…

ПОВЕЌЕ ...

Секоја просторија изгледа поубаво збогатен со домашни растенија, вклучувајќи ја и спалната соба. Но, тука пожелно е да се стави зеленило кое нема да ги лиши луѓето од кислород навечер, нема да собира прашина, и коешто е добро за сонот. Одредени растенија во затворен простор имаат дури и корисни ефекти за психофизичкото здравје, пренесува српскиот портал „Политика“. Следат неколку примери… Лавандата, на пр., е позната по своите смирувачки својства и се става во бања. И до креветот може да се стави ќесичка сушена лаванда, а може и саксија со живо растение во домот. Како додаток се користи во многу лекови…

ПОВЕЌЕ ...

Според резултатите од истражување на Универзитетот Флорида, ако ја имате оваа крвна група, вие сте магнет за комарци. Дали сте забележале дека некои луѓе им се попривлечни на комарците за разлика од други? Науката вели дека за тоа најверојатно е виновна крвната група. За женките комарци и за размножувањето е исклучиво важен протеин од човечката крв. Но, факт е дека некоја крв им е „послатка“. Истражувањата покажале дека двапати им се попривлечни луѓето со нулта крвна група, за разлика од оние со крвна група А. Луѓето со крвна група Б се наоѓаат во златна средина. Дури 85 проценти од луѓето…

ПОВЕЌЕ ...

Новата цена на еуросупер БС-95 ќе биде 81,5 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 83,5 денари за литар, а дизелот по цена од 74 денари за литар. Цената за екстра лесното масло ќе биде 72,5 денари Од полноќ за денар и пол поевтинува еуросупер БС-95, еуросупер БС-98 и еуродизелот, а екстра лесното масло за еден денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката, се намалува и малопродажната цена на мазутот за 1,152 денари за килограм, со што од полноќ ќе се продава по цена од 45, 757 денари за килограм. Новата цена на еуросупер БС-95…

ПОВЕЌЕ ...

На четвртата Недела по Педесетница, кога се празнува и ,,св. вмч. Прокопиј’’, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко чиноначалствуваше во храмот ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица. По утрената, а пред почетокот на Светата Литургија Епископот го ракопроизведе во чин чтец божјото чедо Драганчо Маринкоски. После читањето на Светото Евангелие Епископот одржа пригодна беседа во која ја протолкува денешната евангелска перикопа. За време на Литургијата верниот народ се причести со Светите Божествени дарови.

ПОВЕЌЕ ...