Author: Media Point

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека 23 октомври 2024 (среда), Ден на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 21. Октомври 204 година – Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски оствари успешна работна средба со претставници на Источен плански регион, посветена на изнаоѓање на најпогоден начин за спроведување на третата и последна фаза од проектот за поставување на фотоволтаични централи на Дом на култура, Дневен центар за лица со посебни потреби и Куќа на спортот во Македонска Каменица. – Клучни предности од реализацијата на овој проект за Македонска Каменица, како што оценува градоначалникот Димчо Атансовски, се намалување на трошоците за електрична енергија и заштеда на значителни средства за други важни инвестиции во нашата општина. Заштита на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 21. Октомври 2024 година – Вчера, 20-ти октомври, 17-та недела по Педесетница, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко во сослужение на свештенството началствуваше во храмот ,,Успение на Пресвета Богородица”во Македонска Каменица. По читањето на Светото Евангелие, Епископот искажа содржајна беседа во врска со денешното Свето Евангелие, каде е опишан еден чудесен настан на воскреснување на синот на една вдовица. Г. И. Христос со ова чудо ни покажал дека има власт над смртта. Онаму каде е присутен Животодавецот Христос, смртта е победена и обесилена. Затоа, ние на секоја Света Литургија треба да го примаме бесмртното тело и крв на…

ПОВЕЌЕ ...

Вчера се одигра 10. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија. Екипата на ЖФК Каменица Саса оствари убедлива победа на гостувањето во Речица, Куманово од 1:6. Со оваа победа, нашите девојки остануваат во чекор со водечките Тиверија Брера и Љуботен во борба за првото место.

ПОВЕЌЕ ...

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса, во новата работна седмица времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивно и со многу постудени утра, во кои по котлините и по речните долини ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност. Во Скопје и околината, исто така во новата работна седмица времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала до умерена локална облачност, а ќе биде и претежно тивко. Наутро ќе има услови за…

ПОВЕЌЕ ...

Наместо полно плато со дечиња во редица кои исчекуваат да влезат и да ги видат животните, денеска граѓаните налетаа на затворена врата каде што ги пречека ова известување кое што вели поради техничко оперативни работи  дека зоолошката не работи. А, позади затворената врата десетина вработени од АХВ облечени во скафандери и со маски со пушки усмртија 35 птици, а дел од нив живи ги складираа во канти за отпадоци, што може да се види од видеата што ги испратија од ЗОО – Скопје Атмосфера – пукање, фрлање и фаќање на гуски Од АХВ преку соопштение информираа дека причината за ваквата…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 19. Октомври 2024 година – Во денешниот натпревар, дел од 8. Коло на Втората фудбалска лига на Македонија, екипата на ФК Каменица Саса од Македонска Каменица беше поразена со 1:2 од екипата на ФК Охрид Лихнидос од Охрид. Стрелец на единствениот гол за домашната екипа беше Кристијан Чурлинов. Резултат на полувреме 0:1.

ПОВЕЌЕ ...

ИЗВЕСТУВАЊЕ УПАТЕНО ОД ДЕЛЧЕВСКО КАМЕНИЧКАТА ЕПАРХИЈА ДО ВЕРНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА И РЕГИОНОТ   Македонска Каменица, 18. Октомври 2024 година – Делчевско – каменичката епархија упати Известување до верниците од Македонска Каменица и регионот со кое ги информира верниците дека на 03. Ноември 2024 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Крушевско-демирхисарски г. Јован ќе чиноначалствува со Света Божествена Литургија во Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ и ќе одржи предавање во Домот на култура на тема „Верата во Христа е спасение, а суеверието е погибел“. Известувањето од Делчевско – каменичката епархија ви бо пренесуваме во целост: Почитувани верници!                              На ден…

ПОВЕЌЕ ...

Музичари од нашиот крај ќе настапат во МКЦ Скопје со ретро хитови од 80-те и 90-те години В петок, на 25 октомври, во култниот МКЦ во Скопје, музичари од нашиот крај ќе ја потсетат публиката на музичките хитови од 80-тите и 90-тите години на минатиот век. Група ТОП ја сочинуваат делчевчаните Ванчо Ѓорѓиевски – Топе на гитара и Никола Арсовски на клавијатури. Бас гитара ќе свири нашиот сограѓанин Дејан Митевски од Македонска Каменица и Зоран Пауноски на тапани, со потекло од Разловци. Ќе свират со природен талент и чист звук, без вештачка интелигенција и без модерна елекроника. Доколку и…

ПОВЕЌЕ ...

​​​​​​​Сања Адамовска, Катерина Поп Димитровска кои успешно настапуваат во шампионот на Македонија, екипата на Баскет Кам од Македонска Каменица, заедно со Денис Селими и Иле Стамболџиев ќе собираат тренерско искуство во Истанбул Како дел од мултинационалниот проект на ФИБА во кој се вклучени и пет национални федерации, „развој на млади играчи до 13 години и млади тренери“, четири македонски тренери, Сања Адамовска, Катерина Поп Димитровска, Денис Селими и Иле Стамболџиев, на покана на турската кошаркарска федерација во наредните неколку дена ќе поминат една специфична тренерска „мини-обука“. За време на оваа своевидна тренерска обука, нашите млади тренерск имиња ќе имаат прилика…

ПОВЕЌЕ ...