Author: Media Point

Вишокот холестерол што телото не го користи доведува до акумулација на холестеролниот плак во крвните садови и попречување на протокот на крв. Оваа состојба се нарекува атеросклероза и може да доведе до згрутчување на крвта, срцев и мозочен удар. Причината за покачениот холестерол е делумно генетска, но се зголемува и поради лошите навики во исхраната, како што се консумирање премногу храна богата со заситени и транс масни киселини. Недостатокот на физичка активност, пушењето и дебелината исто така придонесуваат за покачен холестерол. Иако не можеме да ги контролираме нашите гени, можеме да внимаваме што јадеме. Имено, некои намирници го зголемуваат нивото…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска, 28-ми јули, петтa недела по педесетница, Православната Црква ги празнува Светите Оци учесници на Шесте Вселенските Собори Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко чиноначалствуваше во храмот ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица. После читањето на Светото Евангелие Епископот одржа пригодна беседа во која ја протолкува денешната евангелска перикопа. За време на Литургијата верниот народ ги прими Светите Божествени дарови.

ПОВЕЌЕ ...

Решавањето на Рубиковата коцка не е само игра. Тоа е доказ за човечката генијалност и возбудата за освојување на невозможното. Четиринаесетгодишниот Ѓорѓи Чешмеџиевски од Скопје, може да намести Рубикова коцка за пет секунди. Тој е најмалиот шампион во Северна Македонија, а во 2018 година во Тирана на седумгодишна возраст го постигнал првиот рекорд. „Љубовта за коцките ми започна во 2015 година кога ја добив мојата прва коцка во мојата колекција и тој ден беше како љубов на прв поглед. Моите родители мислејќи дека како и секогаш кога ќе ми купат нова играчка ќе ја сакам само две недели, па потоа…

ПОВЕЌЕ ...

Метереолозите за денеска најавуваат претежно сончево и топло време со слаб променлив ветар и УВ фактор 9. Минималната температура ќе се движи од 10 до 21 степен Целзиусов, а максималната температура ќе достигне 39 степени Целзиусови. Во Македонска Каменица времето ќе биде сончево и топло со слаб северен ветар. На почетокот на неделата се очекува сончево и топло време со умрена облачност. Во понеделник се очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветар. Минималната температура ќе биде од 12 степена до 22 степена, а максимална температура од 33…

ПОВЕЌЕ ...

Следниот викенд е продолжен, има уште еден неработен ден во август Во сезоната на годишни одмори, јули мина без ниту еден неработен ден, додека во август има два неработни дена. Тоа се 2 август (петок), Ден на Републиката и за православните верници – 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). izvor> Курир Во сезоната на годишни одмори, јули мина без ниту еден неработен ден, додека во август има два неработни дена. Тоа се 2 август (петок), Ден на Републиката и за православните верници – 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). До крајот на годинава…

ПОВЕЌЕ ...

ДЕН НА ДИЈАСПОРАТА 2024 ГОДИНА Културно информативниот центар Романса од Македонска Каменица го одреди 11. Август за датум кога на туристичко манастирскиот комплекс “Еленец”, во село Цера ќе се одржи традиционалната манифестација Ден на дијаспора. Според истакнатото од КИЦ “Романса” манифестацијата нуди богата културно уметничка програма и народна веселба со нашите иселеници во странство од целиот источен регион. Манифестацијата е во организација на КИЦ “Романса”, Општина Македонска Каменица и Здружението на граѓани “Еленец”, село Цера.

ПОВЕЌЕ ...

Според информациите на Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот се случил во 8 часот и 46 минути. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Пехчево, Берово и околината. Вчера попладне во истиот дел од државата беа регистрирани два потреси од кои едниот во 18 часот и 28 минути, од 3.6 степени според Рихтер, а вториот во 18 часот и 30 минути со локална Рихтерова магнитуда од 2,9 степени. Земјотресите вчера беа почувствувани од жителите на Берово, Делчево и Македонска Каменица.

ПОВЕЌЕ ...

Удавената жена ја пронашол нејзиниот 64-годишен син, кој го пријавил случајот во кочанската полиција откако еден час претходно пријавил дека мајка му исчезнала Осумдесет и деветгодишна жена од селото Оризари, Кочанско, утрово била пронајдена удавена во канал за наводнување во близина на селото, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). Удавената жена ја пронашол нејзиниот 64-годишен син, кој го пријавил случајот во кочанската полиција откако еден час претходно пријавил дека мајка му исчезнала. Телото на починатата било извлечено од екипа на кочанските пожарникари, додека лекари констатирале смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било…

ПОВЕЌЕ ...

Два земјотреси со рихтерова магнитуда од 3,6 и 2,9 степени вчера попладнето се регистрирани на територијата на крајниот исток на Македонија. Потресите биле регистрирани околу 18 часот и 30 минути на подрачјето Делчево – Берово на 125 километри јужно од Скопје. Со истиот интензитет, потресите се почувствувани и во подрачјето на Македонска Каменица. – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 25.07.2024 година, регистрираше два земјотреси чии епицентри припаѓаат на епицентрално подрачје Делчево – Берово, 125 km југоисточно од Скопје. Првиот земјотрес се…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 25. Јули 2024 година – Инсталирана е новата современа пречистителна станица на вода за пиење во село Цера. Со оваа инвестиција на општина Македонска Каменица, трајно се решаваат проблемите со чиста и здрава вода за пиење на домаќинствата од Стара Каменица и село Дулица. – Општина Македонска Каменица ќе продолжи посветено да работи во насока на подобрување на условите за живеење во урбаната заедница и во руралните средини. Остануваме посветени во решавање на проблемите со обезбедување на чиста и здрава вода за пиење на сите наши жители. Денеска, радува фактот што за жителите од приградската населба Стара Каменица…

ПОВЕЌЕ ...