Author: Media Point

Погледнете дел од атмосферата од Младински самит, организиран од Младинскиот образовен форум, по повод Светскиот ден на вештини на младите, каде учествуваа 9 наши млади сограѓани како претставници од Здружението “Надеж – Норе” од Македонска Каменица. – За време на самитот, претставници од младински организации од целата државата ги зајакнаа своите знаења и вештини за употреба на вештачка интелигенција при аплицирање проекти, наоѓање алтернативни извори на финансирање, управување со проекти како и привлекување публика за настани и создавање бренд на (социјални) медиуми, – истакнуваат за настанот од Младинскиот образовен форум Преку вакви иницијативи, Активноста на USAID North Macedonia за млади…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 16. Јули 2024 година – 19 годишниот Флорим Асани е најново засилување во редовите на ФК Каменица Саса од Македонска Каменица. Доаѓа од Академијата на тетовска Шкендија, каде бележи успешни натпревари во повеќе младински категории. Со ова доаѓањето на младиот Асани, нашата екипа ФК Каменица Саса ја засилува десната бековска позиција. Заедно со претходните засилувања македонскиот второлигаш од Македонска Каменица ветува силно подбрен состав на повеќето позиции во играта. Се надеваме дека спојот на искуството и младоста треба да даде значително подобри резултати во текот на претстојната натпреварувачка сезона. Следен натпревар во рамки на подготвителниот период, Саса ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 16. Јули 2024 година – Општина Македонска Каменица упатува Соопштение до граѓаните дека во среда на 17. Јули 2024 година, во доцните вечерни часови ќе биде спроведено (трето) терастично третирање против комарци во централното градско подрачје на вкупна површина од 200 хектари. Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови. Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето. При несоодветни временски услови, третирањето против комарци ќе се одложи за следниот…

ПОВЕЌЕ ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која со која се врши врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,69% во однос на одлуката од 11.7.2024 година. Од полноќ за еден денар поевтинуваат бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, додека цената на дизелот ќе се намали за 1,5 денари. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 2,00 ден/лит, а на мазутит за 0,716 ден/кг. Од 16.7.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС…

ПОВЕЌЕ ...

Министерството за образование и наука ги известува студентите запишани на јавните и приватните високообразовани институции во државата, дека е објавен Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во државата за академската 2024/2025 година. Согласно конкурсот, обезбедени се 4303 места, од кои 1034 за студенти од прва година, а 3269 се предвидени за студенти од втора, трета, четврта, петта и шеста година, како и апсолвенти. Право на прием имаат редовни студенти кои се државјани на Република Северна Македонија и се школуваат надвор од местото на живеење, запишани на додипломски студии со траење: помалку од осум семестри, а…

ПОВЕЌЕ ...

На третата Недела по Педесетница, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко чиноначалствуваше во храмот ,,Свети Наум” во Делчево. По читањето на Светото Евангелие Епископот одржа пригодна беседа во која ја протолкува денешната евангелска перикопа. За време на Литургијата верниот народ се причести со Светите Божествени дарови. После Богослужбата на покана на родителите на новороденчето, Епископот г. Марко изврши чин на свето крштение на божјото чедо Алексеј Стојчев.

ПОВЕЌЕ ...

Од денеска се воведува целосна забрана за движење во шумите Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор. Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, и истата започнува од 15.07.2024 година и ќе трае се до денот на нејзиното отповикување, во терминот од 06:00…

ПОВЕЌЕ ...

Разговорите за времето сѐ почесто се претвораат во приказни за бури, топлотни бранови, суши, поплави… Сите овие несреќи нè погодуваат почесто и пожестоко од кога било, а предвидувањата на научниците стануваат сѐ помрачни и велат дека повеќе од половина од Земјата до крајот на векот ќе премине во нови климатски зони. Овие наведувања може да се протолкуваат и како општи изјави, кои можат или не мора да влијаат врз нас лично, бидејќи понекогаш е тешко да се идентификуваме со толку долгорочни прогнози. Затоа е добро и поучно, па дури и предупредувачко, да се види како овие промени ќе влијаат врз…

ПОВЕЌЕ ...

Почина Шенен Доерти, ѕвездата на култната серија „Беверли Хилс 90210“ Шенен Доерти, ѕвездата на Беверли Хилс, 90210, почина по долгогодишна борба со ракот на дојката. Таа имаше 53 години. „Со тешко срце ја потврдувам смртта на актерката Шенен Доерти. Во саботата, на 13 јули, таа ја загуби битката со ракот по долги години борба со болеста“, рече публицистот на Доерти, Лесли Слоун во изјава за People. Доерти се прослави во 1990 година како Бренда Волш во мегапопуларната серија Беверли Хилс, 90210. Нејзиниот брат близнак Брендон го играше Џејсон Пристли, со кого остана блиска до крајот на животот.

ПОВЕЌЕ ...

Физички нападната 34 годишна жена од Виница, од страна на жена, маж и двајца малолетници. „Денеска (13.07.2024) во 02:15 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница ги лишиле од слобода К.М.(65) и Д.М.(45) по претходна пријава дека околу 01:40 часот во парк во Виница заедно со уште две малолетни лица физички ја нападнале С.И.(34) сите од Виница“, информираа од МВР. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ПОВЕЌЕ ...