Македонска Каменица, 07. Октомври 2024 година – Контакт3 –Заокружување Центар за советување,психотерапија, едукација, личен раст и развој – Штип, денеска склучи Меморандум за соработка со ООУ Св.„Кирил и Методиј “ од Македонска Каменица. Како што истакнуваат од Контакт3, целта за склучување на Меморандумот е воспоставување на соработка на полето промоција, развој и унапредување на менталното здравје кај децата и адолесцентите.
Author: Media Point
Во рамки на 7. коло – Првата женска македонска фудбалска лига екипата на ЖФК Каменица САСА со минимални 1:0 го победи ЖФК Скопје 2014 за нови три бодови. – Нова победа и плус три бода во тврд натпревар кадешто нашите девојки покажаа карактер и заслужено на крајот излеговме победници, – велат од клубот по натпреварот, изразувајќи чститки за целиот тим и благодарност до публиката за поддршката!
Во денешниот натпревар од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, нашата екипа ФК Каменица Саса гостуваше во Струмица, каде со нерешен резултат од 2:2, одигра одличен и тежок меч против екипата на ФК Беласица. Ова е четврти натпревар по ред во кој нашата екипа останува непобедена, што е огромен успех и потврда за квалитетот и борбеноста на нашите играчи. Стрелци на головите за нашата екипа беа Кристијан Чурлинов и Андреј Симевски. Со оваа серија од добри резултати, се приближуваме до остварување на нашиот цел – пласман во горниот дел од табелата. Вашата поддршка, значи многу. Тоа е наша најголема…
Градскиот а капела хор “Ѓерѓеф” ги собра наградите на VII Меѓународен фестивал за камерни хорови „АСТИБО Фест” Со голема гордост објавуваме дека синоќа А капела хорот “Ѓерѓеф” од соседно Делчево оствари извонреден успех на „АСТИБО Фест”, каде што нивните три ансамбли освоија три први места во три различни категории! Градскиот а капела хор „Ѓерѓеф“ од Делчево триумфираше на престижниот натпревар „АСТИБО Фест”, освојувајќи го првото место во својата категорија! Под вештото диригентство на проф. м-р Елена Ѓеоргиевска, хорoт ја воодушеви публиката и жири-комисијата. Аранжманите, создадени со многу посветена работа, труд и бројни часови во студио, создадоа извонредна музичка атмосфера која…
Македонска Каменица 06. Октомври 2024 година – Во Македонска и Штип Каменица се одржаа првите работилници за стимулација и развој на емоционална интелигенција кај деца на тема Свест за себе. – Емоционалната интелигенција почнува од свеста за себе која опфаќа препознавање и разбирање на сопствените емоции и нивното влијание на мислите и однесувањето. Предуслов за препознавање на своите емоции е препознавање и именување на различни емоции, – истакнуваат од Центарот за советување и креативен развој кај деца и возрасни Контакт3 Повеќето деца, како и многу возрасни, додаваат од Контакт3, имаат во својот речник мал број емоции кои ги познаваат,…
Македонска Каменица, 05. Октомври 2024 година – Екипата на ФК Каменица Саса, утре во рамки на 7. Коло од ВМФЛ гостува во Струмица каде ќе ги одмери силите со екипата на ФК Беласица – По одличните резултати на нашите момци против Македонија Ѓ.П. во Скопје и против екипите на Борец и Арсими на домашен терен, се полни со самодоверба, мотивација и желба за нова победа, – велат од клубот пред утрешниот натпревар Натпреварот не го оценуваат како лесен, но веруваат во силите на сопствената екипа и во поддршката од трибините! Сите заедно, можеме да ја оствариме целта – нови три…
Филмот „Јорговани“, кој достигна огромна популарност на балканските простори, предизвика огромен интерес кај виничката публика. По огромната посетеност на првата проекција во Домот на култура „Тошо Арсов“, веќе е закажана и втора проекција на филмот за 08. Октомви 2024 година, во вторник со почеток од 19:30 часот Влезните билети веќе се во продажба во просториите на Дом на култура – Виница.
Хуманитарниот концерт насловен „Во спомен на љубовта за Данче“ ќе се одржи на 6 октомври (недела) во НОБ, а во чест на 10-годишнината од смртта на еден од највлијателните домашни музички менаџери и продуценти Даниел Милошески – Данче, човекот кој остави неизбришлив белег во македонската и балканската музичка индустрија. Во негова чест и со единствена цел да се одбележи наследството што го остави, ќе настапат: Ареа, Агни Авшар, Ана и Стефан Петановски, Бени и Нон стоп, ДНК, Златно славејче, Кристина Арнаудова, Николче Мицевски, Поп арт бенд, Пајак и Лара, Слаткаристика. Комплетниот приход од концертот ќе бие пренасочен во хуманитарни цели, односно ќе биде дониран за…
Македонска Каменица, 04. Октомври 2024 година – Општина Македонска Каменица изготви техничката документација за изградба на велосипедска патека на сртот од Осоговските планини со типски планински објекти и промотивни електрични планински велосипеди Од општината известуваат дека целосно е завршена постапката за изработка на техничка документација за обележување и трасирање на велосипедската патека по сртот на нашите прекрасни Осоговски планини. Станува збор за проектот “Од подобро искористување на природното и историското наследство до зголемена туристичка атрактивност на прекуграничната област”. – Со рехабилитација, уредување и обележување на планинска велосипедска патека во должина од 26.102 метри, ќе ја подобриме туристичката понуда на Македонска…
Пред 29 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски. Истрагата утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година во 9:50…
