Author: Media Point

Низ сите мечеви, а особено денеска во финалето главен лидер на тимот беше Никола Јаничиќ. Постигна 30 поени и сосема заслужено се закити со признанието МВП, најдобар играч на првенството. Во идеалната петорка, освен него е е избран и Марко Луканоски Jуниорската репрезентација на Македонија се закити со титулата на Европското Првенство – Б дивизија што се одржува во Скопје, откако победничка серија ја продолжија и на денешното финале против Австрија, триумфирајќи со конечни 98-88. Со победата, оваа генерација кошаркари по две години пак се враќа во европската елита. Оваа генерација кошаркари после две години се враќа во европската елита.…

ПОВЕЌЕ ...

Ново во нашиот град Продажба на НОВИ станови! Се продаваат нови станови во предградба, што ги прави идеални за изградба, онака како што Вие го замислувате вашиот дом. Дозволете заеднички да го изградиме вашиот нов дом, со најнови енергетски материјали и високи стандарди. Купувањето стан во предградба Ви нуди одлична можност за избор на големина и распоред на просторот, токму како што вам Ви одговара. Становите се наоѓаат на топ локација во строгиот центар на Македонска Каменица, во непосредна близина на општината. Повеќе информации на телефон 070 200 972 и 078 485 110 (маркетинг / mediapoint)

ПОВЕЌЕ ...

Мироносица рамноапостолна. Родум од местото Магдала крај Генисаретското Езеро, од племето Исахарово. Претходно мачена од седум зли дуохви, од кои ја ослободи Господ Исус и ја направи здрава. Верна следбеничка и служителка на Господ за време на Неговиот земен живот. Стоеше под Крстот на Голгота заедно со Пресвета Богородица и тагуваше горко. По смртта на Господ трипати го посети Неговиот гроб. Кога Господ воскресна, Го виде двапати: еднаш додека беше сама, а вторпат заедно со останатите жени Мироносици. Патуваше во Рим, излезе пред кесарот Тибериј и предавајќи му црвено обоено јајце го поздрави со зборовите: „Христос воскресна!“ Тогаш пред кесарот…

ПОВЕЌЕ ...

Се продава двособен стан на улица Рударска број 6/7 во Македонска Каменица. Станот со површина од 64 м², се наоѓа на третиот кат и се наоѓа во добра состојба. Повеќе информации можете да добиете на следниов телефонски контакт број: +389071553249 (вибер)

ПОВЕЌЕ ...

Ланецот „Филитеа“ кој успешно се етаблира во полето на угостителството со рестораните во Кочани и Штип, не престанува со уникатното истакнување на својата богата понуда на квалитетно приготвената вкусна храна и врвните услуги кои ги нудат. Рестораните Филитеа тврдат дека успешно остваруваат уште една од нивните цели. На задоволство на сите, успеаја да ја донесат превкусната „Моника Белучи“ во менито од нивните ресторани во Штип и Кочани. Кликнете на фотографијата подолу и видете го краткото интересно видео со нивната Моника Белучи: Пица ресторан „Филитеа“ Кочани Контакт телефон: 070 922 100 Премиум ресторан „Филитеа“ – Штип Контакт телефон: 071 224 501…

ПОВЕЌЕ ...

Пронајдена е 14 – годишната Клара која вчера исчезна во скопската населба Илиден ваквата информација ја потврдила нејзината мајка за Телма. Апелот за исчезнувањето на Клара беше молскавично споделен на социјалните мрежи Девојчето според Телма, било најдено кај Транспортниот центар во Скопје. Центарот бил една од двете локации (покрај Градскиот парк) каде се одвиваше засилена полициска потрага бидејќи преку скриен телефонски број мајката добила известување дека девојчето по семејната караница со автобус 63 заминало од Илинден во центарот на Скопје. На мајката и било посочено дека девојчето ќе преспие на отворено или на Железничката станица во Скопје или во Градскиот парк. Полицајците и…

ПОВЕЌЕ ...

Авто-мото сојузот на Македонија ги известува граѓаните дека од 07:40 ч. сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е во прекин поради случена сообраќајна незгода. Се уште нема дополнителни информации поврзани со овој настан.

ПОВЕЌЕ ...

Македонија денеска го празнува 2 Август – Денот на Републиката. Ден со кој на Илинден во 1903 година – со Илинденското востание и Крушевската република, а потоа и на вториот Илинден, во 1944 година со АСНОМ – Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија, беа поставени столбовите на Републиката и на државноста Македонија.

ПОВЕЌЕ ...

ФК Каменица Саса денеска го одигра најавениот контролен натпревар со Осогово во Кочани каде нашата екипа беше подобра со 1:2. Стрелци на головите за екипата од Македонска Каменица беа Бурим Алиев и Тони Мичковски. Двата гола за екипата на Саса беа постигнати во вториот дел од натпреварот. Претходно, домаќините го отворија резултатот уште во првото полувреме од мечот преку голот на капитенот на домашната екипа, Тоше Манов. Следниот контролен натпревар екипата на ФК Каменица Саса го игра со најтрофејниот македонски клуб Вардар. Натпреварот е од хуманитарен карактер. Истиот се игра во недела на градскиот стадион во Македонска Каменица, со почеток…

ПОВЕЌЕ ...

Јавното птетпријатие Камена Река во Македонска Каменица воведува повисоки стандарди за хигиена и заштита на здравјето на граѓаните, со редовното дезинфицирање и перење на контејнерите за отпад. Акцијата е дел од сеопфатен план за подобрување на чистотата во градот и за заштита на здравјето на граѓаните од општина Македонска Каменица. Со современа опрема и еколошки прифатливи средства, тимовите на претпријатието секојдневно се ангажираат за темелно чистење на контејнерите. Овој процес вклучува дезинфекција и отстранување на непријатните мириси, што придонесува за поздрава и почиста околина. – Целта ни е да обезбедиме повисоки стандарди на хигиена и да ја зголемиме свеста кај…

ПОВЕЌЕ ...