Нов паркинг простор за помодерен и функционален градски живот во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 04. Јануари 2025 година – Во централното градско подрачје на Македонска Каменица се финализира изградбата на нов паркинг простор, кој ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и функционалноста на сообраќајот.

Новото паркиралиште, со површина од 550 м², обезбедува 20 паркинг места и пристапна улица за жителите од улица Александар Македонски. Дополнително, просторот ќе биде опремен со современа урбана опрема и ќе се изврши хортикултурно уредување, со што ќе се создаде пријатен и естетски привлечен амбиент.

– Проектот се реализира во рамките на Договорот за бетонски работи и партерно уредување на јавни површини, со цел да се обезбедат подобри услови за паркирање, како и поголема безбедност и функционалност на сообраќајот во градот. Со овој проект ја покажуваме нашата заложба за создавање на поудобен и современ градски живот за сите наши сограѓани“, изјави градоначалникот Атанасовски при извршениот увид на градежните работи

Овој инфраструктурен зафат е дел од програмата за работа на локалната самоуправа за урбан развој и подобрување на условите во сообраќајот во Македонска Каменица.

