Возљубени,
На ден 06.01.2025 година понеделник ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство Епископот Делчевски каменички г.Марко
Пречек на надлежниот Архиереј во храмот св.Успение на Пресвета Богородица во Македонска Каменица во 07:30 часот.

По завршувањето на Светата Литургија во 11 часот Неговото Преосвештенство Епископот Делчевски каменички г.Марко заедно со градоначалникот на општина Македонска Каменица г-дин Димчо Атанасовски срдечно ќе ги пречекаат сите дечиња и ке се упатат низ улиците на Македонска Каменица кој заедно со сите деца ке ја испеат песната Вечниот и ке се изведе Божиќната поворка за ова лето Господово 2025 година.
На крајот ќе бидат поделени скромни подароци за секое детенце .
Дојдете сите заедно да се радуваме, понесете ги вашите најмили, мали големи и возрасни, та сите да уживаме во ова прекрасна глетка, која ги топли нашите души.
Ви посакуваме топли празнични моменти!
Од Свештенството на храмот !

