Македонска Каменица, 24. Декември 2024 година – Во рамки на вчерашната посета на детската градинка „Бамби“ градоначалникот Димчо Атанасовски беше запозаен со реализираните проекти кои значително го подобруваат квалитетот на условите за нашите најмлади во оваа воспитно негователска установа во Македонска Каменица.

Од страна на директорката Тодорка Велиновска, градоначалникот Атанасовски беше запознаен со реализираните активности, со кои градинката доби:
– Комплетно модернизирана кујна со нов индустриски шпорет, конвектомат за печење, инвертер клима, нови ѕидни и подни плочки, како и росфај висачиња.
– Дополнително се набавени нови столови, фрижидери, клима уреди, правосмукалки и блендери, кои се од големо значење за функционирањето на установата.
– Нови шкафови, масички и столчиња во занималните, како и 70 нови душеци за креветчиња.
– Целосно реновирана занимална за јасли, која сега е со освежени ѕидови, нови тапети, креветчиња, масички, столчиња и боксови за пресоблекување.

– Овие инвестиции се резултат на нашата заедничка заложба за обезбедување на подобри услови за спроведување на воспитно негователскиот процес за нашите деца.
Продолжуваме посветено да вложуваме во образованието и благосостојбата на најмладите, – истакна градоначалникот Димчо Атанасовски
Во детската градинка Бамби во Македонска Каменица има околу 160 дечиња, поделени во повеќе возрасни групи.


