Македонска Каменица, 14. Јануари 2024 година – Ловното друштво “М. Каменица-Саса” од Македонска Каменица издаде важно известување до своите членови во врска со ловните активности за месец јануари. Согласно решението донесено од надлежните органи при Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), воведени се заштитни мерки за спречување на ширење на африканската чума кај дивите свињи.
Ловните денови за оваа сезона се определени за 19-ти и 26-ти јануари. Во текот на овие денови, ќе биде дозволен лов на дива свиња и штетен дивеч.
По овие датуми, ќе стапи на сила ловостој — период на мир и заштита за дивечот. Управата на друштвото апелира до сите членови да се придржуваат кон законските прописи. Секое движење на ловечките терени со оружје за време на ловостојот ќе биде строго санкционирано.
Од управата на друштвото повикуваат на одговорно однесување и почитување на решението. За повеќе информации, заинтересираните членови можат да се обратат директно до ловното друштво на телефонскиот број 071 532 607.

