Author: Media Point
Памучните чепкалки изгледаат практично, безопасно и лесни за користење, но според многу експерти, нивната употреба не се препорачува, особено при чистењето уши кај дете. Имено, во увото природно се лачи оптимална количина секрет којшто има своја цел заштита и чистење на ушниот канал. Во повеќето случаи, и ушите на возрасните, и кај децата, самите си го регулираат вишокот ушно „жолтило“ и не треба дополнително чистење. Сепак, кај некои луѓе – вклучително и деца, може да има прекумерно наталожување „жолтило“, што може да предизвика блокирање на ушниот канал. Тоа може да е проследено со проблеми со слухот, ѕвонење, затнатост, болка, чешање,…
Македонска Каменица, 22. Октомври 2024 година – EVN ги известува жителите на Општина Македонска Каменица дека планира да врши технички зафати на 10кВ кабел ДВ (Луковица – Саса). Работењето ќе се одвива на 24. Октомври 2024 година, во периодот од 07:30 до 14:00 часот. Без напојување со електрична енергија во наведениот период ќе останат следниве населени рурални средини: Тодоровци, Луковица, Костин Дол, Косевица, Моштица и Саса. Исто така, во прекин ќе биде напојувањето со електрична енергија во фирмите: Де Пласт Монт, Мотел Луковица, Го Пласт Караман, Џино Инженеринг, ПВПП, НИНЕ СОЛАР и Рудник САСА. За сите дополнителни информации од EVN…
Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека 23 октомври 2024 (среда), Ден на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Македонска Каменица, 21. Октомври 204 година – Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски оствари успешна работна средба со претставници на Источен плански регион, посветена на изнаоѓање на најпогоден начин за спроведување на третата и последна фаза од проектот за поставување на фотоволтаични централи на Дом на култура, Дневен центар за лица со посебни потреби и Куќа на спортот во Македонска Каменица. – Клучни предности од реализацијата на овој проект за Македонска Каменица, како што оценува градоначалникот Димчо Атансовски, се намалување на трошоците за електрична енергија и заштеда на значителни средства за други важни инвестиции во нашата општина. Заштита на…
Македонска Каменица, 21. Октомври 2024 година – Вчера, 20-ти октомври, 17-та недела по Педесетница, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко во сослужение на свештенството началствуваше во храмот ,,Успение на Пресвета Богородица”во Македонска Каменица. По читањето на Светото Евангелие, Епископот искажа содржајна беседа во врска со денешното Свето Евангелие, каде е опишан еден чудесен настан на воскреснување на синот на една вдовица. Г. И. Христос со ова чудо ни покажал дека има власт над смртта. Онаму каде е присутен Животодавецот Христос, смртта е победена и обесилена. Затоа, ние на секоја Света Литургија треба да го примаме бесмртното тело и крв на…
Вчера се одигра 10. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија. Екипата на ЖФК Каменица Саса оствари убедлива победа на гостувањето во Речица, Куманово од 1:6. Со оваа победа, нашите девојки остануваат во чекор со водечките Тиверија Брера и Љуботен во борба за првото место.
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса, во новата работна седмица времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивно и со многу постудени утра, во кои по котлините и по речните долини ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност. Во Скопје и околината, исто така во новата работна седмица времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала до умерена локална облачност, а ќе биде и претежно тивко. Наутро ќе има услови за…
Наместо полно плато со дечиња во редица кои исчекуваат да влезат и да ги видат животните, денеска граѓаните налетаа на затворена врата каде што ги пречека ова известување кое што вели поради техничко оперативни работи дека зоолошката не работи. А, позади затворената врата десетина вработени од АХВ облечени во скафандери и со маски со пушки усмртија 35 птици, а дел од нив живи ги складираа во канти за отпадоци, што може да се види од видеата што ги испратија од ЗОО – Скопје Атмосфера – пукање, фрлање и фаќање на гуски Од АХВ преку соопштение информираа дека причината за ваквата…
Македонска Каменица, 19. Октомври 2024 година – Во денешниот натпревар, дел од 8. Коло на Втората фудбалска лига на Македонија, екипата на ФК Каменица Саса од Македонска Каменица беше поразена со 1:2 од екипата на ФК Охрид Лихнидос од Охрид. Стрелец на единствениот гол за домашната екипа беше Кристијан Чурлинов. Резултат на полувреме 0:1.
ИЗВЕСТУВАЊЕ УПАТЕНО ОД ДЕЛЧЕВСКО КАМЕНИЧКАТА ЕПАРХИЈА ДО ВЕРНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА И РЕГИОНОТ Македонска Каменица, 18. Октомври 2024 година – Делчевско – каменичката епархија упати Известување до верниците од Македонска Каменица и регионот со кое ги информира верниците дека на 03. Ноември 2024 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Крушевско-демирхисарски г. Јован ќе чиноначалствува со Света Божествена Литургија во Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ и ќе одржи предавање во Домот на култура на тема „Верата во Христа е спасение, а суеверието е погибел“. Известувањето од Делчевско – каменичката епархија ви бо пренесуваме во целост: Почитувани верници! На ден…
