АПЕЛ ЗА ВНИМАТЕЛНОСТ: Пожар во село Моштица – интервенирано со едно возило и четворица пожарникари
Македонска Каменица, 09 февруари – Територијалната противпожарна единица во Македонска Каменица апелира до граѓаните да не палат оган на отворен простор, бидејќи тоа е строго забрането со закон и може да предизвика сериозни последици. Во случај на пожар, повикуваат на навремено пријавување за да се спречат поголеми штети.

– Денеска пожарникарите интервенираа во село Моштица, каде што избувна пожар кој зафати околу 25 декари мешовита нискостеблеста шума. Во гаснењето беа ангажирани едно противпожарно возило и четворица пожарникари, – велат од ТППЕ Македонска Каменицао, од каде потсетуваат дека неодговорното палење на стрништа и друг горлив материјал претставува опасност не само за шумите и животната средина, туку и за имотите и животите на граѓаните. Секое сомневање за пожар треба веднаш да се пријави на соодветните служби.

