Author: Media Point

Е-трговијата зема сѐ поголем замав како на домашниот, така и на странскиот пазар. Македонските потрошувачи во 2023 година потрошиле вкупно 649,3 милиони евра на виртуелните места за продажба во државата и во странство, соопшти Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ). Оваа бројка е за 18 насто повисока во однос на 2022 година. Како расте трговијата преку интернет, така расте и бројот на пренесени пратки. Овој тренд во Македонија создаде нова моќна индустрија за достава на пратки. Анализата што ја направи порталот Пари во соработка со БизнисМрежа покажува дека иако Македонска пошта прави најголем промет, таа постојано трупа загуби. Државната компанија со 1.850 вработени направила…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 05. Септември 2024 година – Со доизградба на главниот колектор за фекалната канализација општина Македонска Каменица продолжува со работните активности за унапредување на квалитетот на живот во урбаната средина од Македонска Каменица.   – Со овој проект првенствено овозможуваме подобрување на хигиената со поефикасно собирање и одводнување на отпадните води. Подигање на квалитетот на живот во чиста животна средина, со подобрени хигиенски услови за сите жители на нашата општина, особено на спортистите и рекреативците кои во непосредна близина секојдневно го користат новоизградениот повеќенаменски спортски комплекс. Исто така, спречуваме пропуштање на фекалните води и значително го намалуваме загадувањето на…

ПОВЕЌЕ ...

Културно-уметничкото друштво „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица започнува со упис на нови членови за 2024/2025 година. Дозволете новата учебна година да стане ваша инспирација за нови предизвици и успеси во промоцијата на македонскиот фолклор. Станете дел од нашето големо семејство, каде што ќе имате можност да учествувате во зачувувањето на македонската традиција и култура. Покрај тоа, ќе запознаете нови пријатели, ќе развивате спортски дух, и ќе создадете незаборавни спомени преку настапи и турнеи низ Македонија и странство. Пријавите се одржуваат секој вторник и четврток од 16:00 до 21 :00 часот во просториите на КУД„Вера Јоциќ“ во Дом на Култура Македонска…

ПОВЕЌЕ ...

Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност, а од петок следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР. Процесите ќе бидат поинтензивни во петок и сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

ПОВЕЌЕ ...

Овој „Volkswagen Golf Mk2“ под каросеријата крие турбо VR6 и погон на сите четири тркала. Освен големите тркала, овој „Golf II“ можеби не изгледа супериорно. Но, под површината крие моќен погон на сите четири тркала достоен на суперспортски автомобил. Овој „Golf“ го придвижува 2.9 литарски „VR6“ од „Volskwagen“. Моторот е многу модифициран за да може да го издржи засилувањето од „BorgWarner EFR 9180“ турбополначот. Како што наведува „Engine Swap Depot“, погонски систем произведува 898 коњски сили и 1.000 Nm вртежен момент. Сиот тој потисок доаѓа на тркалата преку петстепенски секвенцијален менувач и модерен „4Motion VW“ систем со погон на сите…

ПОВЕЌЕ ...

На 01.09.2024 околу 12.50 часот на магистралниот пат Граничен премин Делчево – Бугарија, над с.Ѕвегор, делчевско, полициски службеници пронашле две лица мигранти од Сирија и Мароко. Со нив бил извршен службен разговор, по што биле пренесени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка.

ПОВЕЌЕ ...

На 02.09.2024 во 16.00 часот во ОВР Виница, 36 – годишна жена од Виница пријавила дека на почетокот на јули 2024, С.Н., сопственичка на куќата во Виница во која престојувала под кирија, ја принудила да подигне брз кредит, по што со закана и ги одзела парите и ја избркала од домот. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово целосно расчистување.

ПОВЕЌЕ ...

По кратко боледување денеска почина Бора Ѓорѓевиќ, легендарниот рокер и фронтмен на групата „Рибља чорба“. Информацијата за неговата смрт ја соопшти токму бендот. „Почитувани пријатели, со тага и жалост ве известуваме дека нѐ напушти нашиот пријател и брат, Борислав Бора Ѓорѓевиќ. Почивај во мир наш драг Боки“, стои во соопштението на бендот. 71 годишниот Ѓорѓевиќ почина во Клиничкиот центар во Љубљана каде беше примен поради тешко воспаление на белите дробови.

ПОВЕЌЕ ...

Во вчера одиграниот натпревар помеѓу екипите на штипска Брегалница и ФК Каменица Саса славеше домашната екипа со 2:1. Натпреварот беше дел од третото коло на Втората македонска фудбалска лига. Иако гостите од Македонска Каменица го отворија резултатот и први дојдоа во водство на градскиот стадион во Штип преку голот на Тони Мичковски. Домаќините во два наврати стрелаа прецизно во мрежата на Симон Стојковски за целосен резултатски пресврт. За втор погодок на Брегалница и конечен резултат на натпреварот, беше досуден удар од 11 метри, кој домаќините успешно го релизираа. ФК Каменица Саса до крајот на натпреварот создаде неколку полушанси, кои не…

ПОВЕЌЕ ...

Каменичките училишта ги отворија вратите за учениците – Градоначалникот Атанасовски честитајќи го почетокот на новата учебната година подели униформи и училишен прибор. Пред првиот час за 46 првачиња во ООУ Св. Кирил и Методиј во Македонска Каменица, во кругот на училиштето беше одржана кратка пригодна програма. На настанот се обрати градоначалникот Димчо Атанасовски и директорот на училиштето Виктор Георгиевски. Како што претходно вети градоначалникот Атанасовски, со почетокот на новата учебна година, сите ученици од каменичката деветолетка добија училишни униформи, а првачињата добија и подароци со училишен прибор. Честитката од градоначалникот Димчо Атанасовски ви ја пренесуваме во целост: Почитувани ученици, наставници…

ПОВЕЌЕ ...