Во напредна фаза е изградбата на фекалната канализација на улица Македонска
Проектот за изградба на фекална канализација на улица Македонска во Македонска Каменица е во завршна фаза. Според информациите од градоначалникот Димчо Атанасовски, во моментов се работи на последните 70 метри од вкупно 270 метри, со што инвестицијата на Општината ќе биде целосно реализирана.
Атанасовски истакна дека локалната самоуправа останува посветена на континуирани вложувања во квалитетна комунална инфраструктура и обезбедување подобри услови за сите граѓани на Македонска Каменица.



