На 21 септември започнува ловната сезона за дива свиња во ловиштето „Вратиславци“
Ловното друштво „М. Каменица – Саса“, концесионер на ловиштето „Вратиславци“, известува дека на 21 септември 2025 година започнува ловната сезона за дива свиња. Редовни ловни денови ќе бидат неделите и државните празници, а дополнителен лов ќе се дозволува од понеделник до четврток со надоместок.
Дневни дозволи ќе можат да извадат сите ловци со подмирена членарина и важечка легитимација, како и оние што се во постапка за нејзино добивање.
Од друштвото апелираат за строго почитување на правилата и безбедноста, задолжително носење на флуоресцентен елек и внимателно ракување со оружјето.
