Author: Media Point

Во рамки на 2. Коло од Првата женска фудбалска лига екипите на ЖФК Топ Гол и ЖФК Каменица САСА одиграа со резултат од 0:4 во корист на каменичанки. – Добар натпревар со доминантна игра и многу создадени шанси пред голот на домашната екипа. На прав пат сме, но ќе се подобруваме и воигруваме уште повеќе. Честитки за целиот тим, – изјави по натпреварот тренерот на ЖФК Каменица САСА, Зоран Златковски Стрелци на головите за нашата екипа беа Димитровска (2), Велковска (1) и Фрагосо (1).

ПОВЕЌЕ ...

Од утре следува период на претежно стабилно време, освен во планинските подрачја каде ќе има ретка појава на претежно попладневен пороен дожд и ретки грмежи. Дневните температури ќе бидат повисоки за околу 2 до 3 степени.

ПОВЕЌЕ ...

За 245 илјади основци и средношколци денеска почнува новата учебна која ќе трае до 10 јуни. Како што е најавено, учебнава година ќе започне со навремено испорачани учебници кои уште денеска треба да им бидат поделени на учениците. Оваа учебна година нема да има пролетен распуст, како што имаше минатата година. Одлуката на министерството да го укине пролетниот распуст доаѓа од резултатите што ги добиле од спроведената анкета меѓу наставниците, родителите и учениците. Мнозинството од анкетираните се изјасниле дека ваков распуст не е потребен. Учебната година за сите ученици и од основното и од средното образование ќе трае до 10…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 01. Септември 2024 година – ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица го засилува својот состав со младата и талентирана кошаркарка Анастасија Тодорова. Доаѓа од екипата на Про Баскет од Кавадарци. Како универзална играч на позициите 1 и 2, Анастасија има богато искуство во младинските репрезентации на Македонија, каде бележи успеси во категориите М14, М16 и М18. Со својот дриблинг, шут и визија за игра, Анастасија ќе биде од голема важност за повторување на интернационалните и државните успеси на македонскиот шампион и освојувач на Купот на Македонија, екипата на Баскет Кам од Македонска Каменица. Нејзиното пристигнување во Баскет Кам,…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, [01. Септември 2024 година] – Во својата постојана заложба за благосостојба на заедницата, Рудник САСА за време на одбележувањето на Денот на рударите, најави и реализираше неколку донаторски проекти. Во тие рамки САСА направи значајна донација кон детската градинка „Бамби“ во Македонска Каменица, каде со нови дидактички материјали и ентериер целосно се реновирани и опремени шест заминални. Директорката на детската градинка „Бамби“, Тодорка Велиновска, изрази огромна благодарност кон општествено одговорната компанија Рудник САСА за оваа донација: „Оваа инвестиција значи многу за нас и за нашите деца. Со новата опрема и реновираните простории, ќе можеме да создадеме…

ПОВЕЌЕ ...

Известување до учениците, студентите и просветните работници В недела, на 01. Септември 2024 година, по светата Литургија во 09:00 часот во храмот Св. Успение на Пресвета Богородица во Македонска Каменица ќе биде отслужен молебен канон за благословена и успешна нова учебна година. Повелете на заедничка молитва, – велат во известувањето упатено од свештенството

ПОВЕЌЕ ...

Долгогодишниот македонски ракометен репрезентативец со 155 настапи во националниот дрес, голманот со богата интернационална кариера Борко Ристовски, од пред два месеци, е во комплетно нова професионална улога. Тој е на чело на новото Министерство за спорт. Ќе го вратиме спортот каде што му е местото во македонското општество, обезбедени се пари за ваучерите, со Даниел Димевски немам намера да комуницирам, спортисти и спортски работници не смее да ја рекламираат индустријата за игри на среќа, а оние што го прават тоа ќе ја загубат државната помош, вели во интервју за Рес Публика. Прашање: Повеќепати од доаѓањето на функцијата зборувате за воведување…

ПОВЕЌЕ ...

Венко Крстевски – независен член на Советот во општина Кочани наместо протест најави организирање на забава во кругот на градската депонија Независниот член на Советот на општина Кочани, Венко Крстевски наместо протест најави организирање на забава во кругот на градската депонија која подолг период гори и го загадува градот. Ова како идеја доаѓа поради фактот што протестите организирани пред неколку месеци, според Крстевски, не даваат конкретни чекори за решавање на проблемот. Локалната самоуправа, пред неколку денови, најави почеток на активностите за покривање на депонијата и конечно решавање на овој горлив проблем во Кочани. – Дечки, бидејќи многуте протести не резултираа…

ПОВЕЌЕ ...

Независниот член на Советот на општина Кочани, Венко Крстевски наместо протест најави организирање на забава во кругот на градската депонија која подолг период гори и го загадува градот. Ова како идеја доаѓа поради фактот што протестите организирани пред неколку месеци, според Крстевски, не придонеле за решавање на проблемот. Локалната самоуправа, пред неколку денови, најави почеток на активностите за покривање на депонијата и конечно решавање на овој горлив проблем во Кочани. – Дечки, бидејќи многуте протести не резултираа со решавање на проблемот со аерозагадувањето од градската депонија, на денешната седница на Совет на Општина Кочани најавив дека на 7ми Септември (Денот…

ПОВЕЌЕ ...

Културно уметничкото друштво „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица продолжува да ја негува и пренесува традицијата благодарение на поддршката од општествено одговорните компании кои се посветени на зачувување на македонскиот фолклор и култура. Компанијата “Го Пласт Караман”, како дел од својата општествено одговорна мисија, донираше рачно изработени “пафти” кои ќе бидат користени при сценските настапи. Оваа донација значително придонесува за автентичниот изглед на народните носии и допринесува кон зачувување на македонската традиција. Исто така, Палмас ДМТ во повеќе наврати е вклучена во поддршката за „Вера Јоциќ“. Овојпат со донирање на брендирани маички за сите сегашни и идни играорци и фолклористи, помога…

ПОВЕЌЕ ...