Традицијата продолжува – Ловечка вечер во Каменица во организација на Ловното друштво “М.Каменица – Саса”
По подолга пауза, Ловечкото друштво „КАМЕНИЦА-САСА“ повторно ја организира традиционалната Ловечка вечер, која ќе се одржи на 28 февруари 2025 година (петок) во ресторанот „Иднина“ со почеток во 19:00 часот.
Настанот, кој важи за еден од најочекуваните собири на ловџиите и љубителите на добрата забава, ќе понуди богата програма. Како и секоја година, централно место ќе има лотаријата, а главна награда ќе биде ловечка пушка.

За музичкиот дел ќе се погрижи Active Band, предводен од познатата пејачка Анета Арсовска, која ќе се погрижи атмосферата да биде на високо ниво.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од петок, по цена од 1000 денари, а организаторите нагласуваат дека важи правилото „Прв дојден – прв услужен“.

Овој настан е одлична можност за љубителите на ловот и природата да се соберат, да споделат искуства и да уживаат во пријатна атмосфера.

