Author: Media Point

Според податоците од Централниот систем за издавање на полиси за авто одговорност при НБО, објавени од порталот ПАРИ, во нашата земја секојдневно учествуваат над 50.000 автомобили со истечена регистрација. Иако законот налага задолжително поседување на полиса за осигурување на возилото заедно со регистрацијата, многу возачи ја игнорираат оваа обврска. Осигурувањето на возилото е законска обврска која не само што го штити возачот, туку и останатите учесници во сообраќајот од можни незгоди и штети. Во случај на незгода со возило без осигурителна полиса, возачот е должен сам да ја покрие целата штета, а покрај тоа, се соочува и со високи казни. Овие…

ПОВЕЌЕ ...

Се продава/издава деловен објект во Македонска Каменица Објектот со вкупна површина од 884 м2 и површина на дворно место од 1000 м2, се наоѓа на улица Церска 102. Овој објект е модерен, функционален и погоден за повеќе намени и разни видови на бизнис. Објектот е изграден е во 2000 година. Цена по договор. Контакт за заинтересирани физички и правни лица: Viber/Whatsapp: +41 076 510 57 56 Телефон: 070 430 302.

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот Атанасовски со срдечен прием ја пречека нашата олимпијка Михаела Павловска Македонска Каменица, 23. Август 2024 година – Гадоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски денеска одржа свечен прием во својот кабинет за Михаела Павловска, македонска олимпијка и гордост на нашата општина, која успешно ја претставуваше Македонија на Олимпијадата по геонауки во Пекинг, Кина. На приемот, градоначалникот Димчо Атанасовски лично ѝ честиташе на Михаела за нејзиниот извонреден успех и посветеност во полето на геонауките. Тој истакна дека ваквите достигнувања не само што го промовираат образованието и науката, туку и придонесуваат кон градењето на позитивен имиџ на нашата општина и држава…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска се сеќаваме на Вера Јоциќ чија храброст е воспеана во една од најубавите песни на Ацо Шопов „Очи“ Оваа година се навршуваат 101 година од раѓањето на Вера Јоциќ, истакнат македонски и југословенски првоборец, која со својата непоколеблива решителност остави длабока трага во историјата на Антифашистичката борба. Родена на 21 август 1923 година во Сингелиќ, Скопско, Вера уште како гимназијалка активно се вклучи во народноослободителното движење, станувајќи членка на СКОЈ и учесник во борбите против окупаторските сили. По Априлската војна во 1941 година, нејзиното семејство се преселило во Србија, каде што Вера заедно со своите сестри се приклучила на…

ПОВЕЌЕ ...

Се продава парцела во Ѓурѓина ливада, село Тодоровци погодна за изградба на викендица или објект за домување. Парцелата е со површина од 1100 м2 и има пристап на локален асфалтен пат. Има можност за приклучување кон системот за електрична енергија, како и кон канализациониот и водоводниот систем од населбата. Цена 12 евра за 1м2, со можност за договор. Повеќе информации на телефонскиот број 070 904 828

ПОВЕЌЕ ...

Поради зголемен обем на работа Ресторан Филитеа Штип има потреба од готвач, помошник готвач и мајстор за пица и пастрамајлија. Од Филитеа, како водечки ланец на ресторани во источниот дел на Македонија наведуваат, дека за овие работни позиции, задолжително е претходно работно искуство. Контакт телефон за подетални информации: 070 356 623

ПОВЕЌЕ ...

Се продава плац од 700m2 на улица Даме Груев во Суво Маало, Македонска Каменица. Плацот е со чист имотен лист и можност за поврзување кон водоводен и канализационен систем, како и кон системот за напојување со електрична енергија. Цена по договор. Повеќе информации можете да добиете на телефонскиот број +389 78 588 606

ПОВЕЌЕ ...

Прва самостојна изложба на нашата Анастасија Стоименовска – млад ликовен уметник од Македонска Каменица В среда, со почеток од 12 часот во Домот на култура во Македонска Каменица, ќе се одржи првата самостојна изложба на ликовни дела од Анастасија Стоименовска – млада и перспективна ликовна уметничка од Македонска Каменица. – Со големо задоволство ве поканувам на мојата прва изложба. Ќе ми биде мило ако вие и вашите пријатели ме почестите со вашето присуство. Ќе имате можност да ги видите моите последни дела, инспирирани од човековите емоции, – вели младата Анастасија С. Од помагателите во организирањето на оваа ликовна изложба, Културно…

ПОВЕЌЕ ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 август. Денеска е Преображение Господово. Празникот Преображение по својата смисла и значење за човечкиот род е еден од централните христијански празници. Се базира на настанот на Христовото преобразување, т.е. покажување на неговата божественост пред најблиските ученици Петар, Јаков и Јован на Таворската Гора кратко време пред неговото страдање во Ерусалим. Важноста на овој настан за човечкиот род е одлично искажана во зборовите што апостол Петар ги кажува во некакво изумување, а кои сведочат за значењето на непосредниот однос на човекот со Бога. Тие зборови се: Господи, добро ни е овде. Во…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска, недела 18. Август, 8-ма по Педесетница, на претпразненство од ,,Свето Преображение’’, св. мч. Евсигниј, Епископот Делчевско-каменички г. Марко, чиноначалствуваше на Светата Божествена Литургија во храмот ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица. На Литургија му сослужуваа повеќе свештенослужители. По читањето на Светото Евангелие Епископот одржа пригодна беседа, а при тоа не испушти, да нагласи дека верниот народ постојано треба активно да земе учество во Светата Литургија. За време на Литургијата верниот народ ги прими Светите Божествените Дарови.

ПОВЕЌЕ ...