Македонска Каменица, 31. Јануари 2025 година – Во организација на пчеларското здружение „Еко Кам Мед“ – Македонска Каменица, вчера се одржа предавање на тема „Економските предизвици поврзани со измамите со мед, како и за змиските загуби на плечни семејства. Преавањата се одржаа во Домот на култура, каде пред присутните пчелари се обрати и градоначалникот Димчо Атанасовски.
Градоначалникот го посети и кабинетот по пчеларство на Еко Кам Мед, каде што од досегашниот преседател, Боге Јанковски и Јован Велиновски, како нов претседател на пчеларското здружение во Македонска каменица беше запознаен со новите апарати набавени за потреби пчеларите со поддршка од општината.
– Оваа инвестиција е значаен чекор кон унапредување на пчеларството во нашиот регион. Јас како градоначалник и Општина Македонска Каменица, ќе продолжиме да ги поддржуваме ваквите иницијативи кои што придонесуваат за развојот на локалната економија и унапредување на пчеларската дејност – истакна градоначалникот Димчо Атанасовски пред присутните пчелари
Стручните предавања за каменичките пчелари беа одржани од Томе Несторовски, аналитичар на Факултетот за ветеринарна медицина, и Александар Узинов, професор на Факултетот за земјоделски науки и храна, кои говореа за економските предизвици поврзани со измамите со мед, како и за зимските загуби на пчелни семејства.







