Пчеларското здружение „Еко Кам Мед“ во Македонска Каменица организира стручна презентација за квалитетот на медот
Пчеларското здружение „Еко Кам Мед“ од Македонска Каменица ги информира сите пчелари од регионот и потрошувачите на пчелни производи дека во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје организира стручна презентација на тема:
„Економските предизвици од измамите со мед и зимските загуби на пчелни семејства како закана за квалитетот на медот во Република Македонија“.
Настанот ќе се одржи на 30 јануари 2025 година (четврток) со почеток во 17:30 часот во Домот на културата во Македонска Каменица.

Тема и содржина на презентацијата
Главниот фокус ќе биде насочен кон актуелните предизвици во пчеларството, со акцент на измамите со мед и загубите на пчелните семејства во зимскиот период.
Презентацијата ќе опфати:
- Медот како предмет на фалсификација на глобално ниво – увоз и производство.
- Состојбата во Република Македонија и најчестите измами на домашниот пазар.
- Правилникот за анализа на квалитетот на медот – што опфаќа и кои се неговите недостатоци.
- Преглед на состојбата во земјата во последните пет години (2020-2024).
- Презентација на анкетата за зимските загуби на пчелни семејства.
Предавањето ќе го одржи м-р Томе Несторовски од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје и проф. д-р Александар Узунов.
Настанот се реализира со поддршка од градоначалникот Димчо Атанасовски и општина Македонска Каменица. Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани да присуствуваат и да се информираат за најновите сознанија и предизвици во областа на пчеларството.

