Author: Media Point

Maкедонската фудбалска репрезентација не успеа да слави победа и одигра само 1:1 на гостувањето кај Фарски Острови. Од самиот почетокот не тргнавме добро и домаќините поведоа со голот од пенал на дефанзивецот Давидсен. Имавме голема прилика преку Чурлинов да израмниме во 19. минута кога го помина и противничкиот голман, но беше изблокиран од противничките дефанзивци. На пауза домашната селекција замина со предност. До израмнување стигнавме на стартот од вториот дел кога сега ние добивме пенал, а во гол го претвори Барди. До крјот бевме подобра селекција на теренот, создавоме неколку одлични прилики, а најголемата ја пропушти Ќамили. За три дена…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 06 Септември 2024 година – Денеска во Дом на култура во Македонска Каменица беше реализирана редовна крводарителска акција во организација на Општинската организација на Црвен Крст – Делчево. На септемвриската крводарителска акција беа собрани 26 крвни единици. Од Општинската организација на Црвениот Крст – Делчево упатуваат благодарност до сите хумани граѓани кои даруваа крв и придонесоа за спасување на нечиј живот.

ПОВЕЌЕ ...

ЈП Камена Река упатува Известување до станарите во колективните живеалишта во Македонска Каменица, дека започнува редовното чистење на оџаците во станбените објекти. Известувањето од ЈП Камена Река ви го пренесуваме во целост: ЈП Камена река М.Каменица Ве известува дека ќе започне со чистење на оџаците по колективните станбени згради почнувајќи од 16.09.2024 година (понеделник). Доколку станарите на некоја од зградите не сакаат да се изврши чистење на оџаците, претставник од зградата треба да го извести јавното претпријатие најдоцна до 13.09.2024 година . Истовремено ги замолуваме станарите, за време на чистењето на оџаците да не ги палат печките за греење. Корисниците…

ПОВЕЌЕ ...

Од вкупно предвидените 250 милиони евра за капитални проекти, со сега распишаниот повик на располагање на општините до крајот на годинава се ставаат шест милијарди денари, односно речиси 100 милиони евра Најавуваниот проект со кој Владата ќе им додели 250 милиони евра на општините во државата за спроведување на инфраструктурни и капитални проекти денеска и официјално го презентираа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински. Златко Перински, министер за локална самоуправа / Фото: Влада Општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје може да аплицираат на отворениот јавен повик за доделување на средствата врз основа на претходно…

ПОВЕЌЕ ...

Летото 2024 година втора година по ред соборува глобални топлински рекорди, поради што најверојатно ќе биде најжешкото досега, објави денеска Европската служба за климатски промени „Коперник“ (C3S). „Коперник“ почнал да ги снима временските услови во 1940 година, а тие датотеки ги користеле научниците за да потврдат дека летото на северната хемисфера – од јуни до август, било најтопло од прединдустрискиот период во 1850 година. „Во текот на изминатите три месеци, светот се соочи со најтоплите јуни и август, најтоплиот ден во историјата и најжешкото бореално лето“, рече заменик директорот на C3S, Саманта Бургес. Таа истакна дека екстремните временски услови ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Често слушаме за важноста од додавање на масна риба, брокула и вистинско маслиново масло во вашата исхрана, но има и намирници за кои повеќето луѓе не знаат дека се исто така здрави. Ендокринологот Кетрин Јанг откри која храна може да го подобри здравјето, но за која ретко се зборува. Според лекарите, на листата се наоѓа и црницата која содржи антиоксиданс ресвератрол кој може да го забави стареењето. Јаткастите плодови, особено макадамијата, се извор на здрави масти кои играат важна улога во формирањето на клеточните мембрани. Циметот помага во регулирање на нивото на гликоза во крвта и ја намалува желбата за…

ПОВЕЌЕ ...

Како што информираат од УХМР, времето денеска се очекува да биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град. Минималните утрински температури ќе се движат од 11 во Берово до 20 во Гевгелија, а максималните дневни од 26 во Маврово и 36 Целзиусови степени во Скопје и Гевгелија.

ПОВЕЌЕ ...

За силна економија, образованието е клучно – треба да создаде кадри со знаења Ако сакаме поголем економски раст, потребни ни се иновации кои генерираат поголема додадена вредност, а и претприемнички дух за да можат иновациите да се комерцијализираат. А тие треба да бидат од областа на технологијата, потребни се технолошки иновации, а за да се случат,  потребно е големо знаење од областа на природните науки, математика, физика, хемија, информатика. Од друга страна, пак, потребни се извонредни кадри и во медицината и во општествените науки. За да е животот на сите граѓани во општеството поквалитетен и посодржаен, потребни се и доктори,…

ПОВЕЌЕ ...

Брзиот напредок на новите технологии како што се вештачката интелигенција и податоците се предвидува дека ќе донесе сеизмички промени на пазарот на трудот Пазарот на труд се менува побрзо од кога било и многу работни места кои постојат денес наскоро ќе исчезнат. Една неодамнешна студија на Светскиот економски форум укажува на две главни причини за претстојните промени: нови технологии и автоматизација и транзиција кон зелен бизнис и одржливост. Брзиот напредок во новите технологии како што се големите и сложени збирки на податоци каде што традиционалните апликации за обработка на податоци не се применливи, облак компјутерите и вештачката интелигенција се предвидува…

ПОВЕЌЕ ...

Храната која предизвикува воспаление често е богата со рафинирани шеќери, нездрави масти и преработени состојки и може негативно да влијае на здравјето на цревата. Кога се консумира редовно, оваа храна може да предизвика воспаление во дигестивниот тракт, што доведува до непријатност, надуеност и нерамнотежа во микробиомот на цревата. Со текот на времето, ова воспаление може да придонесе за посериозни дигестивни проблеми. Замрзнати пилешки крилца Иако се исклучително вкусни, адитивите, конзервансите и недостатокот на влакна во замрзнатите пилешки крилца може негативно да влијаат на микробиомот на цревата. Здравиот микробиом на цревата е од суштинско значење за правилно варење, апсорпција на хранливи…

ПОВЕЌЕ ...