Општинската изборна комисија Македонска Каменица ја објави утврдената листа на кандидати за градоначалник
Македонска Каменица, 26 септември 2025 година – Врз основа на член 69 од Изборниот законик, Општинската изборна комисија Македонска Каменица денеска ја објави утврдената единствена листа на кандидати за градоначалник на Општина Македонска Каменица.
Утврдени кандидати за градоначалник на Општина Македонска Каменица според редниот број на гласачкото ливче на Локалните избори 2025 година се:
5. Соња Стаменкова – „Коалиција за локални избори 2025 година“ предводена од СДСМ
9. Димчо Атанасовски – Коалиција „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ
61. Миран Митревски – Независен кандидат поддржан од група избирачи
119. Слободан Велиновски – Независен кандидат поддржан од група избирачи
Изборната кампања за локалните избори започнува на 29 септември, а првиот изборен круг е закажан за 19 октомври 2025 година.
За денеска, 26 септември, со почеток во 14:00 часот, е закажано потпишување на Кодексот за фер и демократски избори од страна на кандидатите за градоначалници, во просториите на Општинската изборна комисија Македонска Каменица.

