Заменик министерот Велковски и градоначалникот Атанасовски во посета на детската градинка Бамби и Дневниот центар за лица со посебни потреби
Македонска Каменица, 18. Септември 2025 година – Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, заедно со градоначалникот Димчо Атанасовски, денеска ја посетија Дневниот центар за лица со посебни потреби и детската градинка „Бамби“ во Македонска Каменица.

„Средбата со корисниците и вработените ми ја потврди важноста на нашата мисија – создавање општество во кое сите се вклучени и добиваат поддршка“, истакна Велковски, додавајќи дека Министерството работи на унапредување на условите во дневните центри и детските градинки, обезбедување поголема стручна поддршка и реални можности за достоинствен и независен живот на сите граѓани.

Градоначалникот Атанасовски истакна дека посетата е можност за подобро запознавање со потребите на корисниците и децата, како и со секојдневната работа на вработените. „Општината ќе продолжи со вложувања за подобрување на условите во установите, а во соработка со Министерството ќе обезбедиме уште повеќе можности за квалитетен и достоинствен живот на граѓаните“, додаде тој.


